За жал , политиката е премногу навлезена во армиските редови , па наместо љубовта кон државата да им е мотивација на војниците , тие меѓусебно се кодошат кај " партиските полтрони" на повисоки функции . Се додека тоа не се искорени за навек , новите генерации ќе ни бидат вакви какви што се .
можеби да, и тоа еднакво и за мажи (8 недели) и за жени (6 недели). иако, нема пати за болниците кои се во распад, камоли за војска хранење.
Во Хрватска од 1 Јануари се враќа задолжителен воен рок (3 месеци). Хрватска е членка на Нато. Гледам сега репортажа на Канал 5 дали и во Македонија да се врател воениот рок. Па и дека ова прашање се разгледувало и по другите држави. Си размислувам, да не спремаат отварање на воени жаришта и на балканов, па затоа регрутираат бесплатна воена сила. Уште тоа ни треба. Кај ништо не им овозможуваат на младиве, ни квалитетно образование, ни здравство, ни иднина, па сега уште и да гинат за некои нивни изрежирани војни.
За што да се врати? Ако е за да ги пуштат после да гинат децата за некој стар богат дедо да си ужива во фотелја, тогаш не. Ако е за да ги научат на ред, пак не. Гледам тие шо оделе во војска, колку знаат едно јадење да си направат.
Ако го вратат, ќе протестирам и ќе гледам никој да не оди. За која држава? За државата која не може две спомен плочи да направи на своите професионални војници од конфликтот од 2001? За државата во која професионалните војници уште ги покриваме со ќебињата од ЈНА? Дај не се трескајте.
Веќе почна и Нато членки да го враќаат задолжителниот воен рок,време е и Македонија да го врати и тоа 6 месеци за мажи и 3 месеци за жени.
Зошто? Што ќе учиме? Како се мести кревет? Како се стануе у 5? Чистење компири? А не извини, како се работи со оружје и опрема. Па ја на пола од државава не би им дал чечкалица да држат у рака па камо ли пушка. Пак ќе прашам зошто?
Бумерите најмногу навиваат за враќање на воен рок. Истите тие кои го служеле и во 2001-ва кога беше конфликтот, се криеа по дома, кршеа раце, прсти, нозе за да не учествуваат во истиот. Да пукне една војна, ќе фаќаат врски за да ги направат синовите и внуците трајно неспособни и ќе ги кријат под сукњи.
Да. Да има некаде шанса за доброволна обука за ракување со оружје, јас би одела со задоволство. @FriendOfDorothy се сложувам со тебе. Мој сосед во 2001 година си имаше врски и предвреме си извади лекарско дека не е ок со здравје, да не случајно го регрутираат. Некои на форумов уште веруваат имало илјадници доброволци 2001 година.
Ххахаха. Ти си една од најпозитивните на форумов, ме засмеваш редовно. Тие што си фаќаа работи со нив, после и ги пукаа.
Какви времиња доаѓаат, не е лошо некоја основна кратка обука сите да поминеме... А за воен рок не сум... Прво, каде? Па со што? После, за кого? Али коа ќе ти дојде тртката на газот, добро е да имаш барем основни познавања...
Нека воведат во Америка задолжителен воен рок да ги видам, бесплатно да им служат младите таму во армија. Нема шанси. Ама затоа по балканскиве земји ќе воведуваат задолжителни рокови, и утре ќе ги праќаат на украински фронт да се тепаат за амерички интереси. Ем да им плаќаме 2% од буџетот, ем да гинеме за нив. Многу бе паметни тие. И јас бев порано за служење воен рок, за да се ојачаат машките, да се научат на ред и дисциплина. Ама кога видов каква е меѓународната политика и северџанскава вазална позиција, не повеќе.
Затоа постојат лекарски прегледи каде се утврдува дали е некој способен да држи пушка или не е.Може да има обуки како на пример да се справуваат при пожари,природни катастрофи итн итн, немора да учат само у 5 да стануваат и да местат кревети.
Надвор од Скопје јас не знам, не сум чула дали има стерлиште каде може да те научат да ракуваш со оружје. Мислам дека нема. Сега имам некои други животни обврски, приоритети, инаку, да сум во Скопје, сама ќе појдам да учам. За тебе е тоа лично. Можеш да си извадиш пиштол со дозвола и ќе си побезбеден дома, ако знаат дека имаш оружје, никој нема да се осуди да ти влезе дома. Замислете дека утре избива војна, ако има пиштол со дозвола дома, ако знаеш да ракуваш ама ич нема да ти е исто како тој со голи раце. И познавање на оружје не е за НАТО, Украина, не знам што, еве тука на форумов една жена пишуваше дека одела да пукаат со мажот. Сигурно не се спрема за во Украина.
Јас ги знам сите приказни од тоа време за моите вујковци и чичковци. Се тепаа за да бидат на места каде дури лисици не минуваа. Имам и познаник кој беше во специјална воена единица тогаш, он ,,скрши" прсти, да го видиш какво мажиште е денес, филмотници.
Тање, во помалите места ако научат дека имаш пиштол дома, ќе ти влезат за да го украдат. До толку сме сиромашни.
Воен рок, за што сега? За некој друг да ја прави валканата работа на НАТОвци и да гине по туѓи фронтови?
Пред некој месец бев да разгледувам воздушни пушки, ама ја немаше таа што ја барав. А другите не ми беа нешто кој знае што, па уште и скапи. И дознав дека во нашава држава дури и за стрела ти треба дозвола. За стрела бе еј! Од една обична скија можеш да направиш стрела, нашава држава дозвола за тоа ти бара. Иначе пиштол дома мора во сеф да се чува.