Ете за љубовни врски, може, и тоа пак нема да биде од истиот интензитет со кој ние сме сакале некого. Но има луѓе што силуваат, убиваат па ништо не им се враќа. Можеби само се тешиме вака? Јас имам сведочено и на вртење на тркалото но и не, поделено ми е мислењето.
Секој во животот повредил некој, и бил повреден од некого. Кармата постои само да се утешиме демек нашата болка е толку битна, абе Универзумот се потресол за нас. Ама ако реално погледнеме, ќе испадне дека сите ги стигнала, па ни криви и должни. Значи не сме ништо посебно... Tоа ти е животот...
Да, искрено верувам во ова, дека за секоја акција си има реакција, и сите наши постапки си носат некои последици, позитивни или негативни. Еве, би го нарекла тоа карма, ме има стигнато и лоша и добра карма, иако секако на добрата и треба повеќе време да дојде. Пример, имав еден дечко пред 5 години, ептен бев затрескана во него, меѓу првите тинејџерски љубови ми беше, ама тогаш не ме рецкаше 2 посто. Затоа, сега едно добри 4 години трча по мене, само сега си се чудам кај ми биле очите тогаш. Во меѓувреме, ми се случуваа доста разочарувања во љубовта, и кога конечно наиде еден добар дечко што ми симнуваше ѕвезди од небо, јас секако го заебав. Неколку месеци подоцна, си најдов преубав дечко и навидум ни течеше мед и млеко, на крај дознавам дека имал паралелна врска со мене и кхм, "најдобрата другарка". После сета оваа лоша среќа, некое време дадов тајм аут општо на мажи, и било какви авантури, камоли да станува збор за врска. И еве, сега глава не можам да кренам од мажи. Ова буквално никогаш ми се нема случено, имам дечко, и во доста прилики кога ќе се запознаам со некој, не можам да го откачам после, дури страв ме фаќа на моменти од ова што се случува. Ова малку звучеше нескромно, ама така е. Само чувствувам дека кај и да е, пак ќе ми се сврти на лоша карма работава.
кај долгите врски едната страна која оладува најчесто чувствува потреба од промена, возбуда и нешто ново да искуси, донесува брзоплетни одлуки, за на крај да сфати дека тоа не го исполнува, затоа се враќа назад поупорен и загреан од било кога. карма дали постои?-не би рекла, за се постои некоја причина и има позадина
Се врти и тоа како! Бивша љубов од факултет, врската траеше три години. Потоа таа, не знам и ден денес од кој причини се повлече. После петнаесет години се среќаваме, во местото каде студирав, лице во лице. Малку муабет и ја прашувам што работи и како живее. Таа вика работам во судот, живеам така. Дали си мажена или не, ја прашувам. Таа вика само тоа не ме прашувај, згрешив што се тргнав од тебе и не можам да си простам. Јас и викам тоа е судбина, самите ако не ја предизвикаме таа сама не доаѓа.
Тркалото се врти, додека не ја 'потроши' кинетичката енергија Карма не постои. Дали некој одпосле ќе се затреска во тебе? Може да се случи, ама не прави разлика откако ќе 'го одсакаш' ти.
Мене па досегашното и туѓо искуство ми покажало дека постои нешто наизглед карма, некоја енергија која кружи ваљда не е коинциденција се тоа а и логика има чак што више.