Мислам дека може да биде и двете, искрена со/без сигнализирање виртуозност. Има луѓе што сакаат да покажат јавно колку се хумани, и тие што не ги интересира тоа. На крајот на денот секаква форма на хуманост е на некој начин позитивна.
Да. И за денар да се работи, колку е по дискретна помошта,толку поголема вредност има Ама нели, не секоја помош е искрена.За некоИ публицитетот е далеку по битна работа од самата помош.
Пред некое време, чинам некој празнник беше, бев со моите во 7ца. Сендвичарава беше фул, луѓе надвор чекаа. Имаше и еден бездомник, на кој еден човек се нафати да му купи хамбургер. Во овој случај човекот што ја купи храната мислам дека немаше начин да остане незабележан, без разлика дали го направи тоа за да го видат, или не. Така да, мојот одговор на прашањево е не. Кога донираш некому и по улица, тоа исто така не е анонимно.
^ Мене пред година и нешто, пред една локална сендвичара, ми приоѓа мало ромче, жив жал да те фати само да го гледаш, не пак повеќе. Ми бараше да му скршнам од сендвичот и му викам ај вака, еве ти 100 денари ќе имаш за најубавиот сендвич, одбери си сам. Ми вика фала дадичке целото среќно и ја збриша. Бегајќи се врти накај мене и се смее Шта речи..
Мислам дека не постои вистински алтруизам. Его имаме. Тоа ни се 'плетка' во одлуките и емоциите кои ги доживуваме. Во секоја хуманост, има доза себичност. Не значи дека тие што се анонимни се повеќе хумани.
Оној што прави некое дело искрено и од срце, најчесто останува анонимен. Тој е скромен и не сака неговото дело да му донесе слава на неговото име. Тоа што го прави, го прави единствено поради љубов, сочувство и желба да помогне и сѐ да остане на тоа. Кога направеното дело се споделува со други луѓе, тука веќе се појавува егото и уживање во признанието колку е тоа добро, колку е хумано. Човекот, притоа, може да биде свесен дека е ова вака но и да не биде. Кога правиме добро дело, тоа е искрено само тогаш кога тоа ќе го направиме затоа што некој има потреба од нас, а не и за да докажеме на другите колку сме сочувствителни. Но не е ниту за осудување јавното претставување на делото. Убаво ми е кога читам за разни хумани гестови. Во секој случај, далеку подобро е да се помогне а тоа да го дознаат и другите (можеби ќе им служи за пример) отколку воопшто да не се помогне.
Според мене не. Не дека некој ако објави дека донирал облека/ пари или било што дека го објавува за чалам. Јас ако би донирала и би објавила на соц. мрежи би го направила тоа со цел да ги поттикнам луѓето кои ме следат да го направат истото. Хуманоста е многу племенит и многу добар гест без разлика дали е анонимно тоа или не. Битно е да сме хумани.
Повеќе ја ценам анонимната хуманост (кога е можна), бидејќи хуманоста ја гледам како нешто од кое не би требало да имаш корист од „надворешни фактори“ и во тој момент не треба да „добиеш“ ништо од околината. Едноставно не си важен ти, не се работи за тебе и затоа не мора сите да знаат, па да имаат повисоко мислење за тебе. Корист од „внатрешни фактори“ ќе имаш во секој случај, не постои човек што помогнал, а истовремено не се чувствувал подобро во врска со себеси, како да е подобра личност отколку претходно (споредено и со себеси, и со другите). Што се однесува до споделувањето на социјални мрежи, мислам дека може да се привлече внимание за даден проблем без прикажување на сопствениот придонес во решавањето на истиот. А доколку е неизбежно да се утврди сопствената вклученост, тогаш може да се минимизира нејзината улога преку ставање фокус на проблемот, а не на тоа дека ние сме учествувале во решавањето на истиот. Со други зборови, мислам дека многу проблеми може да се прикажат со деперсонализација на добродетелите од истите. А таму каде не може, целта се гледа по изборот на самите зборови/начинот на извршување на самото дело иако за сите, исти зборови и исти дела немаат иста цел и исто значење. Што доведува до тоа дека зависи како ние ќе избереме да го сфатиме. Заклучокот ми е: мене лично не ми е точно зацртано дека јавната хуманост е неискрена во сите случаи, ама повеќе ми се допаѓа анонимната хуманост.
Хуманост е да помагаш без да се фалиш пред светот дека си помогнал, да не бараш зошто си дал, помагање без корист од срце
Има луѓе што се скромни и хумани, и има луѓе што се хумани ама едноставно сакаат да добијат заслуги за тоа. И првото и второто се океј затоа што целта е таа - да се помогне. На нас е дали ќе се фалиме или ќе си ќутиме. И на нас е дали ќе ги сакаме повеќе скромните или фалбаџиите (како за се останато во животов). Ама не би било фер да ги наречеме вторите дека се лажно хумани, освен ако не се работи стварно за некоја превара.
jas sum protiv ..uzasno e koga gledam takvi falbadzii , da tokmu toa se falbadzii . a posebno pak dokolku na slikite ima i deca (cesto gledam po ovie elektronski mediumi i deca objavuvaat) se znae sto e humanost..pomagas ona sto mozes i si molcis, ne ti treba nikakvo javno priznanie,veke si go osetil vo sebe
Јавноста и хуманоста не мора да се исклучуваат една со друга, само зависи како е изразена. Јавната хуманост не мора секогаш да значи и фалбаџиство и претенциозност, туку и пример како другите може да се однесуваат. Плус, анонимните хумани гестови не може да имаат толкав опсег како јавните. Замислите хуманитарна донација. Како ќе ја организирате ако е анонимна? Како ќе дадете искрен пример за другите ако е анонимна? Анонимната хуманост исто така може да има нехумана позадина како и јавната хуманост. Анонимната хуманост која е искрена најмногу е индивидуална, и се согласувам, дека е показател за човечка доблест и добрина. Ги поддржувам и двата облика на хуманост, под услов (1) да немаат скриена лукративна компонента (2) да не ја хранат малигната нарцисоидност на донаторот.