Ама не, тоа никако не се размислува. Ќе им влезат дома ќе ги нападнат и овие нема да знаат како да се одбранат самите, а недај боже па да имаат фамилија и да треба да ја заштитат. Па реално и на темава мажите се најгласни дека не сакаат војска,за разлика од порано кога за еден маж било чест и гордост да има служено воен рок.
Порано маж што не служел војска го сметале за неспособен и имал потешкотии да најде жена, се сметало дека има некоја болест, некоја аномалија и слично. Маживе најгласни против одење во војска, а истите коментираат дека други се плашеле од војна.
Порано и жена која седела во кафана без маж ја сметале за распуштеница (до душа и денес има амеби со такви сфаќања). Порано за една жена било чест и гордост да биде само домаќинка, денес работите се сменети, жените се еманципирани. Звучите како конзервативни мажи кои сакаат да ве стрпаат во кујна.
Сега гледав на Евроњуз, како француската армија ги обучува Естонците за евентуална војна со Русија. Имаше и жени и тоа не баш млади што се обучуваа. Укажаа дека се мала нација и ако дојде до војна сите ќе мораат да се борат. Епа тие жени не се македонски мажи па да најдат изговор „абе што ќе ми“, „абе НАТО ќе ме брани“, и тие се во НАТО, па еве не оставаат на случајности. Затоа некои ќе ги биде, другите не.
Ооо да да да и тоа како. Денес жените се поголеми мажи од мажите. По способни се, издржливи, снаодливи, јаки и храбри.
Сум кажал и пак ке кажам обавезно задолжителна војска после средно матура година дена на челичене калене
Да, ама не да држат пушки таму, туку секој ден да готват, да мијат садови, да перат, да косат двор.... и обавезно да научат ѓубре да фрлат.
Не се секирај секој ден се пере чисти коси праи јадене риба вцинја и тн тн не е на летованје па да го прчи
Знаат не се секирај само да знаеш велат сеа ја не сум бил у војска не ме стигнало го укинаа Тој што се знаел у восјка го јадел а тој мутав шо се праел најубаво поминал и плус незнае јајце знае незнаел важно не е двоцефка
"Чекај синко јас ти одмарај". Имале мајки што ги разгалувале кога ќе се вратат од војска и се што е стекнато во војска сите навики се губат. И се учи дека жената е за да рмба низ дома а они да си го прчат! И после тешко на таа што ќе го земе!
Абе не се мажиме ние со двоцефките, со стрејтовите се мажиме, а за никој курац не се Двоцефките и чистат и јадење праат, се праат. Да ти е мерак дома да си имаш еден
Се спрема трета светска војна. На војувачите во фотељи ќе им биде потребна бесплатна војска на терен. Затоа многу држави веќе почнаа со подгревање на политичката атмосфера за враќање на воениот рок.
Е ова е вистината! Им треба топовско (или модерно дроновско) месо, а не се заинтересирани да вршат воспитување на мажиња! Војската е скапа играчка! Ем требаат пари за да се вежба војската, ем платата на војниците често е во крв! Вие што се залагате за задолжителна војска, отворете на телеграм да видите, како во Украина дроновите ги убиваат младите војничиња. Не мислите, дека такво војниче, кое било радоста на целото семејство утре може да биде и ваш син, брат, внук? Војската и војните крв носат, а не сапуници од прашоци за перење! Воспитувајте си ги синовите, а и ќерките, барајте си мажи со домаќински квалитети (каква побарувачка - таква понуда, така функционира пазарното општество), а не да се залагате за глупости воведување на воени рокови. Што не барате да се воведе ангарија, на пример за градење на патишта или за пошумување? Вие за крв жеднеете!
Јас сум за враќање. Се зачудив на интервју радном мажи што ги прашуваа дали се за или против, повеќето беа против, толку исплашени, испаничени, се чудам шо се се нарекува МАЖ во една држава. Ако сакаме да не биди, дефинитивно треба.
Го имам пишувано истово низ моите неомилени ама тековно активни теми околу војни, а и на оваа тема. Потполно се согласувам, еве се уште нека си мислат за воведување на воен рок било добро дека се превоспитувале и дисциплинирале.
Тогаш не треба ни да има војска,армија ни полиција ни ништо по таа логика. Сами ке се чуваменема јачи