Верувам дека зборува за група а не за цело школо ,да не се правиме будали знаеш во средно колку невоспитани имбецили има што култура за нив е непознат поим.
Премногу забегавте од темава со дискусијава. Има секакви ученици и секакви професори, тоа е. Јас секогаш сум си имала почит кон сите професори, тоа е одлика на примерен првен човек а потоа и ученик. Сега и допрва ќе испаѓаат на виделина сите пропусти што сме ги имале во образовниот процес. МОН од март имаа време да скоцкаат онлајн програма ако навистина се заинтересираа, ама и самите сме свесни дека образованието ни е дно. За 20 мин ништо неможе да се научи и сработи, тоа е факт. Само на децата(поготово помалите) ќе им се дава повеќе домашна за дома и пак ќе треба помош од родителите. Поголемиве ќе се прават мангупи и нема да носат маски, а и да носат само пред професор џабе е кога после ќе јадат и пушат заедно, или после школо во кафич. Според мене најдобро е онлајн да биде. Жал ми е за помалецкиве што нема да ги доживеат тие денови ама кога би бирала помеѓу здравје на потесна и поширока фамилија и спомени од прво и второ одд би го одбрала првото. Подобро родителите после работа по некој саат да ги учат децава по нешто одколку да одат и да се испозаразат сите. А и родителите да си почитуваат мерки додека се надвор од домот, се разбира. И не е фер поради поголема група што се журкале во Охрид, да се етикетира и останатото малцинство(за жал) кое почитувало мерки од учениците. И од помалите, да, има мајки кои злоупотребуваат и седат дома а ги праќаат децата да се лулаат со уште 15 други, ама има и кои не прават така. Штета што секогаш ќе останат згазени и неприметени поради останативе. Јас имам завршено школо веќе, ама да би требало да тргнам на училиште за 20 дена во ек на пандемија, не фала. Или барем нека направат кој сака онлајн, кој сака во живо. А хаос ќе биде и така, кај можеш на Македонче да му погодиш.
Може ли да се зачисти темава од модератор? Две страни се пишуваат нешто што не е поврзано со насловот. Пробав да ја разберам членката што така ги нарече учениците и да се ставам на нејзино место, не навлегувам понатаму, но еве, сфативте дека секаде е генерализирање. Како што ги обвинувате и правите генерализација на сите професори, родителите и тн. така се прави и за учениците од одредени училишта зашто. Јас не се љутам. Но генерално знам и какви се професорите, и родителите ама и учениците
Иам видено со свои очи и слушнато со свои уши. А тебе што ти е поентата што се занимаваш у 3 сабајле со мене?
Апсолутно да. Има и невоспитани и некултурни и се. Ама, ако мене ме навреди некој со погрдни зборови, ќе го пријавам. Прво, не е етички и не доликува на просветен работник да се обраќа со зборот "багра". Погрден збор е. Можеше само невоспитани. Нит сум увредена, нит сум нежна. Само ова доста зборува какви наставници ги едуцираат децата и зошто сме до ова дереџе.
Според начинот на кој се спроведе онлајн наставата претходното полугодие/семестар, дефинитивно сум за физичко присуство од септември/октомври или комбинација, но само онлајн никако. Малку ни е образованиево катастрофа, барем да не го доуништиме. Реално учениците беа на распуст од март, немаат мотивација за учење, а не се свесни дека тешко се надополнува изгубеното. За студентите вежби и пракса се мисловен поим. Праксата одеше во голем дел со семинарски и презентации исто и вежбите, видеа и симулации. Студентите молат за одржување, надлежните се преполни со изговори и ветувања кои нема да се исполнат. Имавме полагања со физичко присуство и тогаш се скокаше кластер амфи вака така, па ете барем јас не слушнав да се крена бука дека некој студент се заразил на полагање. Значи ако се почитуваат протоколи се може. Децата и да ги пуштате и да не ги пуштате на училиште повторно се изложени на ризик. Вие и вашиот партнер одите на работа, може да го донесете вирусот. Според тоа што го видов, родителите генерално само за на училиште се плашат од вирусов. Да сме реални, прво за децата до 5-6то, па преполни се и паркови и плажи и игралишта и маала, секаде децата играат, трчаат, комуницираат со други деца без маски, без внимание на хигиена. Тие постарите основци и средношколците само се собираат, журки и што не, ни маска, ни дистанца, ни ништо. Студентите исто. Ама не кога треба да одиме на училиште и факултет, страв имаме од зараза, душегрижници за баба и дедо и тато и мама. Самите се залажуваме? И за крај чест на исклучоци кои почитуваат мерки и редовно си учеа за време на онлајн наставата. Но верувајте овој процент секојдневно опаѓа. Не е фер да се страда заради некој кој не почитува мерки, ама мора да се навикниме на реалноста, ќе си почитуваме протоколи и мерки. Ситуацијава ќе потрае, а вакцина кој знае кога ќе има, не може да чекаме до тогаш. Затоа пополека треба да се прифаќа и реалноста и ризикот за зараза.
Ништо не е поважно од здравјето, наместо да учиме од искуството на другите држави, ние учиме од нашите грешки. Доколку детето се разболе и пренесе на родителите, баби, дедовци, и ако возрасните имаат потреба од хоспитализација, кој ќе се грижи за децата? Треба сами дома да седат во изолација? Настава со физичко присуство е најголема грешка што може да се направи во моментов. Ама кога здравствените капацитети ќе бидат преполнети, ќе биде доцна.
За тие што може нека биде онлајн. На мојот факултет е тотален промашај ако пак биде онлајн. Ќе научам теорија, да, ама пракса?? Барем праксата да ни се овозможи физички.
Искрено се срамам што имам вакви колеги во образованието! И јас сум Албанка и минатата учебна година почнав да работам како професорка во средно училиште и мене на почетокот учениците пробуваа да ме зафркаваат како што викаат тие. Но колешке најбитен е пристапот што го имаш кон нив, секогаш однесувај се пријатно и убаво сослушај ги секогаш позади таква зафрканција се крие некој подлабок проблем а ти си тука да им помогнеш макар и со убав збор. Еве на пример еден ученик сакаше да ме зафркава( тогаш дојде во школото се премести кај нас другиве му рекоа) НЕ ЈА ЗАФРКАВАЈ ПРЕМНОГУ Е ДОБРА НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ЈА МАЛТРЕТИРАШ.
Точно, исто така повеќе деца во фамилија а еден компјутер, друга работа имаш наставници и професори во средни училишта што не знаат да работат на компјутер, така да како што реков не сме спремни за ова во моментов.
Мене во школо баби ми предаваа пред пензија врска немаа како да се снајдат па специјално фб правеа и на мединџер група колку да се каже дека нешто сме правеле. Друга работа,се убивме од препишување,исти домашни праќавме и ништо не учевме. За основно и средно не е можно да се спроведе ама за факултетите не знам што им е во план сеедно ми е искрено ама како и да е мора да се седне и да се научи.
И од младиве генерации на просветни работници ги има со знаење како бабиве. Ќе треба да си уплатат курс кај учениците што им предаваат да ги научат
Од 12 предмети, по 15 ви даваа домашни, од средно до основно, еден пишува, другите copy paste. Ретко кој ви се вклучи да предава, божем не знаеле, просто е, не сакале. Да имаа желба и наредба како ќе знаеа, ама полесно е со домашни само, а платата целосна. Удри ги по џеб на сите што не предаваат, како ќе се снајдат. А оценките од ракав извадени, ни тест ни испрашување. Можеби имаше по некои, ама сепак не беа релевантни.
А колку се спремни посебно маливе деца на овој начин да седат на школо? Колку ќе ја носат маската правилно, ќе пазат да не стават раце во уста, на очи... што правиме со турканици за во вц? Или мислиш ќе има редари да ги пазат? Мислиш државава е спремна за функционирање по протоклите што си ги пее цело време? Тоа за еден месец ќе се затворат школите. А за жал жртви ќе бидат децата за кои никој нема да сноси одговорност.
Јас полагав онлајн, и можам да кажам дека на мојот факултет, тие полагања не личеа на полагања, освен едно усно со камера што ми беше. Другото можам само брука да го наречам. Просто да ви објаснам, студенти што не знаеа што е овулација положија. Да, прашање имаше што е овулација и не знаеа, ама си го препишаа и си положија. Никаква контрола немавме. Професорите дека предаваа, предаваа, за тоа можам да ги пофалам, ама полагањата беа хаос. Некако ќе прифатам наставата да е онлајн, ама полагањата - нема смисла.
И настава онлајн и настава со физичко присуство си има свои недостатоци и предности. Ама, треба и да сме свесни дека со отварање на школите ќе пораснат случаите, тоа е неизбежно.Сосема се сложувам со @ostoun во врска со тоа. Но, пак останува дека целосна онлајн настава не е решение, а не е решение ни целосна настава со физичко присуство.Најдобро е да се направат комбинации и ротации на групи на деца кои ќе одат во школо.Само, уште да седнат и да не им е тешко да состават функционален план. Мора да се земе предвид и фактот што во школо најлесно се шират вирусите(пример кога во зима пола класови се болни), но и дека исклучително онлајн настава и тестирање е контрапродуктивно(пак тука ставам акцент на помалите). Мене лично воопшто не ми менува дали ќе го слушам предавањето на професорот или не, ама за едно 10 годишно дете не може да е исто. Кај нив уште толку ќе се истакнат и продлабочат дупките кои ги имаме во образованието.
Така беше си признавам, башка и си викам дај 4та година стигна цревата ти ги вадеа доста беше препишувај баш ти е гајле. Нас не ни предаваа на камера ,презентации правевме само и некои онлајн тестови што секако се снаоѓавме. А за оцените им поправија од 2ки на 4ки и од 1ца на 3ка со презентации секако