Сите наставници имаат од тие малите лаптопи. Тоа да за руралните средини не го помислив, моја грешка,но таму реално има и многу малку деца може да се смисли и поинаков начин. Инаку во мојов град кај син ми немаа онлајн настава имаа само насоки и праќавме домашни од што јас не бев воопшто задоволна. Додека во други училишта имаа онлајн настава итоа задолжителна не кој сака. Ама такви сме ние за се изговори бараме. Не мислам на тебе лично туку општо. И да, колку и да мразам да го повторувам ова сега многу добро испливаа на површина партиските вработувања во мон и во училиштата. И неспособни кадри кои им е гајле само плата да земат. Во нашето училиште се бараше наставник по информатика, затоа што има еден само и неможеше да им држи.часови на помалите затоа што фондот му беше полн. Нашата учителка рече јас не можам тој час да го предавам(60гид има) и по програма треба да имаат наставник по тој час. Ама немало пари мон за такво работно место. А да ми извините заво канцеларии да седат еден над друг и да не знаат што им е работа има пари. Епа затоа е вака сега. Наместо да се трудат да ги обучат што повеќе децава за она кое его иднината тие на.час работа со компјутери играа прстенче. Ете тоа е.
Тие малите лап топи освен за работа во word и pp не ги бива за ништо. Спори, дотрајани се, исто како малите школските комп. се. Немаат можност за цд да се стави, а не може се преку усб, не е едноставно. Колку што знам, работа со компијутер во нижи одделенија оделенскиот раководител ја држи наставата, немаат посебен наставник. Се може да се смисли,нема идеално решение, имаше време, но очигледно од МОН потфрлија како и увек.
До трето одделение да, но од четврто натака има во програмата основи на програмирање и слично така да не може одделенски наставник да го држи тој час. Во некои школи си имаат наставник но во некои не. Исто е и со природни науки предметот.
Се имаа голем број семинари одржано по предметот работа со компијутер или како е точно не знам, баш за обука на оделенските наставници, со сигурност тврдам. До 5 одд, освен по предметите англиски јазик, физичко, природни науки и техничко обр, законски децата немаат друг предметен наставник. И да им предавал во нижи одделенија наставник по тој предмет, не е законски. Само си потполнувал цел фонд наставникот, со дозвола од директорот
Потполно се согласувам со тебе. Тие родители не можат мирно да си ги гушнат децата, без притоа да не стравуваат дали ќе им пренесат вирус. И последно што треба да прават после 12 часовна смена е да ги учат своите деца. Предлогот со некој да ги чува и не е лош, секако не сами да плаќаат, туку како родители кои во моментов ја работат најважната работа мислам дека треба да добијат некои бенефиции од државава. Дали поголема плата, или бесплатно да им овозможат некој да се грижи за нивните деца. Но, за жал, докторите не се ценети колку што треба и не верувам дека државата ќе се ангажира за нив. Тешка е оваа ситуација за сите, посебно за сите нас кои сме оставени да чекаме решение за учебната година од страна на луѓе кои се "премногу" ажурни. Само да помине што побрзо овој вирусов и да се вратиме во нормала.
Само се надоврзувам, не те напаѓам. Да не си сфатиш погрешно. Баш ги разгледував фотографиите. Вака океј на прв поглед, но на неколку слики ќе забележите деца без маски во училница. Во коментари има родители кои го забележале тоа, па им упатиле на наставниците да внимаваат. Но си мислам дека и наставникот додека пишува на табла не може да знае што се случува, особено не може да гледа дали некое дете си ја поднаместува маската 17 пати во еден час или дали ја носи под нос (имаше и такви на сликите). Но нешто што уште повеќе ми привлече внимание, беше дека во спортска сала се со маски. Не можам да замислам колку е нездраво да се вежба со маска. Не знам за вас, но јас некогаш имам проблем нормално да дишам преку маска а не пак уште да треба да трчам или пак да играм со неа на мене во затворен простор. За дете мислам дека многу нездрава опција. И последно што забележав беше дека всушност ова не се цели класови. Имаше наставници кои се без маски и тие всушност држат онлајн настава за децата на оние родители кои одлучиле дека ризикот е преголем. Мислам дека и кај нас треба да се остави таков избор, макар што тешко веројатно дека ќе има доволно заинтересиран наставен кадар за тоа да го спроведе на дело.
Во Србија решиле во една училница да има по 15 ученици, кои ќе седат на растојание од еден и пол метар. Часовите ќе бидат скратени на 30 минути.
Во Македонија прво треба да решат тоалетите да ги реновираат, или барем да ги опремат. Како планираш да спречиш ширење на вирус за кој прва препорака е „мијте раце“ ако немаш никакви услови за тоа?
Професорите треба да се одговорни и да пратат кој како ја носи маската, сепак и нивносто здравје ќе е во прашање. Како ќе го решат пробелмот со спорт не знам, дали воопшто ќе се држи или не, и ако се држи, како ќе се одвива. Инаку да, според сликите станува збор за комбинирана настава, сега дали одлуката е на родителите или не, тоа не знам. Кај нас и да го има изборот, професорите се тие кои ќе се противат, како не можат да држат и онлајн и физичко. Ретко кој би се нафатил, единствено некој што си ја сака професијата и е посветен. Другите може и штрајк да почнат.
Treba da pocnat site ucenici na uciliste a i gradinkite isto taka so rabota.Treba ednostavno da se navikneme na ovie novi raboti drzenje na rastojanie,dezinficiranje i zadolzitelno nosenje na maski.Nemoze da se odovlekuva obrazovniot proces ili bilo sto drugo zosto ovoj virus nema da iscezne tuku taka duri i da se vovede zadolzitelna vakcina prasanje e ponatamu kolku ke bide efikasna,kolku ke stiti i tn...Mora da se odi na rabota,da se zaraboti za zivot pa taka i so decata podobro da sedat vo ucilnica i da naucat nesto od kolku da sedat po celi denovi doma na kompjuteri na tableti ili da se pravat sobiranki po kafinja kafeani i slicno.Ako mozat roditelite da gi pushtaat na zabavi po kafinja i da se shetkaraat togas mozat i na uciliste da odat!A so taa "bozemska online nastava" nisto nema da se postigne spored mene samo ke imaat dupka vo obrazovniot proces idnive generaciii sto doagjaat,najmnogu tie sto sega treba da pocnat prvacinja so taa online nastava nema da znaat ni kako im izgleda ucitelkata a kamoli da bidat motivirani za ucenje i slicno...A instituciite se tie koi treba da najdat resenie kako ke se odviva nastavata.I neznam sto tolku se bunat roditelite za online nastava da se drzi ako sakaat taka neka im drzat oni samite nastava doma pa da vidime kako ke se snajdat i na rabota i drugi obvrski po doma pa i uciteli i nastavnici neka bidat multitasking ako moze!
Не може да биде ништо нормално во услови на пандемија. И најверојатно немате деца и не сте се соочиле со болеста затоа што вака размислувате.
Ова за себе секој. Моите деца ни во продавница немаат појдено од март месец. Вчера малото прв пат го пуштив со татко му со маска со гел за дезинфекција и се. Големиот игра со еедно другарче,за кое знам дека сите дома се пазат. Не го пуштам во групи деца. И да, ме боли,боли кога ги гледам собрани групи деца, кога ме моли да го пуштам да си игра фудбал.Ќе издржиме уште малку.
Премногу досаден и напорен стана аргументот поврзан со кафичите и кафаните. Кажете си мислење за школото а не кој, колку, каде искачал. И по 50000ти пат бидејќи ете уште се врти едно та исто, ДА, бидејќи има деца/студенти што искачаат надвор без да почитуваат мерки, тие што почитуваме не сакаме да се заразиме самите или некои дома поради нив, па затоа претпочитаме онлајн настава, која нормално не може да биде иста како со физичко присуство ама е далеку посигурно.
А не може некако да се направи кој сака да оди на училиште, а кој не сака во живо, да слуша онлајн, без да биде казнет поради отсуството во училиште? Така изгледа би било “најидеално”. Кој што не сака физички, да му се овозможи онлајн.
Сите што ги пуштаат децата на игралишта, во кафиќи и по забави не се плашат од вирусот, или не веруваат дека постои или се без болести, па мислат дека лесно ќе го пројдат.
Тоа ќе кажев, и професорите и наставниците имаат свој живот, не е изводливо ист човек и во школо и онлајн потоа да држи настава од по неколку саати.