Хигиена си е хигиена. Не можеш да правиш разлика машко/женско. Ако тебе ти е посекси влакнесто машко, не значи дека сите треба да одат влакнести. Тоа си е ствар на вкус.
Mажите служеа 4 години а жените три.Ако тоа се сменило 2015/16 не знам но така беше. Македонија,за жал,има многу по крвава историја од Израел.Има затоа што Македонија,геополитички се наоѓа на потешка стратешка точка од Израел.Македонија е центарот на патот Запад-Блиски Исток,центарот на т.н Зелена Трансферзала.Ние во нашата историја имаме милион војни,битки,окупации.. Ове е можеби прв пат со тебе што морам делумно да се сложам,а тоа е за посебниот вид на патриотизам.Не е тоа некој посебен вид туку режим на живеење.Еврејските деца ги тераат од мали да го читаат Талмудот а Талмудот многу убаво вели дека се што е нееврејско не треба да се прифаќа, Додека ние глумиме либерали и Американци,и прифаќаме се и сешто па после роле ни е крив. Во Израел,децата од мали ги учат да се сакаат едни со други,како брат со брат,брат со сестра(иако не се роднински повржани).Затоа и добива Израел од Еврејската дијаспора секоја година стотици милиони долари,кои се донираат од Евреите кои живеат надвор од Израел. Додека кај нас децата од мали се учат дека треба да живее да му наштети на другото Македонче,да му љубомори,завидува и на секој можен начин да се труди да го уништи. Од секогаш во нашата традиција било служењето војска.Почни од Филип 2,Александар,Самуил,Комитите,Војводите,Партизаните.. само денеска,во 21-век има ете некои... кои се борат против традициите.Такви,кои не се ни Македонци ни Христијани.. Тоа е,кога либерализмот ќе се прифати а патриотизмот ќе се отфрли.Глумат ''Eнглези''. Кога се отфрлаат традициите на своите а се прифаќа трулото на туѓите.
Секако, веќе кажав, секој со својот став. За мене таков маж не е маж. Но да не забегувам од темата, да, треба да има задолжителен воен рок. И за мажите и за жените. И тоа многу е потребно.
И јас сум дефинитивно за задолжителнно служење воен рок. За должината може да се дискутира, ама се покажало дека служењето воен рок е главниот момент кога младиот дечко станува маж и се учи на одговорност, дисциплина, физичка работа, зајакнува физички, емоционална стабилност, независност од родителите - а тоа се отприлика работите што го прават маж и спремен за женење, осамостојување и создавање семејство. Ако не сме во воена опасност, доволна е обука од 2-3 месеци, а потоа не мора војниците да безделничиме по касарните, туку можеме да се вклучиме во физичка работа околу државата. На пример додека одевме со група пријатели да помагаме во расчистување на калта во Стајковци после поплавите, мило ми беше да видам како војската е вклучена во тоа и рамо до рамо работевме со нив. Така што обуката во војска може да вклучува и тренинзи за справување со природни катастрофи (поплави, земјотреси, пожари) затоа што војската треба и за тоа да служи. Многу е поубаво патриотското чувство да чекориш по држава која си ја бранел, си ја градел, си ја чистел. Во тој случај нема да сакаш да му ја здуваш на запад после првата економска или политичка криза. Ама ако не си инвестирал ништо во својата држава, туку само си искористил некои поволности, социјално, бесплатно здравство, компјутер од владата и сл. а ништо не си жртвувал, во тој случај полесно е да му ја летнеш.
Да, искривена е. Не ми се верува колку се ретки вистинските мажи, сега сите по козметичари одат, како женски се. Штета, нема кој да ни улови дивеч за да го нахраниме племето. Запомнете сите, ако некој маж нема црвена карирана кошула, брада и секира а ла lumbersexual, не е маж.
Мислам дека треба да се врати задолжителен воен рок.. за почеток 1 година и за мажи и за жени. Сакаме да не третираат еднакво, епа треба и за ова да бидеме еднакви. Еве ако примаат постари, јас прва ќе се пријавам А не сега, читам огласи за војници, до 25 години да имале.. ...да другиве од 25 до 30 се неспособни
Јас служев воен рок 11 месеци, додека не ја укинаа војската мислев беспотребно идеме.Денес ко ќе ги погледнам младиве на шо се се спремни и 24 месеци се премалце.
Никогаш нема да се врати воениот рок. После 2001 не тераа да ја "професионализираме" војската или со други зборови да си пукаме у колено. Ако се врати воениот рок ќе се бунат Албанците и ќе играат на картата Рамковен договор. Затоа нема шанси, добро би било ама нема шанси.
Земете во предвид дека тоа сте го работеле со професионална војска составена од луѓе кои доброволно се приклучиле во истата а не задолжително! Исто така земете во предвид дека сте работеле благородна, хумана задача а не некоја од деструктивните со оружје каде луѓе остануваат без раце, нозе, губат слух и/или ослепуваат или дури им се пролева крвта и им се одзема животот. Сето тоа спакувано во име на самоодбрана/превентивна мисија и сл. а преживеаните ги „тешат„ и им ја гушат совеста со медалји и почести. Прашајте некој кој служел ЈНА и слични војски, колку неписмена багра, крадци, колку психопати имало во истата... далеку е тоа од таа романтизирана слика дека таму е дисциплина и дружба со гитари и песна во слободното време. За тоа не е потребна војска, туку редовна обука од прва помош и заштита со обука за справување со елементарни непогоди.
Се обидува преку поттикнување на размилсувања во таа насока низ вакви теми, со цел луѓето кои заборавиле или не ги доживеале ужасите кои воените рокови ги предизвикале, да се убедат дека тоа е неопходно, „позитивно„, нешто „паметно„... Мене ова ми мириса на обид за подготовка за трета светска војна. Да се надеваме дека лудаците ќе бидат безуспешни во своите мрачни намери.
Нема никаква причина за враќање на воениот рок. Балканот е дефинитивно едно големо буре барут на кое не му се потребни луѓе кои би си играле каубојци со обични пиштолчиња и пушки..На оваа денешна модерна технологија(воени оружја), потребно е да се створат специјални единици, физички и психички оспособени, истренирани, ментално јаки момци, кои ќе умеат да се изборат со проблемите на "современово општество". Потребно е многу пари, многу вложувања, работа итд..а што имаме ние од сето тоа? Баталете носталгија...гледам колку државава ја боли за нашиот беден живот, за нашиот стандард, па не гледам зошто па јас или некој друг би одел во војска??
Треба да се врати воениот рок. Убаво е кога психата ќе му биди ставена на тест, телото на ниво на издржливост а и некако да делуваат помаженствено оти се повеќе гледам машки особи кои се нежни некако, зависат од некој друг а вака ќе научат да бидат посамостални а и мозокот би им тргнал во некој подобар правец (со должна почит кон оние што не спаѓаат во оваа категорија на мажи)
Да !!! Деф да !!! Маживе мн нежни станаа. Дури некои како жени се осеќаат . Мислам бројот на обрнути од прекинување на воен рок е енормно зголемен ! Да се врати ред и дисциплина. Од глувци бегаат !