Истово се коментираше и за полагањата со физичко присуство, како ќе пазиме, како ќе имаме концентрација, ќе има групирања. И на крај се си беше најнормално, сите се пазеа. Сега одма ќе ми речеш друго е студент, друго е дете од прво одделение. Да, има разлика, ама затоа постојат родителите, ќе седнат со децата и ќе им ги објаснат правилата, ќе им објаснат дека не се мангупи ако не ги почитуваат. Секој родител си има свои методи за воспитување. Само онлајн е на штета на цел образовен систем. Затоа некоја комбинација од онлајн и физичко ќе направи некој континуитет. @ElenaOfRivendell полагања онлајн, не повторно, срамота беше тоа. @Kimberly11 не ве обивинувам за препишуавњето, сте искористиле ситуација. И за тестовите исто. Го осудувам начинот на кој се одвиваше тоа онлајн во основно и средно. Вака беше со поголемиот дел од професорите, имаше секако и такви кои се ангажираа.
@Glowy значи возрасни се со маските под нос, не пазат а не деца. Ќе заборават. Деца се, 6,7,8 години. Јасно им е се, и зборам, верувам и другите, ама сепак се деца. Не можеш да споредиш. А до сега се имаше време 3 месеци да се осмисли онлајн. Не е по секоја цена да тргнат на школо, не по цена на нивно и наше здравје. Кој ќе ги сноси последиците кога ќе буфнат школиве кажи ми? Еден наставник да заболи, цело школо иде во изолација. Исто си видела ли вецињата како изгледаат во повеќето школи? Мислиш има простор таму да се одржи потребна хигиена, башка дистанца? Да не се лажеме, кај нас ова не функционира. Ќе биде хаос од септември, плус со сезонски грипови/вируси, нема да се знае кој што има.
Возрасните се прават паметни, никого не слушаат и се тврдоглави, не само за ковид, за што било. Деца се, и јас бев дете, кога ќе ми кажеа од дома како треба да се однесувам во училиште, тие правила важеа. Онлајн е тешка катастрофа и 3 години за осмислување да имаат, пак нема да е ефективно. Не е по секоја цена, ама ако ситуацијава потрае, додека не се најде вакцина ќе отупиме со онлајн? Ќе сакаш да одиш на доктор кој имал онлајн пракса со семинарски, ти ќе му ги кажуваш проблемите, а тој ќе ти рече не знам да ти помогнам, ама да видиш каква семинарска сум спремил, лепоти. Ќе сакаш да си професорка по секој предмет посебно и да го учиш детето сама, зашто додека слуша онлајн настава полесно може да изгуби концентрација и да летне со паметот. Ризикот за да буфнат школите постои, но ризик постои и да буфне институцијата во која работиш. Сум видела, ја имав среќата да учам во едно од најлошо уредените училишта. Но имав и учителка која знаеше како да се справи при одржување на хигиена и да направи ред. И пак ќе речам за на училиште деца се не разбираат, ќе се заразат од вирусов, а секој ден истите тие деца што играат со врсниците (во малава моја има само 3-4 групи такви) немаат гајле, вирусот не постои.
По поглед на ефективност дефинитивно е подобро со физичко присуство. Но во овие услови и со олку неприпремени институции и неодговорен народ ќе биде хаос. Ќе има толкава нередовност не само од ученици туку и наставен кадар што ќе испадне во случајов и таа настава понеефективна.Позитивни ,хронично болни,суспектни, во контакт, во изолација... Незнам како студенти и средношколци ќе патуваат во преполни автобуси,ќе седат во студенски домови ,заединички кујни,веце...Предавања по 100 и повеќе студенти во амфитеатри ,лабаратории од по 20 м квадртатни без провев.... Слушајте ме ќе се отворат за месец два и пак сите дома...
Моево не игра, не можеш да ги ставаш во исти кош сите деца, исто како што има и возрасни што почитуваат и што не почитуваат мерки. Јас моето го пазам со месеци и сега да го ставам на ризик и него, и моите што го чуваат затоа што им е полесно така? Не, фала! Која концентрација ќе ја има детето на час од 20 мин, со маска на него која јас едвај ја трпам? Или само ќе сака да ја пипне и тргне? Далеку е исто школо кај што има илјадници деца, и било која институција во која може да има 3,5, 10 вработени. Сега ќе кажеш конфекциите, ама видовме и со нив што се случи и што кластери настанаа. Ама луѓето мора да работат, а за децата може да се изнајде и мора да се најде најбезбеден начин за нив да продолжат со школото. А физичкото присуство, барем кај нас не е возможно, а ни безбедно. Може да идеме со глава во ѕид сега, ама тој е фактот. Настрана што Филипче кажува очекуваат најлошо сценарио од септември, а ваму спремаат катастрофа.
@mareane им давам два месеци на школиве. Еве ако функционираат ок, со протокли со се три месеци и ја ќе го пуштам моево.
А ако се решат за физичка настава еве, и вие решавате да не го пуштате детето на училиште, како ќе се регулира тоа? Ќе треба детето да ја повторува годината? Мора да се регулира тоа некако...
Мислам дека нема не го пуштам. Другите не се деца што ќе одат? Не може да не се оди секако ќе следуваат неоправдани. Оправдание нема да е короната, сите се соочуваме со тоа во цел свет
Затоа и прашувам, бидејќи одредени родители викаат дека нема да го пуштат. Дали за тоа ќе следуваат казни? Ете и да не се плаќаат казни, како што кажа ти, ќе им се пишуваат неоправдани, и на крај тоа дете ќе мора да ја падне годината. Не ми е јасно како би се регулирало тоа, не може јас ќе го пуштам, јас не. Треба исто да биде за сите.
Повторно ќе речам чест на исклучоци. Жалам што ова ќе го кажам, но колку и да го пазиш има ризик за зараза. Само ако никој ниту влегува ниту излегува од вашиот дом, зборувам воопшто никакво излегување, само така можеш максимално да го заштитиш. Во спротивно и да не си свесна можеш асимптоматски да му го пренесеш па детето да развие симптоми, а можеби и веќе си му го пренела па сте поминале без симптоми. Како едвај ја трпиш маската? Премногу нежен народ сме. Медицинскиот кадар како ја носи на +40°C, две маски, наочари, визир и скафандер, тие како издражуваат? Или не, нив работа им е, мора така? Како што можат тие, можеме и ние, само да не се правиме свилени. Сум седела и со маска и со ракавици на топло, сум пишувала и воопшто не ја допрев маската, а ниту едното ниту другото ми засмета во некој момент. Не зборувам за институција од 10 вработени. Имаше позитивен кај мајка ми на работа, па ниту еден кластер не настана, а можеа сите да се заразени. Зошто? Затоа што почитувале мерки, нивото на хигиена е кренато, човекот навремено известил за симптомите.
Кој родител ќе објаснува, оној што и сам ништо не почитува? Дали знаеш дека има родители кои не седнуваат да им помогнат на децата за некоја домашна задача, нешто нејасно, не седнуваат да разговараат дали имаат некаков проблем на училиште, ама ќе седнат да им објаснат за маска дека треба да носат? Sure. И дури и да им се објасни, деца се. Момент на невнимание треба, да фати око, уста или нос со нечисти раце е доволно за да се зарази. Во тоалетите сигурно нема да одат наставниците да им прават ред, нема потреба да се правиме наудрени дека имаме некој наставнички кадар на кој многу ќе му биде битно што се случува во пет минутки пауза и дали децата се заштитени. Крајно не може и не смее да кажуваме за тоа кој колку внимавал на своето дете. Да во мал процент се, но има и такви кои многу внимаваат па не е во ред и нивните деца да се ставаат во истиот кош како и останатите. Ако се направи да е со физичко присуство и тие ќе мора да одат на училиште, затоа што ќе биде задолжително. До тогаш биле чувани и пазени, за сега сето тоа да е залудно. Не е во ред така.
Луѓе мене ме фаќа паника , бремена 20 та недела , а треба да мислам на тоа ако одлучам да не ги пуштам или да ги пуштам во училиште дали ќе ме казнат или не , машкото темпераментно , женското слуша и почитува , џабе да му зборам на малиот кога тој да се спои со другарите се што сум му рекла ќе заборави , плус дома сум со дедо од 90 години кој има минимум 3 хронични заболувања , моите деца не се социјализирани воопшто во последните 6 месеци не биле во контакт со никого и сум ги пазела максимално и нив и себе и семејството и сега ќе ми наложат да ризикувам да тргнат и ОК јас ќе ги пуштам во училиште да не изгубат година или да немаат неоправдани или да не платам казна ..... Каде е тука правото на избор , нелогично е во немање услови во сред пандемија да нема можност да одлучам јас дали ако имам имам ресурси и можност ќе ги оставам дома онлајн да учат или ако сето тоа го немам и не ми е страв и мислам дека е тоа соодветно решение ќе ги пуштам физички да присустуваат на настава? еве што да правам во ситуацијава ако има некој кој знае нека ме поучи , немам намера да ги пуштам во поглед на здравјето , а ќе морам да ги оштетам во поглед на образование затоа што нашиот систем државен е неорганизиран корумпиран и се се гледа преку призмата на парата и политиката ......
Познавам такви родители, и нивните деца ќе доотупат со онлајн, зашто нема да седнат ни да им објаснат нешто за на училиште, како што и самата кажа. А децата нема ни да пратат што зборува учителката на копјутер/телефон. Ама пример не ја носи соодветно маската, не почитува протоколи, казна за родителот. Тогаш има да седне и да го испее детето. На сите ги боли по џебот. На сите ни треба мал момент на невнимание за зараза. Учителките се поставени за да работат, а не за да оговараат по канцеларии и да не внимаваат. Еден период ако повеќе се посветат на работата нема ништо да им биде, од март само домашни праќаат, кои ниту ги прегледуваат. Заедно со учениците и тие беа на распуст. Чест на исклучови кои навистина си ја работат работата. Не кажувам кој како да си го пази детето, туку само кажав дека ризик за зараза постои во секој момент. Напротив реков дека секој има свои методи за воспитување, а логично на тоа и за пазење. Не е фер, разбирам, ама мора да се враќаме во нормала и да се привикнуваме на ситуацијата. Ако сте се пазеле досега, ќе продолжите. Тоа значи дека вашите деца се примерни и стекнале навики. Истите ќе ги применуваат. Во тој случај браво за вас како родители.
Ќе ја падне ли годината, или ќе може home schooling и ќе му се важи исто како да одело? Има некаква вест за ова?
Поентата е што јас зборувам што може да се очекува врз основа на како се одвиваа нештата во изминативе месеци, а ти зборуваш што би можело да биде доколку имаме функционален државен апарат. Џабе се претпоставки „шта би, кад би“. Наивно е да се верува дека после префрлањето на топката на министерствата од изминативе месеци за кој што требало да преземе и повторно не спроведување на никакви казни на дело, да мислиш дека сега ќе почнат да ги спроведуваат. Ако беа ефективни и тие малку казни кои се пишаа периодов, до сега бројката на заболени ќе ни беше 15 а не 150 на ден. Кој има пари ќе си ја плати и око нема да му трепне и и утре ќе си продолжи по старо. Кој нема пари, веројатно ќе се крие од плаќање како што се криеја луѓе кои требаа да примат решенија за самоизолација или ќе фати врски за да му ја укинат и никому ништо, секој по својот пат. Ни на деца, ни на семејство ќе им текне кога ќе им биде укажано на грешка. Повторно зборуваш за еден идиличен систем на образование кој кај нас повторувам ГО НЕМА. Знаеме што се очекува од учителките, ама тоа не е реалноста и нема ни да биде во ек на ваков хаос. Не се воспоставува ред сега, сега е само прилагодување на ситуацијата. Исто како што беше во однос на услови за здравствените установи. Најголемиот дел од нив се во состојба на распаѓање, со стари кревети, стари постелнини, рушени подови и ѕидови со влага, скршени прозорци, недоволно апаратура, недоволно обучен персонал во некои градови, недостаток на персонал во други итн. Што направија? Само ги прилагодија привремено. Исто е и со образование. Можеби ќе стават сапун во тоалетите, можеби ќе скратат часови, можеби ќе направат повеќе смени со помалку ученици, но да ја менуваат свесноста и да ги учат наставниците на одговорност која треба да ја имаат уште од почетокот на вработувањето ќе биде epic failure, од кој најоштетени ќе бидат децата.
И јас не знам, ама моето дете одлучив да не оди на школо. Со месеци не излегло со деца на улица, ни лулашки видело, само седи дома цело време, или со баби и дедовци за на крај се да падне во вода? Е не дозволувам. Во време на пандемија не може да не остават без избор кога станува збор за здравјето на нашите деца. Да не знаев како ќе биде по школите и да гледав со розови очари одма ќе го пуштев, ама пошто знам како тоа ќе изгледа, ете убаво има и @Purplelilac објаснето, свесно да го фрлам во огин нема. Зборам за себе, инаку нормално секој со своето мислење. Тој чие дете не се прибрало летово нема да има проблем никаков ни да го пушти на школо.
Најголем "кривец" во целава панична ситуација е МОН и БРО. И после 6 месеци од кризата немаат план за старт на учебната година, немаат апликации за он-лајн настава, ама имаат анкета од некоја ХХ агенција која вели дека родителите се согласни. Имаше ли обуки за наставниците? Им дадоа ли лап-топи за од дома да држат настава? Им кажаа ли со која апликација да комуницираат со децата? Ништо од ова нема, сами ја открија Zoom(како најчесто користена) апликацијата и се снаоѓаа како знаат без никакви инструкции и помош од министерството. Некои дури станаа и "блогери" во одредени учичишта каде што самото училиште отвори блог, и таму се прикачуваа сите потребни наставни единици(лекции, презентации, домашни задачи..) по сите предмети за да бидат достапни во секое време и за ученикот и за родителот. Вака ќе се створи само непотребна тензија, раздор, нетрпеливост..највеќе помеѓу родителот и наставникот/професорот