Па не е до школите, до учениците е значи, секаде има деца што се потемпераментни, избувливи и со потежок карактер... Епа треба да се активираат педагог и психолог тука, сигурно има причини за нивното однесување и е нешто подлабоко у нивната психа, а тие како професори треба да препознаат и да му понудат помош и да се контактираат родители. На пример, знам едно дете во класот на брат ми што на наставничка и рекло "курва". Неговите проаѓале низ развод, детето што слушало дома расправии и што баба му викала таа мајка ти семејство расипа, курва е, од таму му останало и го вметнало во секојдневие зборот и + резултатирало со бес и агресија. Па потоа го носеа на психолог, се среди детето и го прифати и разводот и се нормализира. Ако наставничката го вреѓала плус немало ништо да придонесе за доброто на ученикот... И да се средно и да се основно, пак се во раст и развој и ко институција треба школите да реагираат за вакви ученици и да видат од каде потекнува тоа однесување... Сигурно не се однесува среќно и исполнето дете така агресивно кон околината, има причина за тоа. Од каде знаеш дека не сум била ученик во некое од тие школи или дека немам близок што е ученик или професор таму? И како средното не те превоспитува, мене тие 4г таму многу ме променија и ми влијаеја, и те како имаат удел во каква возрасна личност ќе се изградиме. И не е ова во склоп со Коронава што го напишав погоре, но од тоа што читам мој заклучок ете е баш тој, повеќе децата дома сами ќе научат, него ли во школите со наставен кадар и образование ко што сега имаме. Со чест на исклучоци секако...
Poleka malku, ne moze taka da se odnesuvaat decata ako nemaat pricina. I kakov e toj profesor sto ke go dozvoli toa? Pedagozi, psiholozi ima li vo toa skolo? Roditeli, socijalni rabotnici?nema nikoj da gi sobere? Nezainteresiranost se vika toa! Sistemot go pravi najgolemiot propust vo obrazovanieto, decata ne se vinovni!
Едно е од аспект на ученик да пишуваш, друго од аспект на професор. Неможеш да се ставиш во кожа на професор бидејќи само што си излегла од школски клупи. Ништо лично, те почитувам како форумски лик, многу добри ставови имаш. Но средното влијае да се изградиш како човек, но основното воспитание и култура го влечеш од дома и од основно школо, зарем не? Мака мачат професорите по овие и сличните на нив средни школи да воспостават ред и мир еден час да одржат. Инаку се сложувам дека средношколците (оние што навистина сакаат да научат) можат да научат сами дома и без присуство на професорите (освен онаму каде што треба пракса).
Не се согласувам не е исто кога средношколец ќе треба од дома учи цели страни и сам да сфати што е битно. И кога професор ќе му објасни што да учи и што е најбитното. Братучетка ми 17 годишна Одлична ама со онлајн наставата вика и ги "поклониле" сите 5ки за крај на година. Она навреме си пишувала домашно, правела презентации се тоа им праќала ама не е исто како во живо кога ќе и се објасни. Ако земе средношколец 3-4 година да учи сам/а од тоа книгите натрупени со многу непотребни работи ќе се изгуби. Од друга страна како планираат со 20 минути час тоа им е катастрофа секако секој втор средношколец ќе се групира и после часовите на кафе. Ако не на кафе на одморот се групираат јадат заедно секако. Некоја средина би било онлјан-настава ама онлајн-настава каде сите професори редовно ќе си држат од Пон-Петок и тоа барем по 30 минути. Не како до сега во месецот некој професор знаел по еднаш да им одржи онлајн-час и толку а некој па и воопшто не одржал само домашна и презентации епа небива така. Друго лошо во тоа како беше до сега онлајн-наставата е со тоа затрупување на домашни и презентации без часови во живо е тоа што еден ќе направеше за сите и така. Ако биде онлајн нека ја направат да функционира како што пишав од Пон-Петок со 30 минути час. А не дади домашна од 10 страни и уживај си.
Пример кај мене вака беше. Класната/класниот ти праќа домашна што имаш и рок за кога. Ти праќа и што треба да научиш. Јас не ни учев пошто никогаш немавме час на камера да се гледаме и да ме испрашува некој професор. Сите препишувавме еден од друг. Дури и класната ми прати домашна од друго дете да препишам тоа што не знаев како. Колку да да имам напишано домашна. Една дури не ни пишуваше домашни. Класната и ѕвонела кај е она не ни дигала. Ни родителите не се јавувале. И јас што научив од оваа учебна година? Ништо..
Да баш ваков проблем имаше низ цела Македонија вина имат и професорите, учениците и МОН од МОН бидејки требале да направат некој протокол со задолжителна онлајн-настава со онлајн-часови да не остават така само на училиштата. Професорите што даваа по многу домашно а притоа не се ни обиделе да им/ви објаснат со онлајн-час се најкриви знаат ќе си земат нормална плата и не се замарат дали ученикот ќе научи нешто. Кај неодговорните ученици што блокирале професори и ги избегнувале се истите тие што одат на школо само колку да им помине денот и да глумат мангупи ама се има и за нив решение. Пробуваат ли така да ги избегнат професорите и дури родителите им помагат пушти им социјална служба или нека им повторува година детето па да ги видам следниот пат они ќе се тие што ќе ги контактираат професорите.
Да си навреден оти ти се обраќаат со ш******а, а притоа им се обраќаш со "багра невоспитана" е на исто ниво. Земате плата да ги едуцирате. И од кое школо и да сте не ви дава право да ги декларирате така. А, и да. Не е само школо гимназија и медицина.
Јас едно не разбрав тука. Дали предава во македонски паралелки и кој предмет го предава? Бидејќи според кажаното од нејзина страна, зборовите "шипт. рка" и слични, во негативна конотација, ги изговориле деца од македонска националност.
Јас не разбирам како возрасни луѓе, па поготово во просвета си дозволуваат да се спуштат на ниво на тинејџери и уште повеќе да се споредуваат со нив. Како деца во градинка е дискусијава, во смисла тој прв почна. Што да се дискутира повеќе?
Буквално. Оправдување било: децата се такви таму. Ако не си предавал/учил таму не си компетентен да коментираш. Ако е така, отворете си петиција нека го затворат школото чим сите ученици се такви. Никој не сака таков кадар да излезе од такво школо. Работава е, сите се криви, професорите се цвеќе за мирисање.
Ne se znae koj se im predava na decata. Onie koi zavrsija so uspeh za profesijata koja sakaa da ja rabotatà(prosveta), se razocaraa od nedobivanjeto sansa vo naseto obrazovanie,site rabotat kelneri, sankeri, cistaci vo stranstvo, a nasite deca ke gi ucat onie koi i za sebe ne znaat! Sekoja cest na onie koi se blagodarni na rabotata sto ja nasle ,ucat se dograduvaat i uzivaat vo rabotata,a od nivnite katedri izleguvaat odlicni ucenici i licnosti. Sto i da se kaze izlisno e. Znaeme kade ziveeme za zal.
Ама глупост е шо така се мисли и сите такви дека биле ученици, па не знам ти што. Другарка од основно таму заврши, студира на ФИНКИ сега со просек над 9 е, еден другар шо таму заврши исто на електро запишан, чисти испити у рок, лом направија на факс. И само ради вакви стереотипи зар вредат помалце од ученик шо завршил у Корчагин на пример? Невоспитана багра ли се? Имав професор шо од тоа школо предаваше и кај нас, прекрасно знаење ни пренесе, а и не кажа никогаш лошо за тоа школо или да праи споредби како таму држел часови и не знам шо. Сепак сум убедена дека не се сите исти професори и дека има и такви шо се супер и не прават поделби вакви. Не можам да преќутам на вакви работи коа читам искрена да бидам иако многу ги избегнувам темиве, но не е фер вака да се пишува, поготово не од наставен кадар да вреѓа и потценува ученици... Место да се бара решение за настава во сред пандемија, читаме професори како нејќеле да предаваат на учениците зошто биле невоспитана багра. Стварно сум шокирана, образованието е потонато кај нас ептен...
Не е до учениците, до наставниците е! Не може истите ученици кај еден наставник да бидат најнедисциплинирани, а кај друг за пофалба, што би се рекло мува да лета ќе се слушне. На кратко кажано или те бива или не те бива како наставник/професор. Тие што не можат да одржат дисциплина и работна атмосфера за успешно да реализираат час, тогаш нека си ги скинат купените дипломи и нека си дадат отказ. Не е само основното училиште воспитно-образовна установа, туку и средното училиште е! Не го заборавајте тоа. А потребна е и меѓусебна комуникација и соработка меѓу наставниците и родителите.
Македонско дете да му рече на албанец "ш.ар" албанецов мислам ќе го убие Македонецот на лице место. Пошто се вреѓа. А албанец со албанец да се викаат "ш.ар" нема да се навредат. Албанец го прашува албанец "ш.ар си?" . И не се вреѓаат.
Го отупевте веќе ,ко да не знаете колку невоспитани има и кои глупости ги прават . Па уште леле ги увредила ,има толку невоспитани имбецили што "багра невоспитана" е комплимент за нив а не навреда.
И професор треба да вреѓа? Алиса, твоето дете да одеше во вакво школо и да го етикетираа како багра невоспитана океј ќе ти беше? Се збори за цело школо, или група. Не за поединци.