Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Znaeme nie deka decata znaat da bidat surovi.
    Ne deka tie se angeli i nepravat gluposti.
    Naprotiv pravat i toa mnogu, no na godinite ne moze da im prepiseme deka se bagra nevospitana neli,a posebno ne na site.
    Moze da im poedinci koi nedolicno se odnesuvaat, gi imalo vo sekoj klas i tuka nema sto da ne cudi.( sekoe dete razlicen zivot ima nemozeme da znaeme),no ne vo red site da se isti.
     
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Аха, а еднострано е тоа какви се учениците од тие школи? Наставниов кадар никаква улога нема? Еве на дело го гледаш речникот на наставниците, како да се очекува од учениците да бидат подобри?
     
    На 1112, lolitaspurgatory, ohlalalala и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Па мислам да. Отсекогаш на занаетски струки се запишувале деца што имаат малку поени, затоа ги држи таков тренд. Плус грото се машки. Исклучоци кај учениците има но тие се малку. Се однесуваат како што се оснесува "заедницата", така е со средношколци. Ако не си од Скопје прашај за мислење за овие две школи на пример.
     
    На Angie1432, Alisa22, Zaljubena26 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ако се отворат школите најтешко ќе биде за малите дечиња и ако ги пуштате ќе треба убаво да ги седнете и да им кажете што треба а што не смеат да прават на училиште и да им ги објасните ризиците доколку не почитуваат мерки. Наставниците таму нема да можат да контролираат 25 деца ќе бидат оставени сами на себе

    Баш си размислував, оние што учат во средно медицинско ќе биде голема загуба за нив бидејќи праксата на клиника ќе биде невозможна а во тоа е целата поента ништо нема да видат од тоа :(
     
    На Glowy, edna_malecka, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не сум од Скопје ама запознаена сум, имаме слично школо тука. И можеби послаби ученици се запишуваат таму, ама не дека и сјајни професори имаат.
    Како и да е, сосема несоодветен речник за еден професор. Ако не очекувам од нив возрасните, од учениците па ич. Ама да не одиме премногу оф топик.
     
    На 1112, GirlRose, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски

    Јас и претходно се изјаснив ЗА училиште и редовна настава во училиште, секако со максимални мерки и скратени часови. Е сега, како мајка на дете кое од нареден септември треба да тргне на училиште, оптимист сум дека ќе дојде крај на сево ова, но секако останува резерва. Прво, за помалите дечиња, под претпоставка дека часовите нема да им траат повеќе од два часа дневно, кој ќе ги презема по часовите? Еве и двајцата родители се на работа? Баба и дедо, не доаѓа во предвид, тоа дете би било темпирана бомба за нив. Сами да седат на шест, седум, па и осум години, исто така не оди. Не верувам дека училиштето би ги згрижило сите во целодневен престој, а и тој би носел своевиден ризик. Ќе речете дневен, едукативен центар, ама некој треба да го однесе од училиштето до тој центар, а би било удар по џебот на родителите. Од друга страна, полно организации не организираат работа од дома, ниту ротирање, ниту скратено работно време, кое не знам колку кратко би требало да биде за родител на овие деца. Ова е прашање со кое сериозно треба да се позанимаваат властите. И крајно време е обврската за ротирање да стане задолжителна за сите правни субјекти. Вака, работата ќе тече, децата ќе се згрижени и ќе остане доволно здрав кадар на секое работно место, имајќи во предвид дека во една канцеларија се сместени по неколку луѓе, а некаде се практикува работа во океан систем. Пак ќе кажам,ништо докрај не им е осмислено, а ускратија мноогу од образованието на децата за долг период.
     
    На Glowy, noteforself, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ова со 20 минути час, и одржување дистанца, па уште: Секое школо за една недела да направи план како ќе се одржува наставата, според мене ќе биде исто фарса, како и 'он-лајн' наставата минатата учебна година.

    Навистина не можам да разберам, како може во илијадници вработени во образовниот сектор, да не се створи доволно критична маса, за да се најде конструктивно решение?
    Пасивен и неодговорен народ... пасивен и неодговорен.

    Се' е плукни-залепи.
    Ние нема да ја пуштиме, ако се донесе одлука за посетување класична настава.
    А има и други кои се со тој став.

    Ако има доволно луѓе кои ќе ја бојокотираат наставата, нема да можат да не игнорираат.

    А тоа, се разбира, од нас зависи.
     
    На 1112, tinka-mace, Pixi5 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ма тие 20 мин час се смешен предлог.
    Ако е само за да се прошетаат и видат учениците и наставниците, тогаш ОК. :D

    За онлине настава, треба едукација на наставниот кадар, кој за жал е прилично инертен и незаинтересиран.
     
    На 1112, Annath, tinka-mace и 8 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    МОН спие откако почна сето.
    Во 6 месеци, ќе ги научеа основи на програмирање, не пак една апликација да користат.
    Нема оправдување, само изговори.
     
    На 1112, Annath, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ама да знаеш и колку има меѓу наставниците и професорите кои едноставно не ги интересира да научат. Вака, ем плата, ем не работат - боли ги дупе.
     
    На ohlalalala, emiliana и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Знам.
    Таквите може и да ги отпуштат.
    Има други кои се спремни и желни да научат.
     
    На Annath, tinka-mace, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Тој филм нема во скоро време да го гледаме.
    Знаеме дека партиските вработувања тешко ќе се искоренат зошто со децении се вработуваа неписмени и полуписмени.
     
    На Frosty!, lolitaspurgatory, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Еве на политика баш тоа сега го пишав:

     
    На cresa-jagoda и g8lQQk им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Ништо не е изговор за така да ги наречеш. Зар на исто ниво со ученици треба да сте, да мерите сила кој понавредливо ќе се однесува?

    Глупости. Каков глупав стереотип.
    Зар и вие наставници/професори вака ги делите школите? Што останува за другите...
     
    На 1112, Dust, lolitaspurgatory и 9 други им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Наставниците и професорите ако сакаат почит од учениците (како во старите добри времиња) нека се едуцираат малку повеќе и сменат светогледот, зошто ако не се кадарни да ги заинтересираат учениците за тоа што го предаваат, тоа е недостаток на наставникот/професорот, а не на ученикот. Нека изнајдат начин, па за тоа се и платени !
     
    На cresa-jagoda, ohlalalala и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ова да, ама ученик во средно да ти вика: ку*во-како што кажа претходно членката, не е проблем на наставниот кадар, туку на социјалните служби.
     
    На Frosty!, Just.do.it, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе проблем на родителите.
     
    На cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и WildMk им се допаѓа ова.
  18. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Лесно е да се каже, реалноста од другата страна на катедрата каде има 10-20-30 различни карактери е многу поинаква.
     
    На Emy867, Frosty! и tinka-mace им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не се глупости и не се стереотипи. Кога ќе имаш искуство со држење настава во вакви средини, тогаш ќе правиме муабет. Во средно училиште се деца кои веќе прошле преку процесот на воспитување, неможеш да ги превоспиташ.
    МОН е незаинтересиран и инертен! :!:
    Кај нас во март беа спроведени обуки за Зум, и сите го користевме, но единствено поради менаџментот на школото, а не на министерство.


    Еве уште еден нов напис за дискусија:
    https://denesen.mk/mon-i-sonk-so-sl...z0V1_TWV3W1iDgBX5kL6efrGzPO_2kK4pfVl4dCf999lc
     
    На tinka-mace, naturallmess и Ева33 им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Прашај во Орце што и прават на една професорка и тоа од највоспитан до најневоспитан ученик. Јас за тие таквите не можам еден убав збор да кажам.
     
    На Emy867, Angie1432, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.