1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали целта ги оправдува средствата?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јуни 2010.

  1. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Целта НЕ ги оправдува средствата. Ако сакам да добијам некоја работа ,а на некој друг му оди подобро што ќе правам ќе го убијам?!
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не по секоја цена.
    Прво, не респектирам луѓе кои воопшто немаат никакви цели нити амбиции меѓутоа тоа не мора да се стратегиски цели за 30 год. однапред разработени до перфекционизам, но мора да постои и некој правец кој ќе му го дадеме на животот да не би бил целосно стихијно и хаотично случување тотално надвор од контрола. Затоа и се поставуваат целите како двигатели на нашата идна активност. Доколку целите се разумни, никогаш и не би излегол проблем во етички смисол за нивно остварување па макар и да останат неостварени. Проблем настанува ако целите сами по себе се проблематични за остварување, па во таков случај не е ни оправдано нивното остварување кое неминовно води до повредување на други луѓе или инкриминирање. И нема сатисфакција во вакви победи бидејќи се горки и бидејќи кармата или правдата ќе си по наплати долгот. Само е прашање на време. Треба да е добро човек на не знам колку обртаи испран во делот на совеста за да го рачуна ова мото како исправно, меѓутоа не би да судам, си има и Бог и судови за таа намена. Мене лично вакви луѓе ми асоцираат на Ханибал Лектор џабе му цела генијалност на човекот кога беше монструм.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    За тие што велевте дека целта ги оправдува средствата и дека би направиле СЕ, замислете ситуација
    - вашата сестра/брат (било која личност која ја сакате) има работно место кое многу го посакувате. Со цел да го добиете тоа место почнувате со правари, лаги, интриги (нешто ко шпанска серија :) ) и ја постигнувате целта. По помош на ваши лаги и сплетки, вашиот близок е отпуштен од работното место и вие ја добивате позицијата
    Среќни сте и задоволни што го имате местото што го посакувате?
    А тоа што вашиот близок го изгубил не ви значи, тоа шо е тотално разочаран во вас и ја губите таа блиска личност не ве засега? Битно беше само вашето задоволство, така?

    * ова е само ситен пример за тоа што се случува додека некои луѓе газат се за да стигнат до својата цел. Ова е милионски дел од она СЕ

    Далеку од тоа дека сега сакам да ве убедам сите да имате мислење ко моето, или дека осудувам. Само ме интересира како размислува другата страна за ова прашање, чисто дискусија, ништо повеќе. Без сарказам и навреди
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Целта не ги оправдува средствата. Многу е лошо човек да гази преку се за да ја оствари својата цел. Човек мора да биде голем егоист за да направи нешто такво. :x
     
  5. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    „Не ги гази луѓето на патот до врвот, ќе ги видиш повторно на патот назад.“

    Големо НЕ од мене. Не ми е јасно како некој може да се радува на својот успех ако знае дека е нечесно постигнат. Јас искрено не би можела да се помирам со себе си. Не знам како би спиела навечер да знам дека за да бидам таму каде што сум, сум газела се пред себе. Дури и за некои ситници што сметам дека не сум требала да ги направам се измачувам со недели, а не пак да живеам со тоа дека некој друг настрадал за јас да успеам. Не, не и не.

    Кога имам некоја цел што сакам да ја остварам, се трудам максимално за тоа да се случи. Ако се оствари сум пресреќна и слободно можам да се радувам дека сум го заслужила тоа со свој труд, а ако не си велам дека не сум се трудела доволно и дека нареден пат ќе биде подобро. Но затоа многу се нервирам кога некој друг ќе го постигне тоа што јас сум сакала на нефер начин и уште ми се смее во лице. :clap:
     
    На mishulence и Wild.Child им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Макејавелизам,така ?

    Зависи од целта,ако целта ти е да ослабнеш 5,6,7....15 кг.тогаш оправдан ти е орбитрек како средство.
    Ако целта ти е чист дом оправдано ти е секое средство за чистење.
    Мала шега во петок навечер.Не во никој случај.Да ви кажам искрено секоја година се повеќе размислувам како мајка.Што среќа ќе имам јас или моите деца од нешто ,ако знам дека тоа е на превара добиено,со лажење,цинкарење,гребење идр.ниски работи.Како ќе се чувствувам ако знам дека на некој децата му седат гладни дома поради мене која не бира средства за да напредува во кариера?Што љубов ќе имам со мажот и од мажот мој,ако спијам со некој( идиот како мене за да напредувам) на работното место?
    Луѓе ,се се враќа се се плаќа во животот.Знаете како велат постарите:Ако копаш гроб на некој,почни уште еден за себе ,таков не вредиш за никој.
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    во поголем дел од случаите да бар кај мене било така
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Да целта ги оправдува средствата се до оној момент кога заради твојата цел ќе биде загрозен нечии живот. Ако сакам да ми купат нов телефон, ќе кажам СЕ за да го добијам, но секако нема намерно да го скршам предходниот. :^)
     
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    не сум сигурна дали целта ги оправдува средствата ... зашто ако некој друг треба да се ризикува за ваша цел.или ако треба преку живи лешови да се гази за своја цел ......мислам дека не
     
  10. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Да... Но не секогаш,многу јасно !
    Доколу средство во борба кон нешто што го сакаш ти е измама,лага тогаш и најголемата цел достигни ја за себе-не вреди !
    Но,постојат работи кој премногу ги сакам(секако дека не се материјални) и се борам премногу за нив...
    И знам дека колку повеќе ќе вложам,толку повеќе добивам...
    Јас сум голем борец и не се откажувам.
    Секако дека не газам луѓе,дека не повредувам за да дојдам до она што го сакам,но знам да се борам и тоа многу долго време за нешто,и ако тоа нешто ми е важно го посветувам секој момент на тоа..
    Е во тој случај,кога ќе се внесам цела во нешто и тогаш кога ја достигнувам целта-се чувствувам исполнета и не жалам ни време поминато,ни маката што сум ја претпрпела.
     
  11. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    ДА, целта ги оправдува средствата се додека се во рамките на законот :)
     
  12. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Целта ги оправдува средствата. Се додека човек се бори за нешто, има нешто на кое се надева тој живее, а животот има симбол. Се додека она што го правиме не уништува нечија среќа, или не е надвор од законот, мислам дека е во ред.
     
  13. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Целта ги оправдува средствата, се додека она што го правиме не ги повредува другите,и не ја расипува нивната среќа.
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не ги оправдува, човек може да ги оствари своите цели без притоа да повреди некого, а може, само ако сака.Целта ја исполнувам, онака како што сметам дека е најдобро без да повредам некого.Не си дозволувам, заради остварување на сопствените цели, некого да уништам, без притоа да не мислам дали и како се чувстуваат другите луѓе.Доста научив, а можеби и сеуште учам/ќе учам од туѓите грешки, до сега нешто што го имав видено,знаев за сосем спротивниот начин на реализација на целите, но сега се уверив лично, а тоа е доволно за да знам како не треба да постапувам при реализација на сопствените цели.Овие нешта се премногу тешки и сложени, затоа и треба човек да размисли кое е најдоброто решение.
     
    На mihaela55555 и meow22 им се допаѓа ова.
  15. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Кратко и јасно НЕ! :D
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не. Каква е таа среќа ако се темели врз туѓа несреќа?
    Дури и кога би згазила некои луѓе за да дојдам до поставената цел не би била целосно среќна затоа што имам нешто што се вика совест и ме јаде.
    Несакам остварување цели по секоја цена, по цена на некој невин да пати.
    Постојат и други методи на остварување на целите кои не би повредиле никого, ако сакам вистински да си ја остварам целта ќе најдам начини кои не се надвор од законот и не уништуваат нечиј живот.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Во ред е да се бориш за тоа што го сакаш, но да се бориш на твоја сметка што значи да не газиш преку лешеви за да стигнеш до некоја цел. :shake:
     
  18. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Целта ги оправдува средствата и тоа како! Како што тие ме газат мене можам и јас така да ги згазам нив ;)
     
  19. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Дали целта ги оправдува средствата?
    Да според мене ги оправдува

    Дали вие кога ќе зацртате некоја цел подготвени сте да ја исполните на било кој начин?
    Секогаш се трудам зацртаната цел да ја исполнам.

    Дали за да стигнете до целта рушите се’ пред себе?
    Во денешно време за да стигнеш до целта мораш да рушиш се пред себе и да играш валкано,општестѕвото те принудува на такво нешто
     
  20. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :lol: ....ДА...самиот тек на животот ме натера да бидам таква....
    .. :* ...НЕМА ПАЗИ;САМО ГАЗИ:ОТИ ЌЕ ТЕ ЗГАЗАТ ТЕБЕ.....
    .. :call: ..денес тоа ти доаѓа како начин за опстанок......иначе ќе не проголта машинеријата,нас....