Доколку постои ваква тема секако може да се премести во канта или доколку сметате дека насловот не е соодветен ги замолувам надлежните модераторки да го променат За оваа тема бев поттикната од разговор со другарки, отворивме дискусија за нашите искуства па и оние од блиската средина за кои сме сведочеле.. Верувам дека и на многумина му се случило да засакаат или ете да се заинтересираат за некоја личност да прават напори да бидат со неа нели дружење,флертување и да бидат одбиени од таа личност а потоа после некое време, можеби години по игра на судбината истата таа личност да се заинтересира за нив и да ги прави истите нешта кои претходно ги правела оваа другата со цел да ја придобие.. Конкретно може да важи и за оние кои биле во подолга врска во која ете едниот партнер бил повеќе загреан од другиот па врската некако прекинала за на крајот повторно по игра на судбината другиот партнер да се заљуби и да сака да се повторно заедно. Сум сведочела на ваква ситуација во која момчето буквално беше спремен да се ожени со девојката која во младоста била лудо вљубена во него а тој ја игнорирал но за жал сето тоа премногу доцна.. Што мислите дали постои карма во љубовта? Дали тркалото се врти?
Да, дефинитивно се врти. Постои карма и во љубовта, дефинитивно. Од свое искуство зборувам, но навистина не би да навлегувам во детали
Понекогаш, не секогаш. Некогаш велиме дека се врти за да се утешиме, зошто подобро нешто од утеха во тежок момент нема. Најлошо е што не може да си сведок на таков настан и да се врти не ќе можеш да дознаеш дали испаднало како што си сакал и замислил, освен ако лошото тебе ти се случува.
@pupi.girl зошто под карма автоматски нешто лошо замислуваш. Мене ми се случи ама баш напротив, убаво. Баш како по филмовите со среќен крај
Можеби затоа што мене ми се вратило со лошо. Бубале мило ми е ако така испаднало, ете ти ќе си пример за добар карма, јас за лоша
Се согласувам со @pupi.girl , не секогаш тркалото се врти , за некои работи е и прекасно да се сврти .. Мене ми се случило само еден бивши да ме контактира чисто од љубопитност да види што правам , кај сум , но не беше загреан како што сум била јас порано .... Постојат (не)луге што ме повредиле гадно , но ниту се вратиле ниту ги фрка нешто , како ништо да не било ... Тоа е од мој личен аспект
Сигурно се врти, дали сега или за 10 години ќе се сврти сигурно, може и да не е толку важно тогаш ама
Посакувам да е така и во мојот случај, инаку и јас сум сведок на повеќе такви ситуации кога тркалото се има завртено
Тркалото се врти ама малку во подруга смисла ќе ги дадам примериве. Дечко кој одеше со девојка 2 години и раскина и се исмеваше како патела по него додека тој си се фати со друга за после година време таа другата да му раскине и да му се смее него додека тој ја молеше да се смират. Или пак знам случки каде луѓе изневериле па потоа и самите биле изневерени на сличен начин.
Сепак не е то то .... Тркалото се врти всушност АКО он се врати а превише те повредил во минатото ..... Тоа што го кажуваш е само карма