...Љубовен статус:ВО ВРСКА ... Сигурно некогаш сте помислиле колку девојки ви завидуваат на вашиот љубовен статус,колку девојки се сами додека вие сте среќни,влубени и имате некој покрај вас? Е арно ама,ситуацијата е следнава:Вие сте во врска прилично долго време,сите тетки и баби веќе ве прашуваат што чекате уште,шо не си се земете?)Вистина заљубена си,споделуваш со него се,исто така и ти го знаеш неговиот живот како Оче наш,излегувате ,се дружите ама некако почнува да те фаќа монотонија....нормално погледнуваш и други момци,некогаш и замислуваш како би ги смувала,ти фалат оние денови кога размислуваше дали симпатијата те сака,зошто не те погледна....сега не размислуваш така оти некако си сигурна дека те сака,па со тебе е де сто века...некако адреналинот како да исчезна од вас,нема неизвеснот веќе....понегоаш дури и си викаш,па што ако се смувам со оној слаткиот дечко од кафичот? едноставно имаш потреба од нешто ново,нешто интересно,нешто поинакво?...што би се десило у таква ситуација?како би реагирале?...отворена тема бујрум на муабет
Го промени љубовниот статус од врска во сингл (како на фб) Должината на врската не игра никаква улога, ниту пак тоа што сите знаат. Јас не би била во врска во која се ми е монотоно, досадно. Ако секој ден не ми е нов и поинтересен од предходниот не гледам поента да ја продолжам врската. Оав што ти го опиша е навика , а не љубов.
Па... тоа е навика, кога веќе ја нема љубовта. Но ако реално гледаме дали е возможно и после години и години брак да ја има уште љубовта? Јас мислам дека не, сакање да, но онаа љубов не би рекла, многу ретко. Ако има љубов и ако си со човекот кој што го сакаш искрено со цело срце неможам да сфатам како би имало монотонија и како би ти летал паметот по други дечки. Така да од ова ми станува јасно дека нема ни баш нешто многу љубов во твојава ситација. Неможе дечкото да е пандорина кутија и секој ден да те изнанадува и секој ден да ти биде различен. Кога некого љубиш дури и само да седиш и да молчиш со него не би постоела монотонијата. Ако се сакате доволно пробајте да ја разбиете таа монотонија, и двајцата придонесете да направите нешто ново, да измените нешто. Можеби е тоа само период, чувство дека нешто ти фали, нешто што не си го изживеала порано, но најчесто после направените такви работи (залетување по момци, прекин на врска поради тоа) следи каење, затоа внимавај во што се впушташ. Можам да те разберам, јас не би можела да издржам во врска во која му го знам секој чекор што го прави, а исто и тој да ги знае моите чекори, кога станувам, кога одам во вц, кај сум, со кој сум... и не настојувам да ги знам тие работи. Битно ми е кога сме заедно. Исто така кога целосно и толку добро ќе запознаеш некој човек, кој е ограничен и неавантуриста и кога му го знаеш секој следен потег, секое следно движење, и кога уште пред да ја отвори устата знаеш што ќе каже. Не, несакам да бидам со таков, тоа би ја убило и таа љубов што ја чувствувам. Сепак ќе кажам дека љубовта не е доволна за да се справиш со монотонијата, затоа што онаму каде што има љубов која е е толку голема и обострана не би требало да има монотонија.
реално гледано, секоја врска поминува низ оваа фаза - монотонијата. е сега прашање е колку време трае? ако е неколку денови, тогаш тоа е нормално... очигледно дека партнерите се заситени еден од друг, и дека потребно му е малку слободно време да поминат со своите друштва, одделно, се разбира... на секој од нас ни е потребен и друг надворешен свет, освен ние двајцата. ако 24/7 сме заедно, нормално дека ќе дојде до оваа ситуација. но ако зборуваме за врска во која монотонијата преовладува доволно долг период (месеци), тогаш веќе има некој проблем. страста замрела, љубовта се заборавила некаде (или воопшто ако постои уште...)... темите за разговори се на најниско ниво... тука веќе не оде... ова веќе се поистоветува како голем проблем. и само прашање е кога ќе се расчистат работите помеѓу двајцата. е сега и тоа што пиша дека паметот ти летал по други дечковци... е па сигурно бараш нешто кај нив, нешто по кое тој до тебе го нема, или не ти го овозможува (љубов, страст, внимание, комплиметни, насмевки...) секогаш го викам ова , и пак ќе го речам, прва мерка за спас на врската е отворениот разговор (од кој можеш да заклучиш многу нешта)... потоа следува другото.
Мила ти благодарам што го сподели твоето мислење,сепак за да не бидам погрешно сватена морам да објаснам малку поубаво што сакав да кажам....Значи ништо на овој земски свет не го достигнало своето совршенство,па ни врските.Тука зборувам за врските кои траат подолго време,оние кои можеби ја изгубиле помалку страста,онаа првична хемија,но не и љубовта,по навика можеш да обелкуваш исти чорапи,да му се јавуваш секој ден,ама не и да го сакаш.Љубовта не е навика!Не значи ако секој ден се гледате и ти ке бидеш со него оти си навикнала да го гледаш секој ден,можеш и по три пати во денот да се гледаш со него ако не го сакаш не го сакаш и точка,нема дискусија на таа тема.Сакав само да кажам и сум сигурна и убедена дека тоа е така,дека во секоја подолга врска доага некогаш до некој степен на монотонија,кога можеби те фака носталгија за лудите момински вечери или сл,период кога ете ти иде да направиш нешто лудо,не велам дека ке го направиш значи,туку зборам за тоа како се чувствуваш....тоа ми беше целата поента на оваа тема.Благодарам
georgina според мене нормално е кога си во долга врска да факаат и такви периоди.работите не се исти као на почетокот и после година-две-три години.на почетокот ги има пеперутките во стомак,очекувањето да го видиш,па секој ден дознаваш нешто ново за партнерот итн..а после година-две веке го знаеш како дише шо се вика и нема толку изненадувања,ги знаеш и неговите емоции спрема тебе и се.навикнат си еден на друг,мегутоа и тоа е љубов,не е само навика.само што е еден поинаков вид на љубов.може да се каже онаа правата љубов.лугето некогаш љубовта ја мешаат со заљубеноста.на почетокот кога се запознавате со партнерот,кога сте месец,два три заедно,времето на пеперутките шо ги спомнав погоре тогаш всушност сте залјубени во партнерот,тоа сеуште не е љубов,љубов е она шо настапува после отприлика пола година помината заедно кога веке сте го запознале партнерот убаво и сте го прифатиле и со неговите добри и лоши страни.човек лесно може да се заљуби и лесно да се одљуби,ама љубовта е потешко минлива и мене ми се дешавале такви моменти,а мислат и на повекето(ако не и сите) шо се у долги врски.кога ке видиш некои пресно заљубени во твоја близина шо неможат да се одлепат еден од друг,или некоја другарка пресрекна со уста од уво до уво,ти раскажува за новиот тип шо го фатила,шо и како интересно и се десило,а ти во долга веза со истиот дечко,и ке си помислиш"еј ми фали и мене малце возбуда,интересно,ново,страст,со мојов тоа па тоа. ке помислиш"еј шо убаво поминувавме со другарките,одкога не сум искочила сама" итн.i ke искочам сама и шо..тапа ми е мислам на дечко ми дали ме мисли,поубаво ке ми беше и он да е со мене..и ко ке видам какви све фаци има,и нападни и вообразени и ке се подсетам колку е тешко да најдеш добар човек,кој вистински знае да почитува и сака,и си викам тања не биди будала,и одново свакам дека сум срекна што го имам.
Причината за монотонија во врската е брзањето од страна на двајцата партнери. Гледање секој ден, прерано запознавање со роднини и пријатели, секојдневно излегување заедно или со нивните друштвенца, па прерано одење на одмор и славење празници и нормално, ќе се заситат. Втор проблем е што и двајцата понекогаш забораваат дека ако се во врска, значи дека треба да се запуштат во изгледот. Јас не сум ги запознала родителите на мојот дечко, ниту он моите, ниту ни паднало на памет, ниту се брзаме. Не сме славеле Нова година заедно, секој си беше на одмор одделно, а сме заедно скоро 13 месеци. Секој си има денови кога излегува со своето друштво и никој апсолутно никој не се меша во таквите излегувања. Си имаме свои обврски и се гледаме максимум 3-4 пати неделно, што е сосем доволно. Секому му треба време за себе. Јас во овие 386 и кусур денови како сме заедно никогаш не сум дозволила да ме види со мрсна коса, несуредена или ненашминкана (освен наутро де). Се трудам многу, постојано смислувам начини како да ни биде интересно и забавно, а он не заостанува. Кога случајно ќе го видам низ град, се чувствувам како вистинска вљубена тинејџерка, исто како првиот пат кога ме бакнал... Ако сте во врска не дозволувајте да си ја изгубите слободата и сопствената индивидуалност. Не брзајте никаде, се' во свое време. Можеби на некој моите совети ќе му се чудни, ама успеваат. Нормално дека ќе ве фаќа монотонија кога се гледате 24/7 и сте го запознале со сите, сте биле на 98 свадби заедно + некоја крштевка, на 15-16 викенди и на одмор заедно. Епа на кој нема да му скурчи, побогу? И страст и хемија ќе снема. И Љубовта не е доволна за една врска. Ни најмалку. Сакајте се и до утре сабајле, ако нема СТРАСТ и одличен СЕКС, ни најголемата љубов нема да ве спаси од монотонија и навика.
И Љубовта не е доволна за една врска[/b]. Ни најмалку. Сакајте се и до утре сабајле, ако нема СТРАСТ и одличен СЕКС, ни најголемата љубов нема да ве спаси од монотонија и навика. Не да има вистина во ова... ама муабетот е дека или има или нема страст, а со самото тоа и ,,одличниот,,секс......ако отишле по ѓаволите некаде или пак едноставно испариле..ништо од ,,љубовта,,. Од искуство ова!
Има вистина во постот на Трендафилка. Отсекогаш сум викала дека треба да се турдиме во врска, дека мора секогаш најдобро да изгледаме, да ја одржуваме магијата заедно... И тоа е во ред додека си 1, 2 3 5 години во врска, но што се случува после? Кога ќе решите да се земете и кога ќе останеш трудна и... Ти со бебенце од 6 месеци до тебе, исто толку неспиена, косата мрсна, целата за никаде, нервозна, подочници, а тој се враќа од кафана и уште ти вика „Леле што ти се случило, зошто си ваква?“... И нормално, ќе ти дојде да го убиеш на лице место... Сакав да кажам дека не можеш стално да бидеш насмеана и весела и суредена и расположена... Додека јас живеам кај мама и тато, а исто и он, врската е супер и монотонија нема да ја завземе... Се гледаме по неколку часа во денот, тоа време додека се гледаме сме среќни, весели и заљубени,а нервозата и мрсната коса си ја чуваме за по дома. Кога ќе почнеме да живееме заедно, е тогаш доаѓа нова приказна, односно доаѓа фамозната реченица „Па ти не беше ваква, се смени“... Нема правила, љубовта и страста се најважни пак ќе се согласам со Трендафилка, меѓутоа врската најголем тест доживува со живеачката заедно! Тука ќе пројде период на монотонија, на нервози, на плачки, на среќни моменти, на најубави чувства, а најважно од се е да бидете заедно и да знаете како се заедно да пребродите, нормално проследено со многу љубов и многу СТРАСТ...
нормално е во секоја врска да има период кога е се монотонично, секоја чест да исклучоците ама и мене на периоди ми доаѓаат тие мисли во глава, што ако би се смувала со некој друг (нова тура, нова авантура )ама тоа што сум заедно со него подолго време не ми дозволува да го излажам.нормално имам смпатии, па кој нема? нормално се сеќавам на врмето кога сум била слободна (сам свој газда) луди журки до зори со другарките, однесување по твој избор и сл. ама ако имаш мн такви периоди т.е. ако секој втор ден ти доаѓаат такви мисли, најарно е да се прекине врската, оти можиш да попуштиш пред искушението позз
Ех, колку пати со една другарка сме го правеле овој муабет. И двете имаме релативно долга врска, и двете сакаме нешто ново да ни се случи. Да поченеме од почеток со некои работи, како нова приказна, да се случи нешто ново и различно. Или кратко кажано, сме виделе дека во последно време врската е монотона. И сметам дека е сосема нормално и се случува кај скоро секоја двојка. Рецептите на Трендафилка делуваат. Можеби не баш така, и не баш за сите, ама генерализирано така е. Со дечко ми се се случуваше брзо, и запознавање, и одмори, и викенди, триста чуда. Мислам дека тоа и не е толку пресудно за монотонијата, се додека тоа ви се допаѓа на двајцата и уживате. Меѓутоа, точно е дека си имам вечери посветени на другарките, а тој на другарите и не се мешаме во тоа. Точно дека не сум дозволила да ме види никаква, несредена и мрсна. Па и дома да сум киснела цел ден утепана, пак за него ќе се средам. Настојувам тој и јас да се градиме како личности и посебни индивидуи без меѓусебното влијание, што е тешко, ама возможно. Се гледаме секој ден, тоа да, на ист факс сме, барем 5 часа во денот сме заедно. Секс имаме секој ден, или секој втор ден, ама не изостанува, како и страста. Сме имале период на монотонија, ама дечко ми и така не е иновативен, па јас секогаш давам предлози и идеи. Кога ќе ме фати таков период, едноставно правиме нешто необично. Или пак се концентрирам на другарките, па после на него. Во секој случај, форсирањето е брз и сигурен пат до монотонија.
Јас мислам дека и двајцата партнери во врската не треба да дозволат да се најдат во ситуација на монотонија и да сакаат да избегнат барем накратко од она што им се случува. Овде вината не е во должината на врската, туку во самите партнери. Ако знаат како постојано да внесуваат нешто ново во љубовниот живот и да си ги прават се поинтересни моментите поминати заедно, не би требало да дојде до монотонија. Ако постојано се изненадувате, осипувате со внимание, нема ни да ви текне да помислете на нешто друго, а најмалку од се на симпатии други да барате. Е сега ако стварно се чувствувате досадно и монотоно, најдобро барајте друг партнер, зашо врската не ја бива веќе.
девојки не е само да не се избрзува и да не се гледате секој ден и секој ден да сте средена врската не е само додека сте кај мама ии тато ке дое ден и кога ке се земете и коа ке се гледате 24-7. а и нормално е да има периоди кога ке те фати јас си го нарекувам уплав и паника од се сакам да го остаам сакам да бидам со друг мислејки дека може ке бидам посрекна дека може ке шетам повеке па тој нема да ме нервира може овој не е за мене може грешам заслужувам подобро и бла бла милион ствари. незнам ја како го свакате животот ама не е се така розево и бајковито како во 1 година од врската или како на шпанските филмови кај што пливаат во пари. еве за пример ке ја дадам мојава врска јас го сакам дечко ми и животот би го дала за него ама има периоди коа сакам да го убијам хехе.заедно сме скоро 5 ипол години да се рече како во брак и сеа шо треба ја да се потресувамм да не ме види небанјата да не ме види без шминка пхх ма ајде што утре ден коа ке иам бебе и милион обврски на глава ја да се потресувам дали сум средена да не се исплаши маж ми коа ке ме види.нормално е дека сите треба да сме средени ама сигурно не ради некој друг туку ради сами себе. монотонијава да ја срушиме со патувања на жалост неможеме јбг такво време дое за што попрво пари.за идење по ресторани секоја вечер исто нема тоа е луксуз а искрено и не ми се даваат пари на тоа коа можам дома да си напраам. има денови коа е мн досадно и нема што да си кажеме па зјапаме у серииве и стварно е мн досадно ама не е крај на свет животот е таков.башка и иморни од работа па некогаш не мрзи и што сме живи па секс нема.алал да ви е на вас што се фалите дека имате секс секој ден па не еднаш туку повеке пати.у кратки црти ако има љубов ке ја има без разлика на монотонијата.ако не останете заедно и у такво време ондак шта речи немој да мислите дека овие што се у брак по 50 години го правеле се она што вие го кажувате за да успее врската. извинете на рефератот
Во долги врски доаѓа до такви моменти и со задоволство и носталгија се сеќаваш на почетоците кога беше поинтересно, нели? Врската и љубовта треба да се одржуваат. Јас би ја споредила со цвеќенце. Од малечко го полеваш, се грижиш за температурата во просторијата каде се наоѓа, се грижиш да има светлина и да расте на добра почва а потоа со редовна грижа тоа расте и станува прекрасно. Така и со љубовта. На почеток е убаво и интересно бидејќи тука се корените, но она вистинско доаѓа подоцна. Таа расте, се развива, ако ја одржуваш секако. И станува силна и прекрасна. Монотонијата секако дека ќе се појави, но ако љубовта остане љубов и не се претвори во навика тогаш ќе се среди. Та нели љубовта е најголемата сила на овој свет.