Дали целта ги оправдува средствата? Дали вие кога ќе зацртате некоја цел подготвени сте да ја исполните на било кој начин? Дали за да стигнете до целта рушите се’ пред себе?
зависно за што станува збор. за дома удирам со глава во ѕид само да добијам нешто што сметам дека треба да добијам. мислам никогаш не претерувам во барањата ама и најосновното што ми следува сакам да го добијам. и затоа да правам се. меѓутоа кога станува збор за кариера не не правам се. мислам ако ми се понуди некој непристоен предлог ама по никоја цел не би прифатила па незнам за кое место да станува збор, а и не сакам на било кој начин да стигнам до целта. сакам да постигнам успеси по чесен, прав начин со труд. не сум таков карактер да срушам се за да добијам нешто. може сум наивна ама искрена и поштена и се надевам ќе се најде место и за мене во овој свет
Комплетно се сложувам. Би направила се што можам и што е во границите на нормалата за да дојдам до замислената цел, но никогаш не би газела преку "живи луѓе" како што се вели, само за да дојдам до тоа.
Се е релативно во животот,се зависи од ситуацијата во која се наоѓа човек, зошто секогаш и целите и средствата се различни и луѓето различно се однесуваат, мислат и реагираат. До некаде се согласувам дека целта ги оправдува средствата, само треба да се остане морален и да се користат на некој начин дозволени средства, а не да се гази преку лешеви за да се стигне до посакуваното.
Ги оправдува, ДА! Се до оној момент додека не се загрозува нечиј туѓ интерес, во смисла додека не се прави некому штета за сопственото добро. Ако за да си ја остварам целта треба безкрупулозно да одам преку се', тогаш не. Никогаш не би наштетила некому за да постигнам нешто. Има и други начини. Да ме гризе мене совеста после, па нема да можам да уживам во успехот, не фала! Успех со мирис на гнило не ми треба! Во посебни ситуации кога се работи за живот или смрт, да тогаш целта ги оправдува средствата, но во секојдневното преживување, НЕ!
Понекогаш да, зависи која е целта... Не може да се оправдаат средствата, за цел настанување на трета светска војна?!? Затоа ако целта е добронамерна, и не повредува никого ДА.
Ако ги оправдува значи сеедно е дали ќе повредиш некој или ќе си ги погазиш принципите и моралите. Важна е целта нели. Е затоа мислам дека не ги оправдува.
И јас мислам исто. Кога се кажува “целта ги оправдува средствата“ се мисли на сите средства кои можат да се употребат без разлика на тоа дали на некој ќе наштетат. Тука дури може да спаѓа и одземање на човечки живот. Тоа значи превземање на се, апсолутно на се, за да се дојде до целта, а таа секако може да биде дефинирана на различни начини. Без рализка на какви средства ќе се одлучи некој, секогаш ќе има рационално објаснување за тоа, па така и убиците имаат рационално размислување за извршеното дело нели? значи според мене не ги оправдува. Општо земено ова учење на Макијавели е земено за негативно во филозофијата.
Целта НЕ ги оправдува средствата. Средствата даваат оправдание целта да не се исполни. И апсурдно е да рушиме се пред себе заради лична сатисфакција. Па луѓе сме бре. Се надевам дека уште ги има.
јас извини али не се сложувам со тебе ама воопшто браво ако правиш се за да стигнеш до она што го сакаш. сепак секој е различен и има различен карактер