Слободно изрази желба дека сакаш и немаш никаква пречка за да одиш 3 месеци на обука. И да имаш било каква, ќе потегнеме ние работа од форумов и нема да имаш проблем. Еве ја ти стојам на располагање.
У резервисти прв да бегам ако пукне сум ја Нема ништо тоа џабе се удараат сите у гради. Прво немаме млади луѓе, второ нема економски капацитет државата за да одбезбеди ресурси за обука они чизми неможат да купат на војската не па обука да прават трето изгубен е патеиотскиот дух народот веќе нема желба да се бори за некој да се богати. Темава е промашена и за препирање само а ако дојде до војна ќе биде како у украина те собираат на пат ти дава пушка пукаш пет пати денес и утре на фронт. А и недај боже да дојде до тоа со новиве технологии дронови долг дострел ракети џабе е се. Така да џабе си прајме бајрам на мозокот
Па никој не рече дека ќе имаат чизми или што ја знам. Ко што воведе Хрватска, ко што воведува Србија...како беше, каде сите Турци, таму и гол Асан.
Македонската армија е во 10-те најслаби во светот, а цело време нив ги обучуваат други, не дека чудо ќе ве обучат дури и да сакате, како што не сакате, туку проблем е што сте лојални само таму каде има интерес, пари, а не признавате, лажете и се плашите, многу, премногу, епа еден ден сите ќе умреме, нема да воскренеме. Апсолутно маж што не сака да оди во војска, не е маж, и не е лојален граѓанин. Ќе фателе врски во армија, боже боже, имам одено во АРМ, и во Генералштаб, ги знам командантите на гарнизоните, добар дел од воените експерти ги имам во именик, арно ама приземјете се, може да одите во АРМ, МВР и на шалтер да ве дочека некој со лош македонски, тешко дека врски ќе ми фатите за војска. Ко за пример дека навистина ги знам работите, ние имавме командант од муслиманска вера, по нација едно се изјаснуваше друго, и беше стар ерген. Имам одено и на презентација за привилегии во АРМ. Во касарната имам одено, дел воени објекти ни се запуштени, така што нема потреба од толку величење демек дете на 18 години ќе отишло во АРМ, со желба за служење војска, па овие ќе одобреле веднаш, или не знам што. Не е до толку нивото на професионализам во Македонија како што си замислувате. Тоест скоро ич не е. Да имам власт во земјава, воена обука за сите, одбиеш ли, нема гратис лекување, нема други привилегии, ciao raggazi. Нема држава ако секој си зема за право да прави што сака. Како бе во други теми се фалите други народи за некоја дисциплина, ред, организираност, а ако е за вас лично, ред солзи, ред мрсули, абе тешко било.
И тие 600.000+ украински мажи што имаат години за да војуваат и што се избегани надвор од Украина од почетокот на војната сигурно не се вистински мажи и лојални граѓани на својата држава и светиот зеленски. Другите што не избегале ќе ги влечат по улица ко партали и ќе ги фрлаат во оган. Лојалност де. Кажаа и погоре, на кој му се оди слободно можи да оди и да служи војска. Сѐ друго е изговори. Ама да плукаш по тие што се против а самиот да немаш одено и да немаш план за тоа е крајно дволично. Не сакаат луѓето да гинат за туѓи интереси, бидејќи ако форсираат секаде задолжителен воен рок не ќе да е на арно.
Тие што избегале не се, без разлика Украинци, Руси, што сака нека се. За видеата веќе имаше дека се снимени со актери, сите се идентични и секаде се зборува на руски јазик. Мислам имаше од кои ИП биле пуштани, од која држава, нема да те разубедува, небитно. Види, да имате прилика за државна работа, оффф, како ќе ја цицате државата, ќе клатите врата ќе примате плата и ќе се правите лојални, а кога вие треба да дадете нешто за државата, а тогаш сите имате различни дефиниции за лојалност. Затоа на пример, пари од фриленсање, се вадат во соседни земји, за да не се плати данок на Македонија, и тоа се вика нелојалност, и криминал, не е од епски размери, ама е изигрување на закони на пример. Жити Бога, ве читам и се прашувам зошто некој воен инвалид е без дел од телото, заради вас што не сакате ни да чуете за обука? Зошто друг да ти брани грб? Ти некому ќе браниш грб? Да имам власт, повикувам на обука, нели се јавиш, ама не ме интерсираат твои срцепарателни лажно емитивни и манипулативно споредливи ставови, ќе ти укинам пола од тие никакви права во никаква држава и крај. Труд и матица нема да рамнам. Туку согласно изнесените ставови, интерес, опортунизам, државава е одлична за нас, дури и ваква со армија и полиција каде пола не се Македонци. Секој е таму каде заслужил и за што се изборил, за колективитет зборам, така што немате право да се жалите ако самите сте ескиватори, а сте, чим една тема за војска на форум ве вознемири. Тие снимките што ги пуштаат наводно снимени во Одеса, а пуштени од ИП во друга земја, и на сите се зборува руски јазик, и секаде е исто, еден маж пишти како кожа да му дерат, а има плус 7-8 луѓе, и тие нешто како гледаат, и овој демек се тегне и секаде е исто, па замислете се во такво видео, плус 10 пати пострашно. Срцев удар на лице место ќе ве стрефи. Иначе сите ли бе тие такви мобилизации ги снимаат, дека неовластено снимање на службено лице е казниво со закон, и плус попречување на службено лице во работата е исто кривично дело казниво со закон.
Аман Пецо, на ниедна жена не и треба маж да држи само пушка. Тоа ти е исто како маж со кур во рака. Нека одат таму нека научат домашни обврски, нека научат како се гледа бебе, како изгледа крпа за прашина, нека научат дека црните и белите алишта не се ставаат заедно во машина. Нека научат да бидат корисни малку.