Секако дека ги оправдува!!! Неможеш ти да чекаш онака да се наместат работите за да исполниш некој твој сон или желба.Мораш да превземиш нешто за да го исполниш сето тоа
зависи за цел на кое поле.. општо како мое мислење.. кога во љубовта ќе сфатам дека нешто не иде и пак не иде и сепак после толку обидувања не иде се откажувам.. но без разлика на кое било друго поле ако зацртам нешто ќе биде така! по природа сум голем ИНАЕТ (можеби и лоша навика) ....
Воопшто не се согласувам.Целта не ги оправдува средствата, и мислам дека кога се вели ‘‘Целта ги оправдува средствата’’ не се мисли на на она што секојденво го правиме како на пример: Смислуваме нови идеи со цел да напредуваме на работното место или пак да се трудиме повеќе за да добиеме повисока оцена... мислам дека со оваа реченица се мисли кога некој ќе го направи и невозможното што се вели за да стигне до својата цел.На пример: ќе превземе туѓи идеи само за да стигне до унапредување или пак ќе мами само за да го добие резумтатот кој го посакувал без разлика колку луѓе повредил па затоа и ќе рече... Целта што ја постигнав ги оправдува средствата кои ги користев... така да воопшто не се согласувам со ова мислење, но сепак секој за себе....
Дали целта ги оправдува средствата? Лично за мене, сега во овој момент, ДА!!!! Ако нешто сум зацртал дека треба да го остварам, па ќе го направам што сака нека биде....И да не успеам од прв пат, ќе пробам од втор, трет....десетти... ама ќе успеам !!!! Не би газел преку живи луѓе, тоа не би го направил, туку би ја заобиколил таа опција....А ако морам, единствено ако морам да повредам некого, ќе ја објаснам ситуацијата на таа личност со надеж дека ќе ме свати и каде доаѓам !!! Може арогантно, ама секој си има соништа...Што ако се откажеме од сите соништа што ги имаме? искрено јас верувам во "Имај големи амбиции за да стигнеш далеку" !!!
Ако се работи за сите средства, ни под разно не ја оправдува. Мразам луѓе што газат преку се пто треба и не треба, за некоја цел. За се си има граници. Мене конкретно до сега на полето за учење и работа, целта не ми ги оправдала средствата, па не стојам повеќе зад оваа реченица, се надевам ке сменам мислење.
1.Дали целта ги оправдува средствата?-Ги опрвдува и тоа како, ако сакаш нешто треба да бидиш упорен и да се стремиш кон то. 2.Дали вие кога ќе зацртате некоја цел подготвени сте да ја исполните на било кој начин?-Сум подготвена и во 90% случаеви сум добила то шо сум сакала, едноставно одам до крајности. 3.Дали за да стигнете до целта рушите се’ пред себе?-Па сега би рушела, зошто да не, зошто сигурно некој друг нема да ме жали ако ме `сруши` за да ја постигни неговата цел.
Целта дали ги оправдува средствата???Па зависи за какви средства се работи.Што ако за некоја моја зацртана цел треба да си го срушам сопствениот дигнитет??Ако треба да уништам нечии живот само за да си исполнам некоја зацртана цел??Е во тој случај не би си ги оправдала средставта што ќе треба да ги употребам.
НЕ. Јас така мислам. Не би дозволила да ризикувам да загубам некој битен фактор во животот, само за да ја постигнам целта. Многу себично одиграно. Ни самата не би се исложувала на такви ситуации во кои самата себе би се понижила, еве на пример како во љубовта, да ја ставам на страна гордоста за на некој да му докажам дека го љубам(пример) има и уште многу други ситуации. Тоа за мене е неприфатилво. Затоа за целта да ја постигнеш, не би требало сите средства да ги искористиш.
Со сигурност можам да кажам дека целта ги оправдува средствата.Па, животот нема секогаш да ни биде поставен така како што ние сакаме, ќе има и ситуации во кои ќе мора да направиме разни работи, добри или лоши, за да дојдеме до тоа што го сакаме или до тоа што ни треба.Но, секако не мислам да се гази по живи луѓе.Во се треба да се има мерка, па така треба да знаеме и ние до каде можеме да одиме со нашите постапки
Јас имам граница до каде можам да одам со цел нешто да остварам. Никогаш не би повредила или би му забила нож во грб на некој од најблиските за да остварам некоја моја цел. Од друга страна пак, штом се работи за некоја личност која ми е многу важна во животот тогаш не би бирала средства и би одела до крај
Не не и не како сега ќе ограбам банка и парите ќе ги дадам во добротворни цели?оправдано е? има граници и кој не се дрзи до нив ја злоупотребува изреката.Точно дека ќе одам до крај и ќе успеам ама ако треба да зртвувам тоа ќе биде самата себе.има милион случаеви во кои немозе туку така да се правдаме со горе наведеното мото,јас на пример имам своја цел и се борам секој ден да стигнам до неа,си скратив од многу работи поминав преку многу препреки и ќе успеам знам ама нема да одам да се е*ам за пари или за полесно да стигнам до целта,крварам ама ќе се гордеам со успехот и тоа со дигната глава
Па и не баш... убаво е да се бориш да успееш во нешто, но да газиш преку сите и да си спремен на се за некои работи... па и не вреди баш. Колку што ќе мислиш дека си успеал во нешто на тој начин толку повеќе лоши работи ќе ти се натрупаат поради направените работи. Па ајде пак и од нив да се извлечеш ќе поминеш преку се...па кај е тогаш крајот... Дефинитивно целта не ги оправдува средствата. Не секогаш
Ако тие средства се во границите на етиката и моралноста. Ги оправдувам. Се подалеку од тоа го сметам за човечка глупост и бесчувствителност. Со еден збор - егоизам. Што според мене е огромна маана Никогаш не би газела се пред мене за да стигнам до мојата цел. Али би се потрудила на нормален, чесен и фин начин да дојдам до сето тоа. Понекогаш ако нешто многу посакувам би играла и грубо, али без жртви не би повредувала луѓе околу мене за јас да бидам задоволена
Да! Ги оправдува! Успехот кој ќе го постигнеш, задоволството после тој успех е незаменливо чувство за кое вреди да се стори се!
Едно огромно НЕ. Не е успех да прегазам се` пред мене, да користам најлоши средства за на крајот да постигнам нешто поради кое треба да бидам среќна. Оваа филозофија ми е крајно многу себична. Така да, според мене да се биде на врвот е добро само кога можеме да погледнеме подоле знаејќи дека не сме згазнале никого качувајќи се.