Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Незнаат како да се договорат, нема сподобност, нема ред, нема протоколи, нема ништо подготврно...нема никој одговорност. Може уште еднаш на одмор да отидат
     
    На elimkd и tinka-mace им се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    Да,не може така,ама можеби треба да се види дали може технички часот да се снима па да им се пушта на тие што сакаат онлајн.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Понудени се 3 модели, и секоја општина ќе треба да избере модел според своите услови и заболени од Ковид.

    Има протоколи, стигнати се, секое училиште ќе треба да формира посебни тимови за се...
     
  4. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Не може да се снима директно часот. Не е училницата студио и учениците актери,
     
    На Purplelilac, Ева33 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  5. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Значи некој шири лажни вести, а јавноста (родителите и наставниците) сеуште не знаат ништо
     
    На Cka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Јас сега ги читам условите и протоколите од едно училиште, да не навлегувам во детали, ќе кажат на ТВ
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

    На состанокот на Комисијата за заразни болести денеска биле разгледани протоколите за работа на училиштата, а за утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките.

    „Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во оваа ситуација, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, што може да нѐ чека, не само ние, ниту една земја во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија. Овој став јас го презентирав на денешната седница на Владата, сѐ уште трае дискусијата и со дефинитивен став и заклучок, имајќи ги предвид сите аспекти од Министерството за образование и наука верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена“, потенцираше Филипче.



    ©Makfax.com.mk
     
    На Purplelilac, SummerGirl, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Еве ги моделите што секоја општина треба да ги усвои во зависност од ситуацијата во која се наоѓа:


    IMG_20200811_171031.jpg
     
    На tina2018, WaitTillTheEnd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Налетав случајно на статус на фб од еден наш доктор.
    Директно, сурово и реално во еден статус од неколку реченици кажал и доловил се за нашето образование...
    Screenshot_20200811-183025_Facebook.jpg
     
    На BlackMistery, MrenaRiba, emiliana и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    39.037
    Пол:
    Женски
    Ова што го пишал дека знаењето одамна не е сместено во школите е право во целта.Секоја година сѐ повеќе тоне образованието, сега плус имаме пандемија.
    Не знам веќе што да кажам, ваков модел, таков модел, ни јас веќе не знам што да мислам, единствено знам дека во ситуацијава што нѐ снајде мора нешто да се жртвува и нема идеално...
     
    На SummerGirl, elimkd, Fleur-De-Lis и 6 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    Штом образованието тоне, децата не ги праќајте во училиште.
    Еве објаснете ми кој ќе го описмени син ми, ако не наставничката?
    Претерувате.
    Паркови полни, кафичи со деца полни, плажи полни, родендени се слават, ама училиштата се проблем.
    Кој не меша деца, вие овде на форумот?
    Кој почитува мерки?
    Или по секоја цена дома да се седи, плата да легнува.
    Јас од раѓање дете немам кој да ми гледа, и отказ дадов и на тестирање на пункт за корона го носев оти немам кој да го гледа, се снаоѓам.
    И во нормални услови немам и се снаоѓаме.
    Приватен сектор не може да трпи. Предолго трае кризата. Кога не се почитуваат никакви мерко, која е поентата да се седи дома?
    Знаете дека празен џеб е полошо од корона?
    Не, не знаете.
    Па и пак он лајн. Глупости.
    Кога ќе седнат мајките со деца дома тогаш ќе поддржам он лајн настава. Се друго ми е лицемерие.
     
    На black-angel, ..barbie.., GirlVolley и 19 други им се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Никој не мисли ни на родителите кои не можат да ги чуваат децата, поради тоа што работаат. Сестра ми не е мала, средно е, ама мајка ми и татко ми работаат во приватен сектор со минимална плата. Одмор не можат да си земат кога сакаат. Еден од нив да даде отказ, не знам како би можеле да живееме со една минимална плата. Сакам да кажам да бевме мали со сестра ми, ќе немаше кој да не чува. Освен да дадеше некој од нив отказ, ама едвај ќе го туркавме месецот. А да бидеме реални, кој работодавец би плаќал некого а да не му оди на работа? Не е така лесно да биде цела настава онлајн. Освен државава да си им плати на тие родители што не би оделе на работа за да ги чуваат децата (што е = 0).
     
    На tina2018, SummerGirl, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.010
    Пол:
    Женски
    Во ред, од прво до петто ќе одат во училиште со час од 20 минути. Обично имаат по 4 и 5 часа во денот, тоа се неполни два часа. Ако направат прваче да оди во 8 и часовите да му траат до 10, како тоа ќе се врати дома? Ти ќе бидеш 8 часа на работа, 9 со одење и враќање. Пак ќе кажам, не им е на сите деца училиштето до куќа, има деца што мора да патуваат подолго до училиште и назад.
    Јас моето во целодневна го имав запишано затоа што нема кој да ми го носи и земе од училиште. Што ќе прави моето дете, како ќе отиде и ќе се врати дома ако сум јас на работа фул работно време.
    Пак ќе кажам, целодневна избрав поради неможност да го земам рано од училиште. Сега нема да има целодневна настава. Што е со тие деца, за нив каков план ќе се направи?
     
    На cresa-jagoda, Annath, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.242
    Допаѓања:
    112.256
    Пол:
    Женски
    Мислам... Мака да го фати човек од очај.

    Избори, избори, избори ....... Функционални институции ни требаат, Собрание и Влада ни треба, дун**ва ми ја отекоа со тоа.
    Ајде ок, нека има избори - стварно техничкава влада не се снајде баш.
    Па смислија протоколи, па имаше вежба за протколот како би изгледал изнирачкиот ден. И ај бидна шо бидна со нив, фатија патот да се одмореле бе |( ама до 10.08 ќе се знаело за школите. Не само што не се знае туку ни идеја немаат за сите ситни потпрашања, еве пример ко ова погоре на иви за целодневната.
    Протоколи и вежба за избори може за децата не може. Бљак :puke:
    Тиха језа. Пакувајте куферите луѓе :|
     
    На Kitten, Miss91, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.010
    Пол:
    Женски
    Нели ви е досадно истово прашање да го поставувате постојано???
    Не се сите деца и родители исти.
    Јас моите од март не сум ги измешала со деца и луѓе општо, колку и да звучи чудно. Пошто безобразно од моја страна би било да работам од дома и да се мешам со народ нели? И ако закачев корона, па фино лепо маж ми им однесе на работа на колегите, тогаш што правиме?
    И сега на толку заразени, моите што не се мешаат ни со најблиските ќе треба да седат во затворен простор со деца што не се знае дал почитувале мерки како моето.
    А и друго многу битно прашање е колку тоа дете ќе научи од 20 минути на час, еве ствсрно никако не можам да сфатам.
    Тоа во целодневна па не ги научија на основното, собирање и одземање, не па сега у хаотичнава ситуација.
    А, да не зборам дека децата немаа чешма некое време па немаа раце каде да си измијат. И немаа основни средства за хигиена како течен сапун и тоалетна хартија, а тоалетите им мирисаа на полско вц од што немаше кој да им го исчисти.
    Ама нели, децата мора да се социјализираат. Во време кога основна мерка е социјална дистанца. Трагично!
     
    На naturallmess, lolitaspurgatory, Ahoy и 8 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    Кај ќе одеш? Хрватска исто се уште одлучува како ќе започне годината, соседството исто. Австрија мислам деновиве одлучила.
    Секаде, ама баш секаде се одлучува овој период. Не можат во јули да знаат како ќе почне годината.
    Баш сега читав за како ќе се одвива школската година во други држави.

    @ivi1987 прашањето е логично оти ретки се тие кои седат дома од март. Јас само тебе те знам која не се меша. Друг еве не знам, искрено.
     
    На Glowy, azelea и ivi1987 им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.010
    Пол:
    Женски
    Не се мешам и затоа толку ме фаќа паника.
    Ако има мерки за заштита ок, како за сите така и за нас. Ама мене и тоа другото ме мачи, што е со децата од целодневна? Ќе треба со мене на работа да ја носам. Не знам, ама ме плаши ситуацијава искрено.
     
    На Ahoy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    Тоа не знам како ќе го решат. Кај нас нема, па се снаоѓаме како знаеме. Лудило. Јас ко ќе почнам на работа ќе го оставам на баба ми која има 77 години. Ама и сега се гледаме, она бара.
     
    На azelea и ivi1987 им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.010
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е во целодневна со уште 28 деца. И во нормални услови ми седеше до касно во школо (колку пати сама во училна), немаше кој да ја земе а од школо до дома има неколку автобуски станици. Не знам, не сум паметна во ситуацијава.
    Во зорт ќе треба свекрва ми да ја чува, а она е со хронични болести и три пумпици за плуќа.
    Самата помисла дека нешто може да тргне наопаку не ми дава мир.
     
    На cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    Знам бе мила,сите сме во истата каша,на ова треба да мислат тие што се надлежни,а не ние да си ја чукаме главата.Еве јас немам ни баби ни дедовци овде,никој,школото ми е блиску ама работата подалеку,не си паметен како да се организираш:x.Ама пак и ми нема логика ако одат часовите да траат по 20 минути.Што е разликата дали 20 ,30 или 40 ќе се? Што вирусот време ли бира ако треба да фати? Многу небулози и прашања што треба одговорните да ги решат.
    Моментално е кај баба и во друг град оти нема кој да ја чува,они не сакаат тука да дојдат таму им е полабаво и во двор се,нема многу заболени,а имаше денови и кога ја носев со мене на работа кога работевме скратено и преку еден ден,оти работата не ми е таква да можам да работа од дома.
     
    Последна измена: 12 август 2020
    На ivi1987 и duffi им се допаѓа ова.