Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.503
    Допаѓања:
    39.120
    Пол:
    Машки
    Не.
    Затоа што поголемите се веќе описменети и имаат основа, овие до 10год. се во фаза на описменување.
     
    На fana, edna_malecka, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    И поголемите можат да пренесат вирус дома, мислам семестаров најдобро ќе е да е онлајн.
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda, ostoun и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    У право сте,мислев на тоа дека поголеми-повеќе свесни ама според тоа во Охрид повеќето за жал не се. Па најдобро е да биде онлајн.
     
    На chocolateheart, fana, edna_malecka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Немам деца, но споделувам гласно размислувања а гледам дека со некои родители од тука се согласувам. Не сакам да звучи како да го знам точното решение, затоа што не верувам дека еден го има. Но мислам дека треба да слушнат барем идеи од вас родителите за да одлучат што и како понатаму.
     
    На fana, cresa-jagoda, ostoun и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Изгледа одлуката ќе биде оставена на нас, како родители. МОН не донеле никаква одлука, туку само предложиле протоколи, нацрт планови и предлози како да се одвива наставата со физичко присуство, а перат раце од одговорност со тоа што оставаат на училиштата да решат сами дали има услови за редовна настава или не. И училиштата ќе направат анкети, ќе свикаат собири, совет на родители, и нормално, според мнозинството ќе биде одлучено што ќе се прави. А МОН како одговорни лица, перат раце, оти нели, не може да гарантираат дека нема да се зарази ниедно дете, се остава на личната одговорност. Ај поголемиве деца разбираат повеќе, ама и тие не се нешто свесни за лична одговорност, со исклучоци, за малите да не правам муабет. Колку и да разговараш со мало дете, под десет години, тоа сфаќа дека има опасен вирус, ама прв момент штом ќе ги види другарчињата во училиште што не ги видело со месеци, не би рекла дека баш ќе пази на протоколи.
    Еве, добив покана за совет на родители, да се дискутира за тоа како ќе се одвива наставата, екскурзиите и излетите, како и наставниот план за 2020/2021. Па ќе видиме што ќе биде одлучено.

    Проблем е чувањето на децата до 10 години, како и онлајн наставата со нив. Со поголеми така-така, ама имаа време да најдат решение за изведување на онлајн настава, начин за сите деца да имаат пристап до неа, односно да ги земат во предвид сите проблеми. Ама, изборите беа поважни, сега се тепаат кој каде ќе биде министер, тоа е побитно од здравјето на децава.
     
    На kukla21, Kitten, zhap4e и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ова е добар и издржан предлог, но од 6 одд нагоре.
    Но не часот да биде 40 мин, многу ќе им биде седење пред PC на децата.
    Имаат по 6-7 часа на ден, од здраствени причини не е изводливо. Плус, после онлајн часови пак ќе треба да го користат компијутерот
     
    На cresa-jagoda, azelea, Роберт 7 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Сега родителите ќе одлучуваат 100% или бидејки следниот текст буни малку од денес е мислам:
    И од Министерството за здравство соопштуваат дека Комисијата за заразни болести целосно ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес, сепак финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.503
    Допаѓања:
    39.120
    Пол:
    Машки
    Да, да, од 6то одд нагоре.
    Реално, повеќето деца (не само од 6то одд нагоре) остануваат на телефон или компјутер и повеќе од 6- 7 часа, вака барем би било повеќе продуктивно. Но ете, нека биде по 30мин. час ама добро оддржан, без доцнења и сл. Секако децата би имале и одмори и при ваков вид на настава, а сепак не би се буделе секое утро со страв да не го добијат вирусот во школо, ниту пак би морале да носат маски толку долго време.
     
    На Hellobeautiful, Purplelilac, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Еве, ај ти предложи начин како да се одвива онлајн настава? Особено ме интересираат идеи за деца под 10 години, да не зборам за првачиња кои основни навики за учење немаат стекнато. Што ќе правиш? Многу ме интересира?
    Јас еве мислам дека знам како ќе се одвива. Тие што до сега седеа дома, пак ќе си седат и нивните деца ќе бидат едуцирани, другиве небитни. Што би се рекло заштитените мечки од администрација пак ќе си останат заштитени, а со тоа и нивните деца, другиве како ќе се снајдат (конфекции, маркети итн.)
    Не може само да барате онлајн настава без притоа да ги согледате сите последици од истата. За таа да се воведе треба родителите (барем кај тие под 10 години) да бидат дома. А тоа видовме до сега дека за поголем дел од родителите е невозможна мисија. Одеднаш државава да стане совесна и да преземе нешто за тие родители кои не можат да останат дома, не верувам. Значи... или ќе си дадат отказ или баби и дедовци ќе ни ги “едуцираат” децата.
    За кадарот во училиштата и нивните ИТ вештини ич не ми се дискутира :x
    Јас одбирам да го пуштам (ко што милуваат да кажат тука) да оди на училиште. Иако сум јас ризична категорија, не сакам заради мене и заради шугавава држава детево да биде колатерална штета. Дека нешто сериозно ќе му се случи и да се разболе од вирусов не верувам. Пострашна е нехигиената во училиштата и бактериите кои постојано ги има. Ти како медицинско лице знаеш колку опасна може да биде стрептококата, па не видов никој родител да се бунтува и да не носи дете во школо заради тоа.
     
    Последна измена: 10 август 2020
    На Kitten, dc15, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски

    Ако ми беше мене тоа работа, ќе предлагав. Има луѓе на кои стриктно тоа им е работа, за тоа се платени, да изнајдат начин да го подобрат образованието, и да најдат решение кое ќе им одговара на сите. Јас сум за комбиниран начин и онлајн и офлајн, кој нема избор ќе ги пушти децата во школо, другите нека седат дома да го следат предавањето, ама знаејќи ја состојбата во нашите училишта, за кратко по отворањето ќе се затворат, поради зголеменото ширење на вирусот, оти едноставно не е можно да се спречи во затворен простор и покрај редовната дезинфекција, ако воопшто се спроведува. Јас сум за да одат во школо, сакам, незаменливо е школото од секој аспект, ама да фрлам деца во оган во ваква ситуација, кога владее релативно непознат вирус, не сакам.
    За стрептокока не се бунам, има лек за неа. За Ковид-19 нема, како и секоја друга болест кај сите дава различна клиничка слика со некои слични основни симптоми, ама крајниот исход е малку тешко да се предвиди. Пред се' затоа што немаме поим кој организам како ќе реагира, немаме капацитети во здравството за да не му се плашиме на вирусот. Летово лесно се прележува, скоро асимптоматски, со исклучоци, поради престојувањето надвор, ама кога ќе залади времето, кога ќе се напикаме во затворени простории, тогаш ќе бидеме изложени на поголеми концентрации на вирусот од носителите што автоматски значи потешка клиничка слика. Па затоа не би си играла со детските животи.
     
    На Роберт 7, Hellobeautiful, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  11. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    32.681
    Пол:
    Женски
    @An-na
    Зошто таа да ти каже? Ќе ја послуша неа некој? Оние што треба да изнајдат решение креваат раце, при толку вработени во МОН никој не кажа што е најдобро, па ајде сега на форумов ќе напаѓаме членки.
    Ако се сака сè се може. И родители да се ослободени, да се вработат професори со ИТ знаење или да се обучат постарите (имаа време од 3 месеци), казни за работодавците што нема да ослободуваат родители и други мерки.
    Aма ова е Македонија, тука се чека да дојде 5 до 12 па да се договорат што ќе биде, а во меѓувреме одговори ќе бараме од скроз трети лица.
    П.С. Дали сериозно споредуваш стрептокока со ковид?
     
    На Hellobeautiful, Purplelilac, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    6.689
    Пол:
    Женски
    Децата под и околу 10 години играат со врсниците во маало, постарите се по кафичи, збиранки и журки.
    Овој аргументот се користи затоа што секоја личност своеволно оди да игра, на кафе, на журка, тогаш што ја спречува на истата личност да посетува настава по утврден протокол? И тие што не се во ист кош со нив, доколку продолжат со почитување мерки, не би требало да има проблем.

    Дали навистина сметате дека вниманието кај некое дете може во целост да се задржи со онлајн наставата, ако секој час трае по 30-40 минути? Друго е во живо, гестикулациите издаваат, на камера не може да се пратат. Верувајте дека само ради реда ќе се приклучуваат децата, особено 13+.
    Како ќе се описмени едно дете од прво одделение? Родителите ќе бидат професори по секој предмет, зашто нема никакви навики да успеат да стекнат децата. Повторно ќе треба да се ослободат тие родители од работа и да тоа е во ред за администрација, на грбот на државата, ама за тие приватно и не толку, зашто никој не дава целосна плата за никаков допринос во работата, веднаш ќе најде замена, а родителот ќе добие отказ.
     
    На fana, Sejfullai, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  13. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Еден податок што го видов во групата за онлајн настава од 100000 заразени деца во Америка починале за жал 25 ама тоа е 0.0025%. Во Македонија 20000 вкупно деца секако неможе да се заразат сите па еве најмногу 200-2000 да се заразат и би поминале најверојатно без починати. Е сега проблемот е кај нивните родители, баба/дедо нема статистика колку од нив ги заразиле и настрадале... Не ми е целта на постот да подржам настава со физичко присуство. Туку според примерот со Америка проблемот не е децата што би се заразиле туку што би го пренеле и на нивните најблиски. Затоа онлајн настава колку и да е лошо изводлива би било "најдоброто" решение.
     
    На naturallmess, tinka-mace и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Еве нека отворат училиштата.ОК.
    Скратени часови по 20 мин.ОК.
    Нема одмори за да не се групираат.ОК.
    Наставата почнува во 8 наутро.
    Завршува во 11.
    Ај во 8 ќе го однесеш во школо, ами во 11???
    Кој ќе го земе тоа дете од 8,9 години?
    А нема да работат дневните центри за згрижување.
    Втора смена од 13 часот.Кој ќе ти даде од работа да излезеш за да го носиш?
    Не е еден ден ова!!?!

    Испадна дека децата на самостијност треба да ги учиме штом ќе проодат.
     
    На Роберт 7, ivi1987, katalina и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.249
    Допаѓања:
    170.062
    Пол:
    Женски
    Велиш казни за работодавците кои нема да ослободат родител кој има дете под 10 год.
    Во нашево гратченце има 5 брачни парови каде и двајцата работат во здравство.
    Два пара ( ова јас што ги познавам) едниот е во здравство другиот во полиција.
    Сите се со деца под 7 год.
    За нив кое би било решение?
    Да ја тужат државата или институцијата што нив не ги следуваат мерките ?!:^)
    Кај нас да најдеш и платиш жена за чување на деца е потешко од 7ка на лото да добиеш.
    Нема ни за лек!
    Неам поима ни до сега како се снаоѓаа тие луѓе, ама знам дека се очајни.
    Им фали уште учители да бидат на своите деца сега.

    Па ни отказ не смеат да си дадат.
    Да не збориме дали би 'смееле' да се подразболат:(
     
    На fana, poi, f.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    15.624
    Веќе ако се оди на онлајн тоа нека биде за поголемите,а децата од 1-во до 5-то нека си одат на училиште како што треба,ете така ќе се растерети училиштето може да ги поделат на две групи едно одделение и онака до трето одделени имаат две наставнички тие што се целодневна.

    Според мене ми нема логика деца од прво до трето одделение да учат онлајн,еј тие деца се описменуваат,допрва треба да го сватат школството и навиката за учење.Не можам да се помирам дека моето прваче ќе треба учителката да си ја запознае преку компјутер?
    Мислете дека ми е сеедно од вирусот? Дека не се плашам? Да, не ми е сеедно и тоа јас бремена да го пуштам во школо,но сметам дека на децата им е место во училиште ,не може вечно да се криеме од овој проклет вирус,милион вируси и бактерии поминав со неа од градинка.
    И многу е лесно да се кажува од страна казни за работодоавци,ослободување на родители не знам што? До кога? Знаете колку работодавци немаат ни 50% да поделат на вработените? Многу е лесно од страна да се збори,али изгледа најсилни се тие џаболебарите.Еве бев три месеци на 50% од плата немавме работа ни приходи ,сопругот на 70% и да ви кажам дека толку се издржува со намалени плати три месеци баш толку.И сама побарав да се вратам на работа оти ми требаат средства за живот и сакам да стварам не сакам да седам само во четири ѕидови и да се мислам како ќе преживеам и платам сметки.
    Никој не рече дека не ни е гајле за здравјето на нашите деца,и какви се тие напади во онаа групана едвај сме чекале од децата да се отарасиме да ги пратиме во школо ,какви се не глоупости се изначитав. Кој бре родител сака да се отараси од детето?

    Проблемот е само во тие што се седнати во фотелјите,кои со прст не мрднуваат за нешто да се променат.Ако се сака се може да се промени со добра организација ,ама се мрзи ништо не сакаат да се замараат,ни да се подобри хигиена во училишта и градинки ни да се организира наставата.
    А најмалите ,верувајте ми се најразбрани ако им објасниш за вирусот во поглед на заштита,ми се чини дека тие поголемите ученици,тинејџери се со усвитени глави и за нив не важи ни маска ни растојание.Се зависи од родителите дома како ќе му објаснат на детето.
     
    Последна измена: 11 август 2020
    На kukla21, Kitten, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Многу е 45 минути. Син ми ќе биде петто и лани имаа по 6часа. Тоа е премногу време за на компјутер за дете. Може да се даде главен акцент на математика, македонски, па два пати неделно да се дава природни науки и општество. Ликовно,музичко и физичко јас не би држела онлан туку би давала упатства за домашни активности да им бидат. Има толку многу алатки на нет, многу од нив се бесплатни. Она што требаше мон да направи е да унифицира една платформа за сите училишта и да остави наставниците да работат. И секако обука да организира има толку многу онлајн курсеви, обуки бесплатни, само треба некој да сака да седне да научи. Тоае искуство плус во кариерата. Еве јас и син ми имаме направено неколку пп презентации за лекции кои ги учат во кои ми.помагаше и тој а со тоа совладува вештини од предметот Работа со компјутери. Значи може да се држи час саат и пол два, да се обрне внимание на најважните нешта (пример учење на нови лекции на пр во петто присвојни придавки ете). Без непотребни работи и губење време. За првачињата може да се постави час кој ќе биде достапен во секое време (фб група , вибер и слично). Па кога ќе можат заедно со родителите да работат. Да не се оптоваруваат со домашни најмалите. Има толку многу идеи, ресурси и начини, толку многу се зборува а ништо не се прави. Иште гледам коментари од наставници дека можеби немале компјутер и немале нет дома. Дајте, ви се молам. Нека работат од училница, секое школо има компјутери и интернет. Ама изговори еден куп,зошто јаас да плаќам од џеб за да ги учам децата. Па во оваа ситуација треба да мислиме на нив, на најмалите, на нивните животи макар и.жртва да направиме. Инаку идеите ми се за одделенска настава каде еден наставник предава сите предмети. За предметната , средно школо и студенти немам идеи но верувам дека може да сесе направи нешто. Извинете на реферат.
     
    На Kitten, noteforself, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  18. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    добро женички не ги пуштате во школо а на игралиште по 20 деца и повише , по цел божиј ден ги пуштате или на игралиште по клупи , собрани еден до друг без маски таму вирусот не се фака ??...
     
    На poi и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Се сложувам скоро со се во твојот пост, освен во болдираното погоре.

    Немаат сите наставници компијутери и нет, исто како што немаат сите деца и родители, не знам што не е јасно.

    Еве јас имам статичен компијутер, немам лап топ, како ќе го однесам на учичиште?

    Да предава наставникот од училиште?

    1. Добар дел од училиштата, посебно во руралните средини немаат интернет и соодветна IT технологија да се изведе онлајн наставата.
    2. Еве јас (хипотетички кажано) се уклучувам денес во 8 часот да држам онлајн настава, и пола клас нема да може да се вклучи истиот момент од ХХ причини...
    И?? постигната ли е целта?
    Утре исто се уклучувам во 8 часот, 8 деца не се уклучиле, што ќе правиме?

    Не е лесно, за сите страни, но верувам дека наставникот пак ќе го "јаде дебелиот стап" на крај
     
    На Роберт 7, M.B., Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    6.689
    Пол:
    Женски
    @supergirlmb
    Се сложувам дека унифицирана платформа е најдобра опција при онлајн настава.
    Но, пробувам да сфатам зошто не го прави тоа МОН, за да не речам не се замараат (иако е точно). Доколку спроведат унифицирана платформа, последователно ќе треба да има обуки за начинот на користење. Дел од наставниот кадар веднаш ќе се пожали како се ограничени, не знаат да ја работат (и покрај обуките), постојано нешто им се наметнува нив и ред други изговори. А вака одврзани им се рацете, преку која било платформа, сами бираат, единствена задача им е да предаваат.
    *ова го гледам како изговор за неработата на МОН, не ги оправдувам во ниту еден случај
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.