„АКО ЉУБОВТА ЈА ИМА И АКО Е ВИСТИНСКА ,ТАА СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ТУКА“ прекрасно кажано....офф топик,ми фалеа овие зборови за утеха...си ги повторувам зборовите....ти благодарам Sunshine!
Во последно време некако станав опседната со помислата за брак. Почнав да си гледам венчаници, дури и си избрав каква ќе ми биде венчаницата Не знам што ми стана. Можеби и поради тоа што во последно време многу школски и колешки се омажиа, па сигурно затоа и сум добила ваква желба. Но ќе си прошетам јас барем уште една година
Имам неколку другарки што на моја возраст се омажија, јас абер немам Незнам, некако ја немам таа потреба за брак, мислам дека сеуште не сум спремна за таква обврска. Ке си почекам докај 28-29
Па да. Најчесто кога одам на свадби.Тогаш се замислувам јас како невеста и почнувам да цмиздрам. Спојлер Јас на мојата свадба џабе ќе се шминкам,само што ќе дојдат по мене ќе почнам да плачам од среќа. Потреба за брак чуствувам исто кога сакам постојано да бидам со дечко ми.Да не морам да си одам дома за да спиеме заедно,и да бидеме постојано заедно. Сме имале моменти кога сме фантазирале за тие денови,но тоа се само моменти.Сакам пред да го направиме тоа,да постигнам нешто во мојот живот.Да се вработам и да не зависам од никого.Тоа ми е најважно Треба уште време да помине за конечно да дојде тоа. Ако додека сме во врска не ни е убаво,во брак па уште помалку.Затоа треба таа потреба да биде поткрепена со убави работи,и да има безброј причини за да "рипнам во тавче"
па да ...бидејки сум сигурна дека го сакам и тој мене ме сака се сложуваме се поштуваме си веруваме еден на друг, па мислам дека да
Никако не сакам брак, многу се плашам, мислам дека нема да ни е убаво, ке си здосадиме ке се караме навредуваме... Тој кога беше кај мене на гости 2 месеца (во германија)не ми беше интересно некако досадно ни беше јас мислам дека е поради тоа што овде немам своја соба немаме мир се некој е со нас.. а кога сум јас кај него на 2 недели е најубаво мн сме срекни и задоволни...но сепак се плашам од брак иако знам често да му кажувам не сакам да ми се правеш нешто повеќе кога ке бидеме маз и жена,да ми забрануваш и сл но и тој знае дека не сакам а и тој не сака сеуште јас сум 18 а тој 21
И двајцата чувствуваме голема желба и потреба, ама има работи кои сеуште не се средени, затоа сме во план да одиме малце да поработиме во странство. Јас уште одамна почувствував желба и секогаш сме разговарале на таа тема, но постојано ми викаше дека сум била малечка, дури некогаш сеуште знае да го каже тоа. Се однесува со мене толку нежно, како да сум помала од него 10 години, а не 4 ипол. Мислам дека се плаши да не одеднаш ме втера во непознато и да постигне контра ефект, а знае и дека со мајка ми сум многу поврзана. Затоа во последно време како да почна индиректно да ми опипува пулс, и покрај тоа што знае дека сакам. Внимателен е многу, што да му правам. Порано многу размислував на таа тема, како, кога, што... Ама сега не сакам веќе да се замарам, и онака ништо не испаѓа според план. Битно знам дека ќе биде, а најтешкиот дел му го препуштам на него, мое е само да си кажам "ДА". Инаку, воопшто не се плашам од промените кои можат да настанат, затоа што мислам дека ако има љубов и почит, не може да ја снема искрата само затоа што со некого делиш и добро и лошо, а не само заеднички убави моменти. Нормално дека се си има и добри и лоши страни, но со вистинската личност покрај себе, се останато е споредно.
Пак во оваа тема,понесена од моменталната љубовна ситуација,која за жал не ми е розева... Се повеќе чуствувам потреба за брак во моменти кога се карам за глупости. Сакам да престанат тие работи,и си давам надеж дека тоа ќе се промени во бракот.Нели,тогаш пак ќе има други работи со кои ќе се замарам. Али никад се незна.. Сигурна сум во тоа што го сакам,и знам дека никој нема да ја разбуди таа желба во мене како што го направи тоа мојот дечко
Во последно време и те како .... многу луѓе околу мене се омажија / оженија , многу другарки родија , останаа бремени , мене ми игра оваа мисла во глава . А не верувам дека сум спремна за брак , ама некоја еуфорија ме мава на таа тема!
Не! Бракот може дури и полошо да делува на љубовта, на почеток не, но подоцна да. Мислам дека ќе го одложам колку што можам, освен ако не го сменам мислењето во меѓувреме.
Да прво затоа што го сакам, знам дека тоа е тоа, сигурна сум дека тој е човекот со кого сакам да го поминам остатокот од својот живот, друго заради далечината некако како помнува времето се помалку ги поднесувам оние разделби, се помалку денови издржувам без него пр.На почетокот се случуваше да не се видиме и по еден месец и тоа ми беше онака океј добро не се радував, тешко ми беше ама ете можев да издржам, сега и оние 5 дена што сме разделени ме убиваат, ме прават напната и нервозна и тажна. Трето како што кажа некој погоре скоро сите другарки, пријателки, братучедки се омажија, некои се веќе бремени, некои имаат и деца и ете незнам ме фаќа и мене таа еуфорија. и последно финансиите, пари ненормални се фрлаат за патишта 300 ден автобуска карта, може не се многу ама 5 пати у месецот по 300 се собираат..(незнам ни јас оти го пишав тоа ама ајде )
Чувствувам потреба од проста причина што конечно сакам да си бидеме на свое, да не живееме благо-речено како во една хотелска соба (неговата соба). Да се осамосталиме, да делиме трошоци, добри и лоши денови и да почнеме да основаме семејство. Смачено ми е да се осеќам како “вечен гостин“.