1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали треба да се врати воениот рок?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Silver.E, 12 мај 2015.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.135
    Допаѓања:
    188.801
    Таман такви им требаат, нека си ги соберат.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    26.987
    Пол:
    Женски
    Таквите не гинат во војна. Гинат тие мирните, тие добрите.
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.326
    Допаѓања:
    21.589
    Пол:
    Машки
    И неконтролирано богатење. :cash::cash::cash:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.571
    Допаѓања:
    13.949
    Во акцијата во Диво насеље, нели имаше двајца специјалци татко и син, едниот мислам загина, таткото, а синот остана. Ако сум грешка демантирајте ме, од Скопје беа, така? Чекај сега, па која е логиката ако цивилното население не сака ни да чуе за обука, да одат по двајца членови од исто семејство да „горат“ за „туѓи интереси“, еве за мене е туѓ интерес, да загинат татко и син, ма колку сака нека е висока платата, а некој само да ја молзе државата и да не даде никаков придонес. Демек ако сме иста нација, па сега дозволено е теретот да паѓа на една група на луѓе? Ако тоа не е „пуштање низ вода“; не знам што е. Дури, мислам дека досега требаше да ни одбиваат на сите нас од плата за загинатите во 2001 година, симболично секој месец, од сите вработени или сите граѓани и готово, ама и тоа нема да одговара нели? Дека секој зборува НИЕ кога треба да се гине, кога е тешко, па да се спасиш, а кога е мирно, фино, кога џебот е полн, е тогаш е ЈАС, ЈАС...
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.326
    Допаѓања:
    21.589
    Пол:
    Машки
    Јас не планирам да умирам за некои политичарии да кркаат по некој процент бонус. Ако идат тие во војна, држат мотивационен говор, одат напред и не водат, тогаш сум за да се браниме и истепаме, или ние или тие и то е.
     
    На Mumoftwo30, Orthophill, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.571
    Допаѓања:
    13.949
    Цело време тоа го вртите како мубает, „јас не сакам да умрам за политичарите“. Да, тоа е ок, и не треба ти да се бориш, не треба ни со прст да мрдеш ако тоа не го сторат децата на политичарите, научниците, уметниците, спортистите, или сите или никој, крајно со овакво расположение на Македонците, кој си има територијални претензии нека си земе што му се допаѓа, и чао пријатно, некои од тие што се против војска или обука, нека зберат парталите и нека си бараат чаре во друга општина, оти ќе испадне нивните градови се во нечија туѓа држава итн, според картите де на соседите. На сите соседи им е јасно на кое дереџе е овој народ, со свест, храбост, спремност и затоа секој си црта карти. Што не црта некој карти сосе делови од Словенија на пример? Епа не смее, тоа е народ, не е група што ќе избега на прва кривина.

    Инаку, тука како ми пишале некои членови, абе со докази работат луѓето не е шега ова, демек да одам официјално војска да служам, мислиш еве од утре јас на војска, тие плата и придонеси ќе ми уплатат, ич да не се секирам, важно доказ сакаат, просто не им се верува дека некој е спремен да научи да ракува со оружје, ама да има кој да ме обучи, секако. Инаку, во сабота и во работни денови, дури и во работни денови секој човек има време пред и после работа да отиде до касарната и да учи како се ракува со оружје. Па секоја недела да одиш по 2-3 пати, еве не мора повеќе и нека се 2 пати неделно, и нека трае тоа 3 месеци или 6, или произволно, колку сакаш толку да одиш, сакаш оди 3 пати, сакаш 300 пати, абе ќе научиш нешто, ептен ако си дрво да не сфаќаш. Инаку, Македонија има екстра сограѓани, екстра, џабе ми спомнуваат Руси, Украинци, да беа нашиве сограѓани како Русите, сега ќе имавме војна тука, саботажа на секој чекор од припадници на малцинства во институции, ама среќа не гледаат како јадни и сироти. Оваа држава, армија, полиција, не може ни една одлука да донесе без малцинствата, немаше снимани видеа од мобилизација кај нас, ама еве состојбата е таква кај нас, и има зошто е таква. Од коментирање на други народи, армии, далекууууу појаки од Македонија, нема нашите стравови, проблеми и непособност да ги снема.
     
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.326
    Допаѓања:
    21.589
    Пол:
    Машки
    Абе не ми го мати умот на овие теми, јас да гинам, цела улица беа заробени 2001 војната, ги оштреа ножојте за да жигосаа нечии грбови, стресови плачки по улици кај мене, јас мал бев хорор беше, ти мене овде теорија че ми предаваш и после некој да си живеј лагоден живот овде, а тоа се тие што ти ги наброи на почетокот на реченицата. :)
     
    На Tanjamm и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    12.855
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум против. Зошто? Зошто ако од дома децата не ги научиле на основни домаќински обврски, војниот рок па ич.

    И да научат, тоа ќе го прават привремено дури го отслужуваат рокот и после јово на ново, и за тоа жив пример се голем дел од мажите што имаат отслужено. Проблемот е во менталитетот. Истите тие што отслужувале претходно чекале од мајките после од жените да им склопат еден сендвич или да им ги исперат гаќите а ќе речеш служеле воен рок, работеле на ред, дисциплина и самосталност.
    Не за џабе викаат теле се учи, вол не се учи. Ако не се стекне навика за педантност од мали нозе понатаму џабе е.

    Башка што сметам дека е крајно нехумано во денешно време насилно да се имплицираат закони. Па не живееме во 15ти век, денес сите имаме професии и обврски.
     
    На FriendOfDorothy и Realist1 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.571
    Допаѓања:
    13.949
    И во СФРЈ кога се служело војска, еве татко ми бил во Босна, се забошотувало, во смисла доаѓа Унгарец од Војводина, дете на професори, има пари, не е кадарен да ископа еден ров, му плаќа на некој друг и овој копа место него. Важно старешината кога ќе дојде, да е ископано.

    Инаку, борењето не е џабе, затоа што сложен народ планини поместува и затоа денес Хрватите командаат во Хрватска, и со Србите комотно тераат мајтап, не им можат ништо, дури и вето можат да јадат, Србите во Босна имаат Република Српска, оти за тоа се изборија, Албанците имаат две и пол држави на Балканот, па дури и битката на Украина не може да се каже дека е џабе, затоа што почнаа преговори со ЕУ за разлика од нас дремачи во чекална, докажаа дека можат да истераат Руси од Харков, наводно руски град нели, докажаа дека можат да прават сами дрончиња и да гаѓаат во Москва, да рокнат украиски предавник Русин во Москва, да потопуваат бродиви како шега итн. Плочата што ја вети Славјанка и се караше со тој од Желино до кај е? Сигурно до нигде никаде. Ако не можеш една плоча да сочуваш на своја територија, имаш ли суверенитет?