Стојанче Ангелов го знаеме сите мислам и стари и млади.Бранителите што станаа јавни личности сите ги знаеме(овие во Собрание). Не верувам во друга држава, некој да ги знае своите бранители.Освен секако, ако следи такви вести, информации.
Воена обука не значи дека секој обучен после дома ќе има пиштол при рака за самоодбрана. Или треба да има? Па после ќе се чудиме и ние масовни убиства и пукање во училиште од каде хахах.
Ама ти очигледно не ме разбра што ти кажав. Се ти е на место што кажа, реалноста е таа во оваа држава, АМА најбитниот момент го пропушти. Затоа што е народот безгласна буква, затоа овие од врвот си прават како нив им одговара, затоа што пак народот е тој што ги назначил они да бидат на врвот и да донесуваат одлуки. Да бевме како народ по борбени, немаше да го дозволиме ова да се случува. Затоа кажав се сами што сме си дробеле, сами сркаме сега. Не се криви тие од врвот, ние како народ сме криви.
За да вршиш масовни убиства треба да имаш психички проблеми и оружје, само оружје не е доволно. Повеќето полицајци си имаат оружје со дозвола, па не гледам дека убиваат. Тетка ми живее скроз сама во соседна држава и чува кеш дома и сите знаат, и стара е, ама никој не помислува да влезе кај неа, има пиштол. Нашава држава нема ресурси за да организира некоја посериозна обука, тоа сигурно, ама еве нека пуштат секоја сабота да речеме, кој сака да оди во касарна да се обучува, ќе видите дека најмалку ќе одат од македонска националност. Ќе има изговори од типот „не сум јас за тоа“, „јјаја, па во Украина ли да ме тераат“, „па немам време“. Четата што упадна во Диво насеље беше поспремна од нашиве специјалци, едвај ги уапсија со 8 жртви и 37 повредени што е катастрофа. Што ако потраеше тоа 7 или 10 дена? Цивили немаше ли да изгинат мислите? Не е само Стојанче, знам 10 бранители со име и презиме да најбројам, а повеќето луѓе ни еден не знаат по име.
Тука има жени што не се Македонки на форумот и пишаа дека со мажите одат на Камник да пукаат. Тоа не е лошо.
Ние додека се смееме тука на форумот, и бистриме политики, други дејствуваат. Еве не знам дали знаете на секој објавен конкурс за доброволни војници се пријавуваат повеќе албанци, отколку македонци. И после ни ја земале државата, епа ќе ни ја земат.
Не треба да се брани оваа одвратна вукојебина. Оние кои сечеа по грб и силуваа бранители, убиваа и киднапираа цивили (некои од телата не се пронајдени), добија амнестија во 2011 во Собрание. Тогашното владејачко мнозинство (ВМРО и ДУИ) изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Македонци гласаа во интерес на УЧК, пошто ДУИ (УЧК) се заканија дека ќе ја напуштат владината коалиција доколку ова не се изгласа. Ете колку вределе жртвите за вукојебинава. УЧК од 2001-ва е напикана во сите институции (командант на УЧК стана претседател на Собрание), со секоја македонска партија беа на власт, нивните апетити беа се поголеми и добиваа се повеќе и повеќе (така е и денес). Слободно пријави се на некој конкурс. Утре твоите убијци ќе бидат амнестирани само за некој да остане на власт, ти ќе носиш некое име на улица, толку ќе вреди твојата жртва за државата.
На Фуркан му најдоа пиштол, секој петок одел на пукање, не е спорно, а македонските мажи се рангираат пониско од него? Веројатно да, штом им е смешно, тешко и строги се против каква било војска, обука. Џабе пишувате, за Македонија е веќе доцна, ама ете муабет да направиме. @FriendOfDorothy немој така ти се молам, не спомнувај ВМРО, наредба од горе, од Америка, морале да ги амнестираат, така се залажуваат вмровците, а во бомбите слушнавме како Гордана се договараше кој, како да гласа. Нема шанси некој Македонец да е крив за амнестијата, посебно не од ВМРО, тие се патриоти, од појаки сили било, морало.
Еве не знам другиве народи што се креваат, и почнуваат најпрво граѓанска војна, кога власта носи закони што им пречат. Кој стои позади нив?
Можда никој ама тука прајме муабет еден против друг народ. А тој другиот има грб од Америка, ако не и од ЕУ. Кај нас не е само власта против народот и толку туку еден народ против власт која брани друг народ кој има грб од светски сили. Еве дури и да дојде партија што е на наша страна, овие другиве додека не заколат све живо и диво, нема да се смират.
Општо правиме муабет моментално, состојбата на нашата држава е оваква само поради нас, затоа што ние тоа сме го дозволиле. Од оваа причина сметам дека треба да се врати задолжителен воен рок, баталете и дисциплина и ред и све. Ако ништо ќе се в'сади корен во секого да си го брани тоа што е негово, и по обединет народ ќе станеме, по борбен. Нема да има толку лиглиња како денешниве генерации. А за војна на еден народ против друг, тоа сите знаеме дека Америка како диктира цел свет така игра. Плус некој да реши нас да не нападне не му треба многу, како што немаме ни обучен кадар, ни па млади што сакаат да се борат, за еден ден ќе не решат по брза постапка, и тоа е жалното.
Не, треба да си луд денеска да одиш да гиниш во однапред смислени и изгенерирани војни од надворешни центри на моќ кои го одлучуваат текот и победникот во војната луѓето се само топовско месо во нивните геополитички сатански цели така да сум против задолжителен воен рок, а доброволна обука за ракување со оружје и лична самоодбрана е добредојдено и пожелно секој што сака да посетува
Нашите соседи дури и да немаат поддршка од големите сили пак ќе не играат како сакаат, тие се неколкупати побројни од нас, побогати, посложни, воено поспремни.
Ако постојано се жалиме дека друг е крив, дека ние сме скроз невини, значи ние не сме газди на ова парче земја, ќе испадне по таа логика дека сме гости, туристи. Само турист кој тука ќе помине не е крив за состојбите во Македонија, другите се и тоа многу. Ако државата е твоја, управувај ја, менувај ја, брани ја, гради ја, а ако ништо од ова не правиш, значи лажно се претставуваш дека имаш држава. На еден од тие екс ју форуми, Хрватите индиректно ги поддржуваат Албанците како ја зезнале Македонија во 2001 година, како тоа се инфилтирале во град Тетово голем како Карловац, и таму извесна СнежанаМк, Македонка им објаснува во стил „ако, ако, бранете ги, од нив Македонците не смееја дома да се вратат во селата“, и на тоа некој Хрват враќа во стил „Снежано се читаш ли мори што пишуваш, па имаш ли полиција во таа твоја држава, како тоа не смееле луѓето дома да си одат поради некои терористи?“. Е така размислува Хрват со повисоки критериуми за тоа што е држава. Немаш ли војска саглам, немаш ли полиција, па како се нарекуваш држава?
Баш. За секој промашај и неуспех, крив е западот, масоните, сатанистите, не мразат. Амнестијата ја гласаа вмровците за да си владеат уште неколку години, ДУИ ќе им излезеше од влада, купија уште 5 години власт, до 2016. Ти ќе бидеш само име на улица... Сакам едит опција по 24 часа.
Мое мислење е дека треба да се врати воениот рок, ама не сум ни тој што одлучува, ниту тој што ќе е засегнат од него, затоа мислам дека најдобро би било да се прашаат тие што би требале да одат во наредните 5 години барем. Не се мешам бидејќи не е моја работа, би дошло исто како некој 14 годишник да бара да се укине неделата како слободен ден. И нему можеби воениот рок му смета и му ги пореметува плановите кои ги има со години, а и мене (или ете некој друг бидејќи не работам за викенди) ми/му смета да се работи во недела.
Никој не сака војна, фала Богу, ама ако дојде до тоа и нема кој да војува и да излезе во одбрана, знаете што ќе биде? За тоа не размислувате, само дека не треба да се оди во војска.