1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

Дискусија во 'Брак' започната од Dream-Girl, 22 декември 2014.

?

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  1. Да

    44 глас(а)
    44,0%
  2. Не

    36 глас(а)
    36,0%
  3. Не знам

    20 глас(а)
    20,0%
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со твојот пост само ова ми падна во очи. Прв пат да слушнам некоја жена да смета дека мајчинството уназдува во кариерата и да мисли дека породилното треба да биде пократко. (секако ако не сум те разбрала погрешно ) Донесувањето на свет на едно дете вреди за да се посветиш апсолутно на тоа дете 9 месеци, а мајките не смеат да бидат обесправени во тој поглед пример во Шведска породилното е 13 месеци .. Една жена може да биде и посветена мајка и успешна во кариерата. И јас сум ќерка на жена која родила 3 деца и работи многу одговорна професија, заврши и специјализација со 3 деца и поголемиот дел од моето детство ја памтам мајка ми после работа, стуткана на каучот со книгата во раце. А на нас никогаш ништо не ни фалело,моите сами не одгледале без помош од баби и дедовци со работа во смени...

    Кога ќе ја погледнам мајка ми знам дека можеш да бидеш успешна во кариерата без да ти страда домот... Не е лесно ама вреди.. А да земеш здив од работата за да се посветиш комплетно на едно човечко суштество кое буквално зависи од тебе едноставно вреди се, а кариерата е нешто што се гради цел живот..

    Што се однесува до мене, јас сум млада и бездетна:D Работам прекувремено, едноставно си ја сакам работата и сега не ми смета ама не сум спремна да правам компромис помеѓу семејствтото и кариерата.. Ќе се трудам да го следам примерот на мајка ми, да дадам се од себе на работното место но и во домот.
     
    Последна измена: 27 декември 2014
    На Pebeka, SV1911, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Мислам дека нереализираноста на еден човек во професионална смисла многу полошо влијае на семејниот живот отколку успешната кариера што одзема многу време. Човек за да биде успешен во она што го работи пред се мора да е организиран и пожртвуван,а неретко овие особини се пренесуваат и во домот,па и врз потомството. Кога некој се чувствува неостварено и кога не се развил доволно како единка ,мислам дека не може да оствари хармонија ниту во домот. Пред се кај ваквите лица,многу често е истакнат притаениот гнев кон мажот и децата кои се гледаат како `виновници` за неуспешната кариера.
     
    На okcenzi, zvecarka, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Зависи што подразбирате под успешна кариера. Да работиш 8-9 саати, 5 дена неделно, да заработуваш добро, и да си професионалец во она што го работиш во никој случај не може да влијае лошо на семејниот живот, напротив.
    Меѓутоа, има и такви кои под успешна кариера подразбираат целосно посветување на таа кариера, значи ја ставаат на прво место, и занемаруваат се друго во животот. Нивната цел е да се НАЈДОБРИ во тоа што го работат, притоа ја вложуваат целата енергија и време во работата. Порадо би отишле на некој семинар, или би останале подолго во канцеларија отколку да поминат време со семејството. Тоа може да се одрази лошо.
    За жал има и такви кои мораат да го занемарат семејството, затоа што се бара премногу од нив на работа, а во спротивно би ја изгубиле работата. Тоа е против нивна желба, секако.
     
    На FridaKahlo, leona83 и tessie им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    На прсти се бројат жените кои во Македонија имаат кариера. Кариера не е гола борба за опстанок и како што кажаа погоре работа по 9 саати дневно за да се преживее. Кариера има Шеќеринска на пример, а не некоја жена што работи за мизерни пари за да преживее.
     
    На simply-red му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Според мене kaриера не подразбира само успешен политичар, бизнисмен, спортист, банкар, научник. Поимот е поширок за да се опфати само успехот, парите и овразованието, не ретко се случаи во кои и ја се пронаоѓам да вложиш минимум пет години за високо образование, плус две за пракса, плус настрана работа на проекти, учење странски јазици и работа која нема врска со струката која ти иде во бонус подобрување на вештините за да се котираш повисоко на пазарот на труд а не можеш да оствариш повеќе од 200 евра плата или жена од козметичарка успеала да отвори козметички салон да изгради име и да опстои 10години на пазар е жена со кариера.
    Како ќе менаџираш со твоите вештини и ќе правиш план да се пробиеш на пазарот а тоа секако не доаѓа преку ноќ е показател дали имаш кариера.

    Барем јас така го разбирам тој поим, дека се однесува на поширока маса, не само на тие на престижни позиции.

    Се согласувам дека некои за успешна професионална кариера се посветуваат максимално се цедат на крај од денот стануваат кора од лимон, ги кратат саатите за спиење, јадат набрзина, бутаат во уста колку да не е празен стомакот и после ти се жалат на болки во грб, на главоболки, али важно имаат успешна кариера. Па зарем и тоа не е показател за успешна кариера, колку ти стоиш добро со здравјето јесда ние сме супер жени,со добра смисла за организација ќе правиме биланс али тоа вечно не може да оди така, после некој период ќе зашкрипи некаде.
    Клучот е во умереноста и во способност да одржуваш биланс помеѓу работата, семесјтвото, здравјето па и успешните друштвени врски. Да имаш од се по малку а да си успешен на секое поле е пример за добра кариера.
     
    На Tanjamm и Annath им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    @bittersweet Vikas maz mi si zema porodilno za site tri dec,dobro razbrav ili oti sum plavusa?:D
     
  7. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Успешната кариера ако дојде наеднаш и од ненадеж лошо влијае не само на семејството туку и на пријателството и целокупното живеење. Но доколку зад тој успех стои огромна рабоа, ако не е паднат од небо туку стекнат со работа и пот, тогаш нема зошто да влијае на бракот.
    Обично велат кога опинок ќе се покондурчи е многу тешко, што е и сосема точно. Доколку потекуваш од успешно семејство, доколку знаеш колку вредиш и што можеш успехот неможе да те поремети. Но доколку од опинци влезеш на штикли па се бутнеш во некоја добра фирма, околу тебе налицкани колеги, намирисани тогаш нормално е да ти летне умот и да заборавиш и фамилија и се живо.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Убаво имаш разбрано. Во некои земји, во случај на принова и татковците имаат право на отсуство (paternity leave). Само условите и природата на ваквото отсуство се малку поразлични.

    Инаку, на темава. Можам да забележам дека нам како поднебје ни` е потешко замисливо некој да е толку зафатен со кариерата да нема време за семејството и се меша со работа со работно време. За големите кариеристи ретко има работно време, не ретко постојано патуваат и си ја носат работата дома. "The Devil Wears Prada" на пример, е филм/книга кој(а)што меѓу другото го опишува токму и животот на таквите луѓе (Миранда Присли,уредничката и нејзиниот приватен живот во приказната ја отсликуваат токму цената на успешна кариера).
     
    Последна измена: 1 јануари 2015
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    И кај нас таткото може да земе породилно, на пример ако мајката појде порано на работа. :)
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Добро разбра, не си типична плавуша.:rofl:
    Кај мене за прво дете следува 3 недели породилно и за таткото, за второ дете следува 6 недели а за трето 8 недели.
     
    На Nausicaa, Annath, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Не и татковците, туку или татковците или мајките. За жал и кај нас тоа законско решение постои но нашите мажи сеуште се со балкански менталитет па тоа го сметаат за понижување.
     
  12. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Па да искрена да бидам зависи тоа од луѓето ама еве на пример,мајка ми секогаш била успешна жена и во моето детство имало некогаш периоди да не можам со денови да ја видам и да ми недостасува и да ме чуваат различни жени ама сепак сум ја сфаќала дека тоа како и да било таа сепак го правела за мене и за јас да имам леб да јадам и кров над глава. :) А човек да има баш се наредено и совршено не е возможно,ама можно е да се избалансира и да се најде време и за семејството и за рабоатата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Да се земе отсуство покрај породилното на мајката, како во случајот на bittersweet разбирам, но само таткото да земе породилно, што ќе прави? Во првите месеци на бебето мајката му е најпотребна.
     
  14. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Веројатно во нормални цивилизирани држави после 2-3 месец таткото би можел да се грижи за детето. Што би правел? Па исто што и мајката, да не има 2 леви раце па да мнеможе да се грижи за детето. Во нормални држави не би му пречело да го однесе да го подои мајката па да го врати, но ние сме уште векови наназад.
    А, кога веќе мајката е на породилно зошто би земал и татко то, зарем двајца возрасни луге се потребни за едно дете?
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ти ово сериозно го мислиш?
    Очигледно немаш дете имаку не би поставила вакво глупаво прашање.
    Значи кај мене и двајцата сме на породилно, моето подолго на сопругот пократко, да ми се најде барем од почетокот кога помошта е најпотребна.
     
    На okcenzi, joy1, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Ако мајката го дои бебето и онака апсолутно паѓа целиот муабет во вода - таа МОРА да биде дома барем додека е на ексклузивно доење (до кај 6 месеци). И низ Европа таткото не чека бебето да заплаче, па да го облекува, да ја организира мајката, да го носи бебето кај неа на работа (во кола, метро или како и да е), да бараат место за доење, да го врати дома, и ете тоа 2-месечно бебе пак заплакало :)
    Кога има дохрана, или е само на АД, после 3-4 месеци има многу мајки, и кај нас и надвор, кои сакале-нејќеле тргнуваат на работа. Не им е лесно во никој случај, и мислам многу малку од нив би си го оставиле бебето само по сопствен избор.
    А дека се потребни двата родитела - кога има можност и те како се потребни. Ако има и друго дете (или деца) во семејството, обврската станува и уште поголема. Да не збориме за ситуации кога ќе се родат близнаци :)

    Но да не бидам скроз офф - ако едниот партнер се посвети на кариерата во онаа вистинска смисла да зборот, кога има сопствен бизнис, уметничка или менаџерска позиција со многу патување и нефиксирано работно време (знам неколку вакви), сакале или не тоа ќе се одрази на семејниот живот (истото се случува и кај оние што немаат излез па мораат вака за опстанок да работат, ама тоа не е кариера, и не е доброволно). Е сега, од човекот зависи колку ќе сака, знае или може да компензира со посветеност во она малку заедничко време што го има за семејството.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од тие заостанатите и глупави кои сметаат дека во една ракавица, две раце не влегуваат. Ако веќе зборуваме за кариера на двајцата родители, децата ќе трпат многу. Со мајка доктор и татко правник, постојано бевме без родители дома. Израснавме со баби, буквално. Специјализацијата на мајка ми скапо не чинеше нас како деца. Можете да ме нападнете или осудувате ама јас сметам дека жената е создадена за да раѓа деца и да биде максимално посветена на нив. Работа како работа од 8 часа е сосема во ред, ама градење кариера е нешто сосема друго.
    Сум завршила факултет откако се породив ама додека син ми постојано спиеше. Запишав и мастер студии каде треба многу учење ама моментално немам време за тоа. И јас можам да бидам цел ден на книга и да ги завршам побрзо ама не планирам тоа да го правам на сметка на моето мајчинство. Кога ќе пркне малечката, ќе продолжам од каде што сум застанала. Ама градење кариера, кога би била постојано отсутна од дома заради семинари или дообразување, не би си дозволила. Доколку сакав такво нешто, немаше да раѓам деца.

    Од друга страна е мм кој работи по 15 часа, не заради градење кариера, туку заради прехранување семејство. Моите деца немаат изграден однос со нивниот татко заради тоа што го гледаат само по еден или два часа. Имам пишувано на други теми за ова.
    Сега би следеле коментари за тоа дека треба да има добра организација или дека ништо не им фали на децата кои растат со родители посветени на кариерата, ама моето мислење е тоа. На секое дете најмногу му треба мајка.
     
    На tessie и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    @anina , така размислуваш бидејќи очигледно ти си таков тип. Јас искрено верувам дека не секој со можност за репродукција може да биде родител. Важи и за мажи и за жени. Ги има буквално, јас што ги викам мајчински типови коишто не раѓаат деца затоа што им е време или затоа што комшиите сметаат дека така треба, или затоа што доволно време се во брак со некого, или пак за да задржат дечко, туку затоа што чувствуваат дека треба да бидат мајки, дека тоа е дел од нив и таа улога кај нив е поизразена и поисполнувачка. Постојат жени кај коишто никогаш не се буди такво чувство. Постојат жени родени за да напредуваат на деловно поле, постојат жени коишто наоѓаат други нешта поисполнувачки и од мајчинството и од кариерата.

    Она што е важно е, човек да се спознае доволно за да знае што најмногу го исполнува, како што си направила ти и според тоа да носи одлуки и одредува приоритети во животот. :)
     
    На CameliaMiller, Annath, Glasna и 7 други им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Сума сумарум на работите е првата реченица од мојот претходен пост. Две раце во една ракавица не одат а обично се знае која е лева а која десна:D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Тоа зборува за вас, а не дека ако вие неможете да се справите со едно дете дека е тоа генерален заклучок.
    Скоро сите мајки во Македонија, ги израснале децата сами во смисла дека татковците морале да одат на работа за да обезбедат егзистенција за тоа дете. Секако дека има случаи каде и цела армија не им е довона колку им треба помош, но за среќа овде жените се јаки и одгледувањето дете го сметаат за нешто сосема природно и нормално, како и извршуање на секојдневните обврски.
    Во минатото во многу полоши услови мајките одгледувале и по 10 деца додека сопрузите биле на печалба. А, да не збориме какви се обврски имале.
    И каква помош ти е потребна во денешни услови па имаш потреба од целодневно присуство на партнерот? Да го надоиш, пресобечеш, да го кренеш во раце кога ќе плаче?
     
    Последна измена: 2 јануари 2015