Без разлика дали имаат маски и дезинфициенси, проблемот е што децата нема ни да пазат дали ги фаќаат и вадат маските, ниту ќе дезинфицираат раце и површини. Тоа големите се снесмасни, не пак деца.
Ако не се вратиме во клупите, не знам дали ќе запишам семестар... Мислам, ќе запишам под дифолт, ама... ќе се натегам до бесконечност за се'. Не оди онлаин.
Затоа што не оди. Испит како испит ќе го спремам, но што ќе научам? Нема практика, нема работа во лабораторија, се е на невидено. Јас не се запишувам да истерам некој курс од три месеци на интернет, а факултет. Ако сакам онлаин курс, ќе запишам курс, не 4 години факултет.
Ок, ама јас гласав да , иако се плашам. Иначе, и во Холандија луге умираат од корона , и тоа не баш малку, не сум проверила бројки во последно време. Ризикот е дали ќе се инфицира, ако се инфицира веќе секако му верувам повеќе на здравството овде, затоа и не идиме таму годинава. Мислам дека сите, горе-долу ќе се разболиме...едноставно тоа е најреалистично од сценаријата, особено ако постои реинфекција. Мене не ми смета детето дома и сама си учи ( со потсеќање љубезно или помалку љубезно) и ќе и објасниме што треба, јас одам на тоа дека децата статистички полесно ќе поднесат. Моето дете за мене не е статистика се разбира, за мене е таа се', ама до кога ќе ја држам затворена? Сигурни сте дека вакцина ќе покрие и разни подвидови вирус ако се појават? Јас се кладам дека бар еден од нас тројца има антитела..ама не можам по своја воља да трошам ресурси да се проверам. Нема овде ај плати си на приватно бла бла.
Да де, секако. Како што се изведуваше и семестаров што помина. И не знам што проповедаш тука дека образованието онлаин е супер, кога ти немаш допирна точка со образовниот систем.
Ако не ви одржувале пракса, вината ќе ја барате во МОН, а не да ризикувате да се заразите, оти нив им било мрза да си ја завршат работата.
Да, оти последните 4 месеци уназад никој не излегуваше од дома, па така немаше опасност за се заразиш. Никој не го мрзи да прати материјали, ама праксата ја нема. Праксата не е видео да го гледаш. Треба да го направиш нештото. Без пристап до лабораторија, нема како. И како што реков, јас не одлучив да студирам редовно за да седам пред лап топ минимум 6 часа на компјутер секој ден, и тоа само во теорија. Ова не е курс. Плус, студентскиот живот е искуство само по себе. Беше на стенд бај 5 месеци, до октомври има уште 3, можат да осмислат како да се изведува наставата и да воведат протокол како и за се' друго. Кој сака да седи дома, слободно. Негов избор. Јас не планирам да губам ни ден повеќе. Последно, како некој кој уште еднаш ќе повторам- нема никаква допирна точка директно со образовниот систем, врз база на што бараш образованието да продолжи да се изведува онлаин?
Рековме праксата треба да се изведува, а државата треба обезбеди услови за истата. Не ти го разбрав прашањето, извини..
Врз основа на што бараш образованието да се изведува онлаин? Подобар квалитет? Заштеда на време? Поефикасен метод за учење? И како што го увидуваш тоа, како ученик, илу учител? Надлежен во таа област? Или само обичен посматрач од страна? Оти тогаш не се важи.
Аха, многу јак фактор е не секањето. Да. Инаку, ќерка ти може да се зарази на секое излегување од вашата надворешна врата, под услов никој од тие што живеете заедно да не излегува од дома под никакви околности. Ако е така, капата долу. И нека си седи дома. Сите заедно можете да продолжите да седите дома ако сакате.
Кога излегува, пази. На школо и да се пази, пола од децата не пазат, а ќе мора со нив да помине 6-7 саати затворена во една просторија.
Јеп, значи таман немаш основа за да се бориш за или против било какво образование. Али прашај ја ќерка ти што она сака, како ѝ поминале последните месеци, и како сака да продолжи со образованието понатаму. Ако не сака да оди во училиште, тогаш ќе разговараш со училиштето во септември, и ќе најдете начин да не присуствува кога не сака(те).
Ако отворат училишта, нема ДАЛИ, туку имаш обврска да го носиш во училиште. Така мислам. Во спротивно следат Законски казни. Не е ова градинка па ,,не го пуштам, дома ке го чувам,,
Понекогаш си ми чудна со БОЈКОТ и ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ. За да сето тоа што го збориш го сториш, мораш прво да основаш Здруѓение на граѓани и да собереш незнам колку потписи...малтене колку за политичка партија. Знаеш ли колку ,,бојкотирачи,,има позади тастатура, ама на дело си ќутат? Не верувам во Македонија да се бојкотира.Не сме созреана Држава за да народ го стори тоа а власта го слушне. Јас ти гарантирам со глава дека прв момент кога ќе се разбере за бојктот, така добро ќе ти ги замесат животот што нема да ти текне веќе да речеш НЕ.
Не е точно. Не мора да има никакво здужение. Едноставно, не ги пушта децата на школо, тој што не сака, и готово. Ќе им стане јасно на властите, и без бирократија. Јас ти гарантирам, дека толку пати ми го имаат замрсено животот, па не ме одвратиле од желбата да поправам она што сметам дека не чини.