1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

Дискусија во 'Брак' започната од Dream-Girl, 22 декември 2014.

?

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  1. Да

    44 глас(а)
    44,0%
  2. Не

    36 глас(а)
    36,0%
  3. Не знам

    20 глас(а)
    20,0%
  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Запишан е. Не можеме така ич. Два дена оди болен одма, за 2 недели оздравува, го праќам и наредната недела пак болен. Упорна бев и така терав 4 месеци додека не го ослабнавме имунитетот скроз и детево го истоштив анемично стана. Сега од септември пак ќе пробам ама не форсирам. Знам дека не треба претерано да го чувам, нормална работа се вируси и настинки ама никаде не дозволуваат секој месец на боледување да бидам по 2-3 пати.
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.357
    Пол:
    Женски
    Како тоа готвиш за 2-3дена?
     
  3. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Каква е оваа тема вака поставена, па родителска љубов не може да ти фали ако си вистински сакано дете, независно во кои смени одат на работа и какви им се работните должности. Е сега може си мислела ти фали родителско внимание и посветено време пример додека родителите ти биле 2ра смена.:)
    За љубовта од родителите не е битна до толку количината на посветено време, имаш родители што се постојано со децата па не е тоа тоа, така да многу субјективно е ова дали успешна кариера влијае лошо врз семејниот живот.
    Јас лично мислам, ма не само што мислам туку уверена сум од искуства дека нема вакво влијание и дека се се врти околу добрата организација во животот и правење компромиси и имање беспрекорна соработка помеѓу сопружниците.
    Е сега и децата треба да се добро воспитани, а не да се вечно мали размазени бебиња и да имаат осет и разбирање и за потребите на родителите како и тие што имаат за своите деца.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.398
    Пол:
    Женски
    Многу одамна сум ја отворила темава што не се ни сеќавам на поентата, буквално толку години поминале од 2014та, не ми ни текнува на темава :worried::lol:. Веројатно онака за дискусија ми текнало. Ама како е насловот така дискутирајте си ја, чим пак сте ја активирале после години. :)
     
  5. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Само се надоврзав и изјаснив бидејќи гледам ја активирале.
    Кога била и како била отворена воопшто не ми менува нешто значајно во животов, само ми падна во очи конфузноста и онака без врска нафрлениве зборови буквално како што си пишала без поента, нема ни да ја памтиш по толку време. :)
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Правам храна однапред. Денес пример ќе спремам повеќе оброци, ги пакувам и во фрижидер. Или од манџите поголема количина и два дена да ја јадеме.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Дали е добар бракот, не зависи од кариерата, туку од желбите и потребите на партнерите.
    Ако и двајцата се ок со тоа да градат(гради едниот) кариера-супер, ако не се ок-не е супер.

    Од друга страна, отсуството на родителите влијаат на децата, посебно во првите 5 години од животот.
    Тогаш се учат да учат врски и формата и начинот на кој тие се изградени, ќе влијае на сите врски кои ќе ги имаат во иднина.
    Се разбира, не спаѓа во ова само кариера(отсуствата), туку целото однесување на родителите/старателите кон децата.


    What Is Attachment Theory?
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Може и за 5 :lol:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Да, особено ако партнерот е низа подолу од тебе од професионален аспект, и секако тоа ќе му смета... Зашто да бидеш ти поуспешна/ен од него...
     
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Зошто "секако"?
     
  11. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Па и немора да значи СЕКАКО за сите, но од мое искуство и повеќето што сум ги гледала и те како смета...
    Ретки се тие што се гордеат ако партнерот им напредува во кариера... Особено во нестабилни бракови
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Тие бракови, не ни треба да постојат.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Или да прават многу, многу, многу компромиси...
     
  14. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше ако не се радуваш на напредокот на другиот партнер, нема што да барате заедно. Инаку, во нормални услови, се согласувам дека треба многу компромиси. Јас сум дел од таква врска каде и двајцата сме претерано амбициозни со многу работи саати, многу се подржуваме ама затоа пак, на дневна база се прават многу компромиси. Сега за сега функционираме така, а кога ќе се појават деца на сликата, не знам. Едниот ваљда мора да направи жртва, а правењето жртва каков вид на фрустрации ќе донесе со себе, останува да видиме, тогаш ќе пишам :D
     
    На Tanjamm, Anah и WildMk им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Тоа де.
    Ако гледате исто на кариерата, супер, ама ако едниот сака да седите дома и/или да си шеткате за раче секој ден по 2 часа, ќе има проблем.

    Полесно е за паровите кои имаат исти гледишта.
    Ако скроз не можат да се согласат, тогаш, како што рече ти: Не се за заедно воопшто.
     
    На A94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Голема заблуда. Успешна кариера не значи дека по автоматизам само работиш и ништо друго не правиш во животот или немаш време за ништо освен за работа. Напротив.

    Повеќе би рекла дека е обратно - неуспешна кариера влијае лошо на семејниот живот. Не можеш да си ги задоволиш основните потреби, тоа повлекува фрустрации, се одразува на односот со партнерот, се одразува на квалитетот на животот, се одразува на односот со децата, пријателите, роднините... Можеш да се утепуваш од работа, но да немаш успешна кариера, па да немаш ни доволно пари, а ни доволно време да се посветиш на најблиските.
     
    На crimson, Mikha4, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски

    Не работиш 24/7, ама идеш константно на конференции, обуки итн, што би значело отсуство од дома. А отсуство од дома и те како влијае на семејни односи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Немањето доволно финансии лошо влијае на семејниот живот. Можеш да седеш 4 саати дневно зад компјутер, да зимаш голема плата и пак да немаш успешна кариера.
     
    На Mikha4 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    И ова е заблуда. Успешна кариера не мора да значи дека постојано си на обуки и конференции. Од друга страна може да одиш константно на обуки и конференции, ама тоа не ти гарантира успешна кариера.

    Може и да си невработен и да си постојано дома, да не излегуваш од дома, ама да си незаинтересиран за тие околу тебе.
     
    На JoyJoy, Tanjamm, Silent Lamb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Се е можно, зависи индивидуално од човекот како го користи времето и го живее животот :)
     
    На Mikha4, Tanjamm и A94 им се допаѓа ова.