Не ми е јасно за која социјализација зборуваат кога носењето маска (најверојатно) ќе биде задолжително, дистанца исто така, скратени одмори и сл.
Мене едно не ми.е јасно. Училиштатае работат во смени. Прва од 8 до 11...втора од 12 до 15.. Тие деца кој ќе ги носи во 12 во школо и кој ќе ги зема во 15?...прво, второ одделение не се за пуштање сами.
Има избор и без да плати казна. Може детето да ја земе годината вонредно и во основно и во средно училиште. А истото важи и за најголем број од факултетите.
Во нормални услови има одреден број часови кои што ученикот мора да ги слуша на училиште, за да не полага класен испит. Едно девојче кај мене во средно од икс причини често не доаѓаше на училиште, собрано се на се околу 3 месеци отсуствуваше. На крај, полагаше класен испит по сите предмети за да не ја падне годината. Така да, веројатно ако не го пуштите детето, ова би било опција за да не ја падне годината, секако, ако ги положи сите предмети. Казна не плати девојчето колку што знам.. Вондредното инаку не е бесплатно, се плаќа сигурно, ама не знам колку.
Јас колку што прочитав дека големиот одмор ќе бил скратен или воопшто нема да го има. За да се избегне групирање. Вондредно мислам нема за основци, а за средно може само со наполнети 17 години и знам некои потврди требаше да се носат зошто се оди вондредно. Исто за полагање на испит се наплаќаше. За основци е 30 дена со барање до директорот за ослободување од настава, за средно 2 недели или 10 работни дена, не се сеќавам добро. За средно исто со над 200 оправдани часови мора да се полага класен испит по предметите, а со 25 неоправдани часови се брка од школото.
Има вонредно и за основци со сигурност. Личност од блиска фамилија заради здравствени причини беше вонредно во шесто одделение. И не беше тоа одамна туку пред 3 години. Веројатно не се променило нешто од тогаш. Полагаше на крајот класен испит по сите предмети.
Може да има за здравствени причини, но сигурно потребни се потврди за боледувања. Јас знам исто од соученичка имаше доста услови, па не се префрли вондредно.
Очекувано, не донесоа одлука за одење у школо, не успеале да изнајдат решение иако до денес беше рокот. Претпоставувам т.е 90% сум сигурна дека оваа цела година ќе се одвива онлајн. Нема никој да се нафати на одговорност толкава за да се одржи хигиена толку да не заболи ниедно дете, страв им е и на директори и на професори. А и знаеме какви услови се у нашите школи, сите се свесни. Нема чешми, не се чисти ич школите, прашина врие секаде, а не па у пандемија ќе спречеле ширење корона. Од следен септември ваљда ќе биде се у нормала ама за овој не верувам.
Се согласувам со тебе. Нема шанси да се изнајде соодветно решение за да има настава со физичко присуство. 90% од школите немаат соодветни хигиенски услови и тоалети, а хартијата и сапунот се апстрактни именки во случајов. Пак и 20мин час Не знам кого пробуваме да измамиме, толку време им треба на професорите да дојдат на час
мислам дека тука се поставени голем број прашања на кои реално никој не дава одговор само со објава на неколку протоколи https://fokus.mk/roditeli-so-barane...otvorija-uchilishtata-pa-ja-uvidoa-greshkata/
Кога веќе децата одат по кафичи(не избегнуваат групирање), не отварањето на училиштата (со цел да се спречи групирање) нема никаква поента.
луѓе деца до 10 години , па и постари година двр не одат по кафичи , не ги ставајте сите во исти кош , тоа на сликите по Охрид и по журки се средношколци и постари , да не навлегуваме во дискусија ама и одговорноста не им е иста , етичкиот код исто така и начинот на социјализација не им е ист, и последиците кои ги сносат не се исти на крај дел од нив се полнолетни лица , не се споредува тоа со дете од 6 или 7 години за чија здравствена состојба сноси одоворност родителот или старателот
Ама не одат сите во кафичи. Лично познавам такви примери. Зошто сите ги ставате во еден кош? Да, повеќето се неодговорни за жал, но постојат исклучоци. И што продаваат магла со ова хигиена во училиштата памтам некогаш и вода немаше, да не зборувам за сапун. Или 7 часа секоја ден и нема каде да се измочаш а не па хигиена да држиш.
По кафичи одат средношколци кои се свесни за случувањата, кои го разбираат поимот држење дистанца така да таа категорија побезбедни се во школо а од друга страна како ќе им објасниш на 6,7,8 годишни дечиња да не се гушкаат со другарчињата, да стои подалеку?
И средношколците без пари т.е. финансиска поддршка од родителите тешко дека ќе се собираат во кафичи или во Охрид да се прават шмизли и фраери.