Ќе не биди .. ако гинат за туѓи интереси ептен јаки мажи ќе се покажат. Оние у фотељите нека се кријат по бункери, нека си уживаат, деца млади да гинат, после мажишта хероишта ќе станат. Абе и ја вака размислував да ти кажам, баш вака, највише во однос на тоа воспитување и превоспитување, дисциплина, па и да почнат да развиваат патриотски чувства. Ама не е баш така. Само ќе ги искористат и толку ќе биде. Онака и све е испланирано одамна што и како ќе се одвива.
Работата е да се спречи да има војни, никој не добил ништо од војните, освен тие во фотелјите шо никад не служеле војска и имаат по неколку државјанства спремни за ако биде нешто први да бегаат.
Да се спречи, ама оружјето како ќе се произведува и троши волку? Како ќе се убиваат масовно луѓе, ќе ги чистат според нив не толку битните нации преку геноцид? Многу е поразително денес да не може мирно нешто да се реши, и војните најлесно решение да бидат. Гледаме дека на никој од нив не му одговара да има мир. А за обуки, за ракување со оружје и такви работи, скроз сум за. Ништо лошо не е ако се знае тоа.
Епа тоа е проблемот. Великаните, лидерите, тие во фотелји сакаат да се богатат со војните и оружјето, на нив тоа им одговара. А невиниот народ страда. На народот не му треба војни и војски.
Така е. Си мислат дека е исто ко шо ги праќале нашите татковци во Југославија. Дека ќе им се вратат за една година насмеани од шестка до шестка, со уз пут неколку собрани другари. Но ситуацијата денес е многу поинаква. Технологијата денес е многу, многу развиена. Само да го слушнеш звукот од дронот, на парчиња ќе те бараат после. Замислете да избие нешто слично кај нас како оние војни што се случуваат денес у светот. Како ќе се осеќате ваш маж, дечко, брат, татко, син го пратат и да не знаете дал воопшто ќе се врати или па ако се врати којзнае во каква состојба. Факт е дека фали мажественост, но тоа не се докажува со војска. Нефер игра е. Тие што бараат војна сами нека одат да војуваат.
Така е. Војната ќе биде исто како Зеленски шо направи, им забрани излез на сите мажи од земјата а он којзнае кај отиде да се крие за да си спаси газот.
Во платената војска и во полицијата никој на сила не го праќа! Значи одиш, ти даваат плата и привилегии! Војската оди вака, си имаш работа, си имаш фамилија, некој лудак како Путин или Зеленски му текнува, дека треба да војува те земаат за уши и те пикаат во ров. Од другиот табор некој војник го зема дронот го лета, те наоѓа, и те убива! Толку. Ти сакаш така да загинеш или така да загине твојот син, маж, брат, татко, внук? Јас не сакам таков крај! И тоа е мое право.
Не е само он, и сите ко него. Додека они стануваат се побогати, некој дома ќе се врати без раце и нозе. Ме вади од кожа ко ќе слушнам некој да каже "Гордост да умреш за својата земја". Тоа некогаш било. Во времето на Гоце. И не ме сфаќај погрешно, само почит имам за нашите луѓе што ја бранеле земјава. Сега се само еден куп сервирани лаги. Треба да си луд да мислиш дека можеш да победиш летечи дрон. Вие мужите што сакате да одите во војска денес, ако воопшто ве има, размислете два пати.
И јас неможам да го сфатам тоа гордост е да се умре за земјата. Каква гордост е тоа да одиш да се тепаш само заради тоа шо на некој му текнало така? Треба да си ептен шупљив мозок за те команда некој, да гинеш за туѓи интереси.
Ти зема да и објаснуваш Батали како пишала нема јачи Потполно се согласувам со сите мислења погоре. Затоа сум и против војни, ама некои други се за тоа, пишавте од кои причини и ете гледаме што се случува по рововите и со што се подмачкува таа воена индустрија, нажалост.
Тие жени што се ЗА воен рок, молим лепо да се вратите у кујна. Ако мажи се за у војска, и вие сте за у кујна.
Секако дека ќе се исплашени кога гледаме сите како ги собираат брутално по улиците во Украина и ги праќаат да гинат. По ден и пол едвај издржуваат на фронтот. 300.000 машки матуранти годинава ја напуштија Украина пред да наполнат 18 години. Кој е улав денес да си го жртвува животот за туѓи идеали и некој друг да се богати на нивен грб? Може да видиме како во Русија тие што биле во војска се сега резервисти и им иде покана за на фронт, на другите не, освен ако сакаат доброволно да одат како платеници. И така треба и да биде. Си има платена војска и кој сака да оди, може да оди, да служи, и да му се плаќа за тоа, а понатаму да е резервист. @Munchmallow20 , помина тоа дека жените се за во кујна. Сега е 21 век, не треба физичка сила, се има софистицирано оружје, и како мажите, така и жените можат и служат војска. Гледаме во Украина, сеуште како доброволци дека се борат жени, ама да згусти уште малку ќе почнат и нив да ги собираат по улиците.
Ма и ангарија и комунизам и све ќе бараме, само зависи каква реклама ќе пушти газдата, а јаничарите ќе речат ова е модерно сегде у свет, што сме ние помалку Па ти Адидас не си за воен рок уствари, ти сакаш камп за (пре)воспитување мажи. Ама оно и за жени било негде уствари.