Полека избледува секое сеќавање на него.Не беше лесно не е сеуште лесно ама ја донесов најправилната одлука.
Не...7 месеци поминаа, можеби уште е рано, ама почнувам да мислам дека никогаш нема да се деси и дека никогаш нема да можам да засакам некој друг...
Не сакам да го преболам,само научив да живеам без него и се помирив со фактот дека никогаш повеќе нема да бидеме заедно. Ги чувам во себе сите спомени заеднички,и можеби не се сеќавам на зборовите,ама чувствата многу добро ги паметам
Не знам... Година ипол пројде и си имам друг сега. Понекогаш си викам дека го преболив, не ни мислам на него, ама не е секогаш така... Цркни!
Кога ве читам повеќето со насреќните искуства и разделби по иницијатива на дечкото и тоа како повеќето се убедувате себеси дека нема да го преболите си мислам колку прекрасни девојки со добри срца имаме во земјава...ама ако ве напуштиле од банални и себични причини зарем вредат на такви да се надевате дека можеби пак би ве побарале...и оваа особина многу ми се допаѓа искомбинирана со вашата надеж дека ќе ве побара што ме наведува на заклучок дека сте многу романтични..единствено мене ме плаши тоа што наредниот со кого ќе бидете доколку бидете можете да му го упропастите животот и длабоко да го повредите ако се уште не сте раскрстиле со минатото особено ако искрено ве сака...ама ако има нешто што никогаш не можам да го прифатам тоа е таа отровна гордост, излишно високомерие и зацементирано его и кај мажите и кај жените и покрај тоа што се се уште вљубени во партнерот па токму поради тие заблуди и особини ја погубувате шансата да го испуштите можеби и човекот наа вашиот живот...Ама треба и да го препознаете па да знаете дали вреди за вашите солзи и целибат за да можете да се опоравите од душевната болка или запознавајќи го/ја да се препуштите на магијата на љубовта ...Љубовта не признава гордост и сомнежи...Ако сакате некого ќе отрчате кај него/неа по секоја цена без да размислувате дека ќе му/и го зајакнете егото или дека тој/таа ќе се вообрази поради вашето искрено изразување на чувства па ќе го злоупотреби тоа да ве контролира...ако постапи токму така тоа значи дека вселената ве спасила од таков лик и чува нешто многу повредно за вас, некој/а која ќе ве цени и ќе го препознае големото срце во вас...И не се плашете од скршено срце колку и да сте биле повредувани зошто ако вие сте тие кои биле борецот за да се сочува љубовта и сепак не сте успеале да го/ја задржите,, вселената е мудра и ќе ве награди, создавајќи ви околности во животот кои за вас секогаш ќе завршуваат со позитивни исходи на различни животни полиња...не мора да биде само на полето на љубовта..зошто на секоја акција има и соодветна реакција...во зависност од тоа дали реакцијата била позитивна или негативна, таква и ќе доживеете ама може да ја доживее и некој од вашите најблиски..не мора да ви се врати вам реакцијата која ја заслужувате..И за забележување е дека не видов машки кои вака тревожно и огорчено жалат по изгубена љубов како жените без разлика што се работи за женски форум..Не е дека нема машки кои не искусиле слични искуства како и жените ама најверојатно ги искусиле многу помалку отколку жените...А вие жените треба да знаете дека не случајно повеќе се приврзувате и подолго тагувате бидејќи вибрирате на многу повисоки фрекфенции и капацитет на зрелост...не џабе и порано созревате од мажите....така интензивно чувствувате бидејќи вас ве красат трите особини на детството, а тоа се љубов, кроткост и добрина...кога се однесувате според овие вселенски закони вие привлекувате само најубави работи и затоа теба да верувате дека ќе привлечете подостојни мажи кои ќе ве третираат со поголема почит и внимание..а ако на овие особини се додадат уште и четирите основни сили на мудроста, сериозноста, редот и вољата,практикувајќи ги сите наведени, ќе имате прекрасен живот...само применете ги во реалноста и набљудувајте дали ќе почнат да ви се случуваат некакви промени..ништо не губите...поврзувајте ги настаните и гледајте што ќе се случува зошто ништо не е онака како што изгледа...тоа се тие животоодредувачки и најсуштински особини на седумдимензионалноста на вселената и вечноста наспроти тридимензионалноста на човековиот материјален свет..ако на ова ги додадете уште и десетте божји заповеди и петте сетилни компоненти како мирисање, забележување, чувствување, мислење и допирање и ако сите ги применувате, ќе бидете сведоци на чуда во вашиот живот...ама секој не може да го прифати ова и затоа и не треба да се наметнува никому...затоа и постои слободната воља со тоа што секој си е одговорен и сноси последици за сопствените дејствија...Извинете што ја проширив темава на крајот и навлегов во езотерија ама има поврзаност во сето ова како што се` на овој свет е поврзано и взаемозависно еден од друг...Ако е сериозно оф топик, префрлете ја во друга тема кадешто заслужува да најде свое место ако ви има барем малку смисла сево ова..дај Боже да постигнеме капацитет на зрелост и свесност за да не мора врските меѓу мажите и жените да завршуваат на ваков начин и уште пред да почнат што се вика кога треба да му дадете време на чувството што почнало да се развива да созрее, а не да избегате како кукавици при првиот и најситен проблем без да се борите да го решите и да се наоружате со трпение...ако се изборите тогаш работите што ви изгледале нелогично и со нејаснотии, неизбежно ќе ја добијат својата правилна форма и осмисленост..Работата е во заедништвото во се, а конкретно и во машко-женските односи и взаемонадополнување...Извинете ако ве отеков со попувањево...Имам само најдобри намери за да има помалку несреќни луѓе покрај сите негативни работи, предизвици и искушенија што се случуваат насекаде низ светот и кај нас.
Личности кои си поиграле со мојата доверба, не заслужуваат да тагувам по нив. За разделување со дечко никогаш не сум плачела, можеби затоа што не биле долги врски. Да е врска што траела повеќе од три години можеби ќе плачам ако се разделиме. Но за врска од година дена, две??? Иди бегај, ако вреди за плачење, не би дошло до крај. Времето лечи сѐ. Искрено, штом забележам оти нешто не штима во врска (без разлика дали љубовна или пријателска) се изладувам и кога ќе ни се разделат патиштата воопшто не се замарам, ги бришам од главата, исто како да не постојат и живот иде даље. И стварно не ги разбирам оние кои имаат веќе нов партнер, а сѐ уште не го преболиле стариот. Дури кога го гледаат во очи сегашниот партнер, мислат на поранешниот... Значи, језа!!! Јас преболувам дури и пред да се разделaм со некој.
Сите бивши до сега ги имам преболено за кратко време, но сегашната девојка ако раскинеме мислам дека никогаш нема да ја преболам.
Убаво ми е во моментот, дур трае врска - трае, ако раскинам баш ме боли. Ни еден од моите бивши дечковци не ми останал непреболен