Тие што сте да се врати, едно прашање: Би пратиле утре свое дете да гине у војна? Јаки сте со ова дисциплинава све дур не ве погоди реалноста дека ги спремаат за да одат во смрт ама океј.
Не еве не знам кој нормален од тука ќе си го прати намерно детето, братот, дечкото, мажот у војна место да го фати за рака и да спасуваат жива глава. Крај крајова, животозагрозувачки ситуации и пожари (ако збориме кај нас) се многу почести и посекојдневни од војна па да ме утепаш ако овие провојска знаат сите прва помош или зашто мал пожар од зејтин не се гасне со вода.
Лично за мене, да, ми фали воен рок, дисциплина, обука за оружје...Доколку утре се случи нешто во државава би ја бранел.Има војни на Истокот од Европа и добро е да имаме бар некое мало познавање од воен рок.
Не, не оправдувам милитаризам. Во Америките нема ни бесплатен ручек, а не па бесплатно ќе служеле воен рок. Нека им го накалемат тоа има да излезат на улици се да дигнат во вис. Не ќутат и трпат Америте за ништо што не им одговара. Сакав да се надоврзам само за она дека си мислел во војска се учи за ред и дисциплина. Не е баш така, тоа првенствено се учи од дoма, па во образовните институции, ама како е реално гледаме сите по младинава. Затоа можеби се прибегнува кон враќање на воен рок, дека рзмислуваат повеќево вака како тебе за редот и дисциплината. Ама немој така за нив..па тоа беа борците за слобода.
Поддршка да се врати воениот рок за машките деца да станат мажи, ова сега најголем дел се толку распрдени што незнаат ни гзот да си го избришат.
Имам родител шо беше 2001 и јас бев дете и не сфаќав дека можам да го загубам. После, непосредно пред пензија 2015 се плашев да не ескалира нешто и да го изгубам. Нема реалност кај шо сум океј да се плашам да изгубам драга личност за конфликт или војна. Ако брат ми решеше да продолжи по стапките на татко ми јас ќе се мрднев. Задолжителна војска за да научеле ред и дисциплина, и да не се облеквале во Зара (lol), е нешто шо се учи дома (за првото) и ако потфрлите во то вие сте проблемот, а второто е нешто шо премногу гледате во туѓ двор место во својот. Сите шо ги знам шо служеле војска не се некој пример за луѓе кои се многу дисциплинирани туку кои само имат его комплекс дека биле војска и ни трага од то шо научиле таму. И полошо, тие кои биле инволвирани во војни и конфликти се луѓе кои вервам дека им требала психолошка поддршка и не ја добиле па станале само напаст за околината. Убо рекоја горе, војска е спремање за смрт а не летен камп.
Газ не знаат да си избришат затоа што мајките им го бришат до 9-10 години. Ред, дисциплина и навики се создават од ден први дома од родителите.
Како е пишано, така и ќе биде. А што да каже народот од Украина или Русија?Или од Израел, Палестина, земјите во Блиски Исток?Тие што мора во војна да одат?Секако не е за оправдување, но некој мора да ја брани земјата.
А, бе колку пати треба да ви се каже? Имаме приватни војници. Секоја година потсетуваат дека бараат и нови кандидати. Кој сака нека се пријави кога ќе има можност. Но, не е во ред државата да ги присилува луѓето да служат. Ние младите сме поболни генерации од претходните. И повеќето сме против војување со крв. Зошто сме против? Затоа што знаеме што им направи служењето на тие генерации. Ги одведе во гробови, Идризово или Бардовци. А и тие што не се пореметиле во конфликт сепак завршиле на тие места. Војската не те учи на ред. Еве и од приватните војници познавам неуредни мрзетини. Дома им е како бомба да паднала. Потсетување. Дури и за приватните војници не сакам да гинат за други држави. Единствено да бидат спремни на жртвување за нашата. Ако некогаш имате прилика, прашајте родители кои изгубија деца и деца кои изгубија родители поради сегашниве војни што мислат за задолжителен воен рок и мобилизација после ваква болна загуба. Можеби не сите, но сигурно повеќето ќе ви речат дека повеќе не го поддржуваат тоа.
Vo vojna i civili ginat i se vo opasnost rabotata e do vojna da ne dojde nikogas nikade za sega za profesionalni vojnici znaeme site kako e bez partija i vrski nema nikad da stanes koj probal znae i od kade deka tie sto sluzele voen rok zavrsile vo bardovci i idrizovo pa skoro site nasi predci sluzele vojska i nikoj nikade ne zavrsil od toa sto bil u vojska vtoro sluzenjeto moze da bide i vo civilka ako nekoj nekje da drzi oruzje i slicno
Знаете како, јас сметам дека морална и етичка одговорност е на секој еден да си ја брани државата кога мора, оти ние сме државата... Иначе, да ја не живеам веќе у Мк, али би сакала моето семејство да може да си помогне колку толку, па и јас тука сум запознаена со основни ствари, никад не се знае утре што ќе се деси, така? Значи сите треба да знаеме да ракуваме оружје, да знаеме Морзеова, да палиме оган, да најдеме и изградиме засолниште, да знаеме кои печурки се јадат еднаш, а кои два пати, да правиме стапици и радио од две жици, компас со игла и вода, и тако даље. Од тој поглед, сум за обавезителна обука, затоа што на крају краева, ако се деси рат, окупација, никој нема да те праша дали сакаш жива глава да спасиш, нит па ќе ти се најави па да имаш време да закажеш лет на ВизАир па да пребегаш... Значи не толку романтично ко на филмчиња. Е сеа што нашиве војници јадат леб и сол, носат цепани кондури и спијат на ученички столчиња, што нашите полицајци прават факинг патрола ПЕШ, или што резервистите освен пари, опрема и амерички прехрамбени рации не добија ништо, океј освен едена мочана потврда демек ратовале, кој никој никаде не ја прифаќа, а газот да си го избришеш со неа ќе си го раскрвариш. Али, ко што рековте многу погоре, за која ебана држава? Сепак, да ја биваше, многу и ќе бараа сами да одат, ако тоа се рачунаше ко некоја чест и привилегија за вукојебинава.. Ма да можда и ние сме криви, што не знаеме на фрацуски или германски да протестираме, па сега ни е предоцна оти терористи, вахабии и муџахедини се накотија у Влада, војска и полиција...
Па да се обучиш утре да се спасуваш себе и фамилијата, ако дојде нож до коска е едно. Да те обучуваат утре таа фамилија да си ја оставиш на цедило и да идеш да браниш политичари кои после истите тие што ја отпочнале војната ќе ги седнат на власт, е друго. Апсолутно сум за првото секој да знае основни преживувачки вештини и поздрав до овие што би ги праќале мажињата во војска, ама они пискаат од една бубашваба дома. Али реалноста е дека државата нема да те спрема и да троши ресурси и финансии ако нема корист од тоа.
Е како така сите што служеле војска ги смести во Бардовци, Идризово и в гроб. Па нашите родители служеле воен рок и татко ти служел војска веројатно, па не ги гледам сместени таму. Не можеш да генерализираш, Последните генераци што служеле војска колку сега имаат околу 45 год (не сум сигурна онака пишав) но гледам друга слика околу мене различна од твојата. Токму младите секој втор е анксиозен, депресивен, не знае со себе што да прави, дрога ретко кој не пробал и чека од мама и тато со ретки исклучоци, Никој нормален не сака да гине, крв да гледа но во општество каде едно дете има повеќе моќ од наставник , учител, никаков авторитет да се нема кон нив, каде родителите трчат оценки да средат, каде јавно плачат дури и јавни личности, мислам дека и таа Турунџиева имаше пишано како можеле да му остават 3 а сите други 5-ки биле? Џабе им факултет,џабе им се кога по завршување 90посто од нив ништо не знаат. пак оние што во Идризово и Бардовци ги прати работат и за нив. Или само една мисла имаат на ум да заминат странство ко да таму без рмбањр пари од небо паѓаат. А ко ке иде таму уште поразочаран очекува директор да го стават а заврши чистејќи одводи и градежништво или келнер? Ретки се тие што ке успеат, и тука би биле успешни. Тоа е и нормално не секој ке биде успешен и богат, но и тоа богатство ништо не значи и тие се исто ко и нас со свои проблеми. А за некои проблеми и сите пари на светот да ги имаат пак нема излез. Сите вредности се изместени. Општество лудило.
Почна со крв, заврши со 5ки во школо? Што воопшто сакаш да кажеш? Никогаш нема да ми биде јасно романтизирање на војна, војски и некои вредности што произлегуваат од целата таа пропаганда кои демек треба да се идеалот кој им фали на новите генерации. Никогаш нема да сфатам ова ставање на пиедестал на нешто кое води кон смрт и уништување.