Сите оние ствари што се набројаа дека се учат во војска. Чекајте да видам, ќе биде ли од мене војник без еден ден војска. Местам кревет, метам лисја. Чек! Кој патувал со изиџет знае како да се спакува „војничката„ а и да стане и функционира многу рано. Прва помош држев осум години сертификат на работа, дури ми покажаа како да користам дефибрилатор. Од волонтирање во извидници и јас научив да користам компас, и ден денес си го носам со мене кога го шетам кучето во ушумено непознато место. Пишете skydive на јутуб, илјадници видеа од луѓе кои не сме војска, за спорт и рекреација без да се мочаме во гаќи. За оружјето, со воздушна пушка имам стрелано во неподвижна мета, со лак и стрела исто, а за подвижна мета имам промашувано глинени гулаби. Друго, друго, ах, еднаш како помлада го истрчав(ок, изодив) маратонот во Лондон, ама за издржливост доста е и тоа. Неколку недели на карате, далеку од црн појас ама сум се учила колку толку да избегнам удар. И ако се овоа ме предаде и не ме спаси очи во очи со непријателот, имам план Б, да го збунам и додека е збунет јас да бегам(види спојлер), па не за џабе сум практикувала и други активности во слободно време. Спојлер
абе треба да има војста бе со се ова полицајтите бе дебељури и билдери земени од теретана ретки се оние полицајци кои знат со се
Дали треба да се врати воениот рок? Накратко, според мене - не! Зошто? Тнр. „цивилно служење на воениот рок“ постоеше во бившата ни Југославија и од него имаше разни придобивки - запознавање на други градови, пријателства и приказни од војничките денови, па и тоа основно ракување со оружје (за кое на темава повеќево се фатиле). Меѓутоа, кога „пукна“ работава во СФРЈ, а пукна од внатре, ни ЈНА ни целото „воено“ знаење што го научиле луѓево во војска не спречи да се случи тоа што се случи (можеби и баш тие основни познавања од војување што ги имаа допринесоа работите да ескалираат уште повеќе). А за жал ситуацијава кај нас денес е слична - дефакто живееме во федерална држава, да не речам држава у држава. И ако пукне работава, џабе ќе ни се сите воени обуки и тренинзи на светов да ги имаме. За да се спречат вакви ситуации во иднина (како оваа во Куманово, што и ја поттикна оваа тема), треба да се работи на други полиња - на поголемо единство и национална свест на сите малцинства и етнички заедници во Македонија, намалување на омразата и конечна примена во пракса на тој фамозен соживот. Ама, ова е веќе друга тема... Муабетов ми е, не треба да се обучиме поефикасно да се убиваме меѓу себе, туку да ги искорениме причините зошто воопшто сакаме да војуваме едни со други. Војните веќе не се како што беа за времето на Втората светска војна - денес све се сведува на тероризам и герилско војување. Од друга страна, нас и земјите како нас судбините ни ги кројат други, таканаречени „светски велесили“. Сетете се на исходот на конфликтот во 2001. Да речам и дека не сум против тоа војската да постои (потекнувам од семејство со традиција во професиналната војска), напротив, треба да се работи на модернизирање на нашиве вооружени сили (и војска и полиција). Ама сепак, дефинитивно војската не е за секој и треба да им се остави на професионалците. На крај, најсмешни ми се мислењата од типот - „Војска треба да постои, за да се научат мажите на ред и дисциплина“. Мал совет до сите сегашни и идни мајки и татковци - погодете што - синчето ваше треба вие дома да си го научите на ред и дисциплина, а не да чекате од други (градинки, школи, па и од војската). А ако некој смета дека треба да се служи, да ве информирам дека сеуште постои таква можност кај нас, на доброволна база, секако. И за мажи и за жени. Па повелете, распрашајте се и пријавете се.
Треба и тоа како,држава без војска не е држава...И мажите кои служеа порано војска од таја дисциплина таму создреваја подобро и побрзо отколку сега мое мислење...
Tie u spoljer mozat da drzat kalasnikov ? site se zreli a nemat ni T od testosteron. Koi karakteristiki go pravat mazot maz? Eta zatoa treba kvalitetna ,,vojska'' ili barem kvalitetno fizicko obrazovanie
Moe mislenje treba,segasnite deca bez navreda ama za takvi rab se mn prosti samo znaat da se opijanat i odma na tepacka,a nedaj boze da izbuvne vojna nema da znaat kako pistol da drzat a ne pak puska da sostavat pogreska nasite ke gi ispotepaat pozz
Не треба , само доброволно. Не секој има карактер или сака да има контакт со таква работа, не секој сака да држи пиштол, пушка или да се учи да пука. А тоа со ред и дисциплина се учи од други работи во животот. Од самото созревање одењето на школо, станување рано, учење , потоа одење на работа исто станување рано, изврушување на обврските , дома со деца носење на школо оброци и слично помагање низ дома, значи се друго ама одење во војска заради дисциплина од толку многу нивоа во животот кои ќе се поминат и ќе те научат да созрееш ми нема смисла.
Кога татко ми бил во војска, војнициве по цела година дома не се враќале, служеле надвор од државава, телефони немало, празник делник исто. Денеска војнициве ги носат во Велес некаде да служат мислам, дозволени се телефони со нив и редовно правење на селфи демек види ме војник сум... и за викенд/празници се враќаат дома. Мислам дека нема потреба од служење на воениот рок.
Дефинитивно треба да се врати војската најбрзо што може,зашто маживе почна да ги снемува,све се попедерчија.
потполно се согласувам со тебе, да треба да го вратат воениот рок да го дотераат овој машки свет на памет, а не како муви без глави се
А бе и да се врати бадијала треба да се смени нешто од корен, да да се врати воениот рок ама да ги вратат пензираните воени старешени затоа што сега со чесни исклучоци се е ова од мочка правено и обратно, отиде машкоста у ку„ац се е издепилирано, искурчено
Ме итересира машкиве што викаат дека треба да се врати воениот рок(не мислам на никој од форумов). Дали биле они во војска или само да се збори? Затоа што помадиве сите викаат треба треба, но никој не се осмели да отиде.
На времето кога се служело војска сериозно мислите дека сите момци биле хетеросексуални, или само добро се прекривале? И каква врска има војската со сексуалната ориентација? Ако е некој геј не значи дека е и феминизиран. Напротив, може десет пати да биде повеќе маж од некој што сака само жени. Вие па мислите дека "геј" тип под дифолт се распознава по хелоу бејбе, розева танга, и ленти за депилација.