@Purplelilac Јас зборувам дека може да се изнајде решение, само треба добра волја и соработка. Одговорноста на самите професори е за нивно добро и за доброто на околината, па сега нека размислат дали ќе работат или ќе им е гајле за се.
Идеално решение нема, но мерките како намелен број на ученици во класови, намалено време траење на часовите од 20 мин., пак дури и редари кој би пазеле на учениците (има можност секое училиште за ова), дезинфекција, маски и сл. би резултирале со позитивен ефект, посебно ако споредуваме со онлајн предавањата кој се неефективни, кажав преходно и зошто. Или да промаши година, пак од наредна пак во иста да оди со наредна генерација.
Реално, home schooling кај нас нема шанси да функционира. Пола деца да идат, пола дома? Хаос. А добра замисла е тоа.
Сега од 10 Август ќе се "знае" што како? Би требало за тие родители што не сакат да ги пуштат децата да има некаква опција онлјан-настава. Се во ред си ги пазела не само заради нив нормално и семејството ама дали на децата им е добро и не се бунат 6 месеци без да се видат со врсници на нивна возраст? Не е убаво така да ги изолирате децата барем мое мислење ако па на нив им е убаво и интересно го поминуваат тоа време и не се бунат во тој случај ок.
Во ек на пандемија не било убаво да се изолираат од врсници. Дали се бунеле децата? Ова сериозно прашуваш??? Да требаше да се социјализираат немаше да затворат училишта и градинки во Март. Од ова си патиме и ради ова никогаш нема да излеземе од кашава. Каква одлука ќе донесат така ќе тераме. А дека ќе има ефект 20 минути час и дека ќе има протоколи и безбедност, тешко. Тоа во нормални услови и 40 минути час немаше ефект за малите посебно и апсолутно ништо не научија, не па сега во каша попара ситуација.
Вие си знаете ако пандемијава трае цела година детето цела година дома да ја помине без другари/ки особено полошо е ако е без брат/сестра. Друго за тие родители што живеат сами и без хронични заболувања не е е страшно и да се зарази ќе помине.
ситуацијата беше таква каква што е , и кога беа 30 заболени па и сега ако немам потреба да ги мешам со други - не го правам тоа , кругот на пријатели ни е таков , децата со кои се дружат и нивните родители исто така. Имаа онлајн комуникација со другарчињата , им објаснив каква е ситуацијата и тоа е тоа , не не се бунеа и не се бунат затоа што сериозно ја свативме состојбава и пандемијава .... незнам што би си направила на себе си ако останам индиферентна на ситуацијава и кренам раце и речам : правете што сакате , како би се чуствувала ако нешто се случи на било кој од нас имале хронична болест или не , оставал вирусот последици или не ..... не сум несовесна и не ја ставам социјализацијата пред здравјето , можеби сум луда , можеби не е тоа правилно ама најискрено да направиме муабет се се сведува на психолошка состојба на личноста и на приоритети - за вас ситуацијава е недоволно сериозна за да седите дома и вашите деца да седат дома , во споредба ризикот да се заразите или социјализација , најбитна е социјализацијата , кај мене е обратно ... никој никого не суди само пак прашувам ако има различни ставови зашто се добива само едно обврзувачко решение? Зашто нема можност за избор ? скам да имам можност да изберам да си ги заштитам децата , а да не ги осакатам интелектуално и тоа да биде мој избор дали онлајн или во училиште , а не на крај кај неспособни , кај неорганизирани уште ми кажувате ќе ме казнувале ако не ги пуштам во училиште
Во ред инаку и јас сум за секој родител да може да си одбере дали онлајн-настава или физичко присуство.
Сакаш пак да ти повторам, м? Од вакво размислување си патиме и ради тоа - и да се заразиме не е страшно, ќе помине. Ради ваквите како тебе има родители што немаат каде да си ги остават децата а мора да одат на работа. И од ваквите како тебе ќе се тресеме сите од Септември. Срамота е што после толку месеци трубење не ви влезе ништо во глава. А и не знам зошто не се држиш до темата, прашањето е јасно а тоа е - Дали ќе ги пуштиме децата во училиште? А не е - Дали во ек на пандемија си ги социјализираме децата со врсници и зошто не?
Реално подобро што ги изолирале, со надеж дека имаат колку толку контрола, отколку да се распуштени по цел ден на улица. Зашто генерално родителите на овие кои се "социјализираат" се против физичко присуство, а децата постојано имаат различни контакти. Но има и членки кои кажаа дека постојано внимавале и затоа се против бидејќи целиот труд би им пропаднал, а нивните деца доаѓа да се колатерална штета. Во прилог ќе постирам линк од еден прв училишен ден, од каде што со менталитетот сме различни, ама со ковидот сме тука некаде со ситуацијата. И повторно ќе речам ако се сака, се може. Подобра организација и поголема ажурност од училиштата. Не мора да е вака скоцкано училиштето во поглед на ентериер. Само мерките нека ги копираат. https://www.facebook.com/HoustonCountySS/photos/a.4051594364911405/4051596864911155/?type=3
да да баш заради мене јас сум крива и за пандемијата како што пишав ако сакате и цела година нека ви седат дома вие си знаете.
Какво физичко присуство бе уште тоа фали... Кој ќе одговара ако се продлабочи пандемијата со тоа, ако порасне нагло бројот на заразени. Ако се измешаат децата тоа не чека. Тоа дете што учи и онлајн ќе научи а од некое ќуштере не правиш ученик секако ако има таткому пари пак ќе го пикне негде со врски така да према мене здравјето е пред се
Сигурно ќе се влоши ситуацијата. Светските искуства така велат, слободно прогуглајте искуства од Израел, Ј. Кореа, САД и неколку други кои ги отвориле училиштата и последиците кои следеле... подоцна ќе постирам линкови. Онлајн настава, со редовен распоред како во школо, по 40-45мин. час на Microsoft Teams почнувајќи од 8 наутро. Толку.
Утре ќе се донесе одлука за школската година. Најверојатно ќе биде со физичко присуство и со посебни протоколи како седење еден ученик во клупа. Не знам зошто со сила се правиме будали, еден ученик на час можеби и ќе е сам, ама на одмор сигурно нема да е така.
А зошто не се согласиме сите дека ни со физичко присуство не е решение ниту па онлајн-настава каде дел од професорите не се замаарат да одржат час само домашно ги трупат децата. Ако гарантират дека секој ден(Пон-Петок) професорите да одржуваат редовни часови онлајн најмалку 30 минути-еден тоа би било "најидеалното" решение и тие што стварно сакат да научат не би изгубиле толку многу. Да напоменам и друг проблем што се јавило кај онлајн-часовите е некои ученици се правеле мангупи и на сред час си правеле рандом муабет додека професорот објаснувал. Пред да ми се нафрлите дека заради мене ви е страв да си ги пуштите децата не се секирајте немам дете за да пратам на училиште. Имам блиска братучетка што е средно затоа и толку се замарам на темата. Она не се собираше во Охрид додека скоро сите нејзини соученици биле таму. Ама затоа има отидено многу пати во дискотека па тоа ја прави на исто ниво како нив. Како и да е искрено би сакала да бива родителите да можат да си одберат дали настават на детето да им биде онлајн или физичко присуство.
Скроз истово го пишав неколку страници наназад. Јас сум за онлајн настава и да е задолжителна секој ден, без разлика дали професорот сакал или не. Кој професор не предава нека земе половина плата. Зезнато е и онлајн и физички, ама во сред есен сите ќе настинеме од обична настинка или грип и после ќе се направи хаос со децава.