Тeмава покажува дека во Македонија нема мажи. Се расплакаа сироти при прв муабет за војска, а истите по други теми воени стратегии пустите разглабаат и се прават поголеми воени експерти од тие што ги имаме во државава какви такви. Не сакаш да одиш во војска, не треба да имаш ни држава. Ај за „туѓи интереси“ бидете си робови, ќе ја слушате секоја глуперда да ви навредува. Во историјата не знам дали има некоја битка, востание да успеало во Македонија? Се било така, јас за „туѓи интереси ли ќе гинам“, и опп, менувале страна за пари, менувале и вера во турско и тн. Проверете дека во многу земји и за жените има воен рок, не е можно тие народи да се глупи, а Трајче пред кооперација да ја открил тајната на универзумот и знае ако поминел обука, ќе го нападнеле, па масовни убиства ќе имало. Трајче бара изговор, оти е плашлив како глушец. Пискотници од Галичник до Река, ќе оделе тие во војска, да де. Па замисли да има мобилизација во Македонија, какви клипови ќе се снимаат, не снимани со глумци каде еден маж вришти, а во сите клипови има по 7-8 како публика, реални клипови замислете мобилизација во Македонија. Само да отидат да им ѕвонат на врата со камера, какви реакции би имало.
Оставаме простор за тебе маж ти син ти и останатите од фамилијата, ја еве обука за користење машина за смукање имам у моментот а и нели тоа ви фали на вас жените бар така разбрав до сеа
Се изјаснив веќе, да има обука, би одела. Инаку, абе се убија од плачење за Арачиново, ова, она. Тетово, еве им прилика, војска и нека ги исправат неправдите, нека бидат спремни за некој нов конфликт, а тие уште провев нема, настинка фатиле. Не дај боже да реши некој да ја нападне Македонија, од Македонците само партали на плот ќе останат, и џабе раскажуваат приказни и се споредуваат со други народи. Поплашливи од Македонците нема на европско тло.
Тоа ти викам де маж ти кај беше 2001? Тако ти пред телевизор бил знам, ние шо се плашиме бевме по арачиново теарце тетово, сеа сме еве по дома си чистиме спремајте се малку вие
Затоа што по средно запишав факултет, потоа веднаш се вработив и затоа што и мажи прекинаа со одење во војска, а жена не ни знам да отишла. Не сум ни била информирана кои биле опциите да одиш во војска. Веројатно само како платена војска, за што треба врски, да си по рамковен и слично.
Одиш у генералштабот и поднесуваш барање за редовен војник, три месеци е обуката, уште имаш можност ако сакаш
Не сум толку стара за да сум имала маж во 2001 година. Татко ти бил, не ти. Зошто си лепиш туѓи заслуги? Кај други народи, нема НИЕ, ВИЕ, се тоа НИЕ, и затоа се таму кај што се.
Нема потреба од никакви врски, ниту рамковни. Секој што е заинтересиран може да оди како платен војник, и се што треба да направи е физички да може да ги исполни критериумите, т.е. да направи згибови, истрча за одредено време итн.. Во АРМ има мажи и жени. И различни се физичките критериуми кои се бараат во зависност од пол. Сега кога веќе имаш информација, ако сакаш можам да ти дадам и контакт од АРМ за каде да се пријавиш.
Прво, си можела да паузираш од факултет. Второ, најмалку е битно кои идат, ти ваљда имаш желба да идеш ради тебе Трето, ако толку мрсиш муда за војска, досега ќе си се информирала.
Не си лепам ја ја си бев на рок и не лаам нонстоп другите шо треба да праат и да кажувам како не ги бива а себеси да не се гледам Мноду е лесно само критики да даваш ама убаво е кога даваш да тргнеш со примери од себе па да поучуваш ама тоа е такви сме ние патриоти пред монитор
Не можев да паузирам. Имам неколку блиски во АРМ, последните секако се примени во врски, кој роднински, кој партиски, кој Србин, Ром, по Рамковен. Не реков јас дека сега ќе сменам професија и ќе станам армиски војник, веќе имам професија, туку обука би поминала.