Aко некој реши да ја нападне државата нема некоја членка да ја праша дали сака војна и дали за неа е доста од крв? Сетете се на Диво насеље, лесно можеше да прерасне во војна. Во војни гинат и цивили оти тие не ни можат да се бранат. За држава како Македонија никоја мајка веќе не треба да праќа дете во војна. Ако утре сакаат војна, ете им, нека си ги земат парцелите што ги купиле и среќен пат. Што ќе браниш? Продадени и лакоми задници? Не. Да те пцујат после, да те спорат? Не. За себе вреди да се обучиш, не за некој друг, оти тој друг секако ќе те насанка. Или сите или некој. Да војуваа овдека и професионален војник и селанец и пратеник и пејач и глумец, да речам, Да, ова е сложен народ, вака не. Гледам во Израел и Украина и јавни личности изгинаа и тоа доста. И светски шампион боксер и обичен граѓанин заедно, а вака да гинат само сиромашни, друг да пие кафе, не.
Tokmu ona sto го избегна да цитираш, нашите родители служеле воен рок па не се во Бардовци и Идризово, стекнале некоја вештина да наречам преку обуката служење војска, не сите биле обучени да идат "гради в гради " со пушка, но строго било, и сметам дека сепак стекнале некое искуство и пријатели за цел живот. И ретко кој уште на млади години едвај средно завршил а веке е депресивен и анксиозен и на терапија А што имаме денес ? Млади луѓе кои немаат со кој два збора да разменат, без пријатели, депресивни и очајни и оние другите што ги нарекувам смути генерација И не самиот чин служење воен рок не води кон смрт и уништување туку војните, лакомоста да се грабаат туѓи територии заради ресурси кои тие ги немаат и сл , но тоа е др тема. С од цитираното како воопшто очекуваш утре такво дете фамилија да гледа, имав еден таков лигуш и никогаш повеќе. Не з'ш татко му избегнал воен рок правејќи се мутав а може и токму тоа е.
А зошто мора служењето воен рок да поврзеш одма до војна? Во војна нека идат платените војници, специјални единици и полиција , а во случај на војна овие би имале бар некое познавање за цивилна заштита з'ш и цивили гинат не само војници.
А зашто не ми одговори на прашањето? Сакаш утре твој близок да иде да се бори или не? Не идат само платените војници патем. Мало сутра дека државата ќе те припрема за твоја лична корист, а не за корист на дебелите задници во фотељи.
Ако иде и биде платен војник некоја специјална единица и сл Да, тоа ке и биде работа, ми одговарало мене или не тој нејзин избор, но за неа би бил обврзувачки, но само одслужен воен рок од 3 месеци Не.
Воен рок постоел уште од дамнешна историа ви сите држави кои постоеле и постоиат.Не е божиа промисла воината но грешниот човек од побудата да ограби туго но и од потребата да си го одбани своето се групирал и действувал од самостоино до групно и на таа база се формирали држави а кога и тоа не е доволно ви разни соиузи алианси и слично.Значи логично е додека постои држава со свои ресурси да се брани од надворелни опасности по истите ресурси на било кои начини.Зошто ако постои дипломатиа на коиа преговорите и сплетните не и се доволни ви насока на напад или одбрана на ставови се посега воено.Затоа секци мора да биде спремен ви наимала рака да дава стража да даде глас за спас до воено да иуриша.Затоа воен рок не дали тук под хитно да се врати.
Да, треба да се врати под итно. Како за мажи, така и за жени. Затоа што веќе одамна се е излезено од колосек.
За мажи 9 месеци безусловно а за жени 3 месеци од кои првиот со мобилни а вториот со заеднички лаптоп за цел женски батальон а третиот само дежурниот на смотра да соипштува коиа добила лаикови но само под услов за успешно залагане во обуката.Колку за социалната транзициа подобро да се преброди.
Не треба да се врати, за кого да служиш? За која држава? За кои идеали? Резервистите дека погинаа 2001, некој им рече фала? Баш не, итоа полошо се случи, тие во земја а теростите во фотеља. За кого да гинам? За овие во Влада шо малце пари им се па крадат уште на големо? За терористите од УЧК кои во лице ни се потсмеваат и играат мајтап со државава? За Американските и НАТО интереси? Некој погоре спомнал зошто поврзува служење војска со војна. Затоа што, тој е што е обучен и служел војска утре ќе биде резервист, во резервен состав ако настани конфликт. 2001 резервниот состав (тие што служеле во војска) погинаа на Карпалак, итоа без борба. За човек да стекни дисциплина, навика, да се изгради себе си, да биди во колосек, не треба воен рок и со команда некој да ти кажи шо чини и не чини. Тоа е до човекот, до домашното воспитување и култура. Пример некој бил во војска, таму бил дисциплиниран под воена команда, си доаѓа дома пак по старо со старите навики.. На човек можеш да му земиш со сила ама да му дајш не. Од еднито влегува од другото излегува. Ако се пука, нека се пука. Нее проблем, ќе служам, но ако со мене заедно служи и син му на Мицкоски, Заев, Филипче, Џафрери, итн. А не некои "привелигирани" дечиња да си седат дома на топло зошто биле деца на функционери. Е така не бива. Ниту служам, ниту гинам за оваа држава. Еден млад живот иам, немам сто. Некогаш во ЈНА кога служеле наши дедовци, било чест и углед да служиш во таква војска зошто Југославија била трета сила во светот, имало идеал, светски политичари со став и чест како Јосип Броз кој поминал низ две светски војни, ранк Маршал, а не политичари од типот на Мице, Заев, Таче.
Затоа што 80% се со ова размислување, ете затоа државата ни е дојдена до ова дереџе на кое што сме сега. И бетер од ова заслужуваме. Човек што не си ја сака татковината, не е спремен да се бори за неговото парче земја, што треба да очекува повеќе и подобро? На страна и владата и власта, ние како народ сами си го дозволивме ова, и сега го сркаме тоа што и дел од нашите предци го дробеле, а и ние така поучени продолжуваме да дробиме во истата каша.
Возрасни луѓе шо бараат враќање на воен рок зашо нивните деца не знаеле што е дисциплина, потфрлиле како родители. Дома не ги научиле па сега државата ќе им ги исправа грешките. А за тоа дека цивили гинеле во војна па затоа требало воен рок да се служи, као нешто обуката ќе те заштити од граната или ракета или како?
Па нормално народот ќе биде со вакво размислување кога тие од врвот со нивните постапки му ја уништија вољата и чувствата на народот за државата, достинството на државата. Луѓето кои погинаа 2001 каде се сега а каде се терористите? Оти ти еве како поединец не крена галама против и да застанеше во одбрана на државните интереси? Зошто немаш моќ. Референдумот за името беше не успешен така? Тие пак го сменаа името, ни референдум ни ништо, зошто народот не се прашува. Татко ми е пензиониран полициски службеник, бранител во 2001, истата година сум роден и јас. Кои ќе беа последиците ако тој погинеше еве и мајка ми останеше самохрана мајка а јас без еден родител, како тоа ќе се одразеше врз неа и мене? На државата гајле и е за тебе. И после 23 години еве гледаме дека е така, дека на државата не и гајле за бранителите кои глава ставија и живот дадоја за терористите да си ги исполнат целите. Али Ахмети пукаше врз нас како народ, сега тој одлучува за законите, парите, правата, иднината на државава. Не велам да не се служи. Патриот сум, си ја сакам државата, ќе погинам ако треба. Но сакам да кажам дека други работи не чинат во државава наша зошто, Рибата од главата се смрдува. А главата се тие во фотеља, народот е безгласна буква, ќе гини, ќе трга маки и ќе гладува. Кога овие работи ќе се сменат, тогаш може да зборуваме за воен рок. Воен рок да служиш со чест има само во Турција, затоа и најбројна армија во Европа и НАТО Алијансата. Зошто луѓето таму гинат за татковината остајајќи ги личните интереси настрана а овде за пари ќе те продадат. Што да очекуваш од човек како Заев кој ќерка му, сопственото дете го нуди за остров во Грција? И ти викаш, воен рок. Запрашај се ти, да би имала дете или ако веќе имаш, дали би го пуштила и дали вреди да служи и утре погини во вакви околности и државнички вредности?
Кажете ми држава која е воено моќна ама има и одличен животен стандард, па пак одговорете на прашањето од темава
Не мора да е воено моќна од типот на Кина, САД, Русија, Англија, итн. Побитно мие кога државата ќе има достоинство, чест, углед кај останатите а не кој стигни да не омолажува. Еди Рама му вели на Таче "Future West Bulgaria" и овај нашиов се смеј како зелен. Артан Груби и терористите си играат кошарка, фудбал во државни институции кои се правени од потта и парите на народот. И ред други глупости што си ги дозволивме сами благодарение на политичариве наши кои виткаат кичма. Кога ќе ги решиме овие проблеми и изградиме барем некој углед колку толку, еве Словенија да ја земам за пример, тогаш може да се зборува за воен рок и други прашања. Ама словенците се критичарски народ, не мекушка како ние и политичари од типот на Таче, Мице, Заев итн.
Се согласувам. Да прашаш сега млад човек кои беа нашите бранители во 2001, скоро никој нема да знае да ти одговори. Ама затоа па, Али Ахмети сите го знаат. И за тоа само тие шо ја водат државата се криви.
Муабетот ми беше повеќе во контекст дека во држава која е воено моќна, обичното население живее сиромашно. Русија е да, светска сила, ама просечниот Русин живее слично ко просечниот Македонец. Оти голем дел од профитот иде за воена опрема. И поентата ми е дека и онака економски сме утепани, инфлација до небо, плати за преживување, уште сега да даваме пари на воена опрема и обуки.
И да и не. Обично воената индустрија во некои рамки е двигател на економијата на земјата. Затоа повеќето големи земји (шо имаат своја воена индустрија) си наоѓаат прокси војнички. И Русија има рекореден економски пораст годинава. Ама друга тема е све ова.
Не е муабетот само колку имаат пари, туку колку од тие пари се користат за подобрување на животниот стандард, а колку за воена опрема. Просечниот Русин е сиромашен, без разлика што имаат можеби јака економија. А ние немаме јака економија ни од старт, не па за вакви работи да фрламе пари.
Во војна цивили не гинат само од ракети, напротив се случувало сосед да го киднапира, мачи и убие соседот. Во Тетово имаше таков случај, почнува војна, Албанецот го киднапирал и убил соседот Македонец, и после по емисии таткото на Албанецот кажуваше дека син му имал дијабестес, немало шанси да киднапира некого. Нормално дека лаже. Луѓето од Непроштено да имаа дома пиштоли, макар и ловечки пушки, прашање е дали ќе беа убиени и до денес не се знае каде се телата. Па ако знаеш дека терористи дошле во соседното село и ти ќе гледаш да се заштитиш, поарно ти да го убиеш него отколку тој тебе. Не е тоа за државата, за себе е. Мавровските работници и кутрите луѓе разнесени во Бриони, ако имаа пиштол во раце, дали денес ќе беа сечени по грбот и силувани односно мртви? Знаеш дека те тераат да работиш во воена зона, знаеш дека не е 100% безбедно, ако имаш пиштол со дозвола, земи го со себе, се приближи ли некој сомнителен, не си со голи раце, ќе пукаш. Во Сараево Србин под закана со пиштол со месеци силувал сосетка Бошњакиња(таа роди дете, детето и странски ТВ го снимаа како е дојден на свет), друг Србин со закана со пиштол терал исто акушерка Бошњакиња дома да ја породи жена му, ако не, рекол ќе ја убие и жената молела Господ се да биде ок, да не лета глава. И затоа некои народи имаат две и пол држави, други држава плус република, трети држава плус некој кантон во соседна држава, ние ветер и магла. Ми стана смешно кога прочитав тука на форумот како машко кажува и жените да оделе во војска, демек сака да ги изгори жените, а себеси се жали. Така не бива ништо во животот, ако чекаш од жена, држава јака па ич.