Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски

    Секоја чест на исклучоци , прашањето ми беше за оние кој ги секаде пуштаат а се бунат , позз
     
    На злоба, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски

    пак ке кажам секоја чест на исклучоци да бевме сите такви до сега ке се сптавевме со вирусот како и другите држави ...
     
    На ..barbie.., Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  3. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека некој што се соочил со овој вирус, може вака да размислува. Кога имаш здравје, ќе најдеш начин да заработиш. И веќе не се ослободени родителите на школски деца, одат на работа, но ќе се снаоѓаат за здравјето на највредното нешто што го имаат, децата.
     
    На Purplelilac, Hellobeautiful, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.416
    Како си пишала со сигурност Јуле, ко докторкса дисертација да си спремала на темата :))))
    Еве у Србија одат редовно и школи и градинка :)
    Еве ги у Германија денеска им е прв ден на школо, слики на ФБ имаат од прв ден на школо :)
    Еве ги и Босна си одат градинки нормално.
    Стварно чудна си како се расфрлаш вака со неточни податоци.
     
    На Purplelilac, fana и referentka им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Доколку во новата учебна година училишната настава се одвива онлајн, една третина од италијанските мајки се подготвени да ги напуштат работните места, а дури 65 проценти изјавиле дека часовите преку интернет не се компатибилни со вработеноста на жените.

    Ова се податоците од истражување спроведено од професорката на Универзитетот Бикока од Милано, Џулија Пастори, кое опфатило седум илјади семејства.

    Според истражувачите, податоците покажуваат дека повеќето италијански семејства се традиционални односно оти веруваат дека работата на жена/мајка е да се грижи за децата, а дури 95 проценти од испитаниците рекле дека за време на пандемијата и на наставата преку интернет, токму мајките ја вршеле својата работа од дома за да им помагаат на децата и да бидат покрај нив, пренесува „Танјуг“.

    За време на карантинот, мајките им посветувале просечно по четири часа дневно на своите деца, практично паралелно работејќи две работи, својата и онаа на воспитувач, вели авторката на истражувањето.

    „Грда, неефикасна, демотивирачка, неподнослива“, со овие атрибути, интервјуираните мајки ја опишале наставата преку интернет наменета за нивните деца.

    Некои анкетирани мајки рекле дека работењето од дома и онлајн наставата ја бришат границата меѓу приватното и професионалното и дека не постои работно време, а некои навеле дека имаат проблем да го сочуваат целото семејство заедно, но сите апелираат дека наставата преку интернет не може да биде единственото решение, посочува авторката Пастори.

    Родителите, особено мајките, се исто така загрижени за тоа како ќе се одвива следната учебна година, дали ќе биде можно да се почитува растојанието во училиштата и да се применат неопходните мерки за хигиена, но и дали училишните простории се на соодветно ниво.

    ©Makfax.com.mk
     
    На ElenaOfRivendell и fana им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Зарем почнале во Србија во август ?
     
    На cresa-jagoda и ostoun им се допаѓа ова.
  7. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Во Србија одамна работат градинките. Може и од јуни. Со сигурност знам, имаме внука која си оди во градинка редовно.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Во Србија школите ќе почнат редовно, од 1 до 4одд. со физичко присуство, другите комбинирана настава.
     
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Јас за училиштата прашувам, темава нели е за тоа :D
    А за септември знам дека имаат план да ги пуштат, ама и тие се уште разработуваат како точно тоа ќе го изведат.
     
    На Glowy, cresa-jagoda и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    А како сакаш да размислувам кога види не сум слепа туку секојдневно гледам како се слават родендени со 30 плус деца на нив? Паркови полни. Еве како не вие проблем ова?
    И за корона треба пари да имаш, доста со тие утописки муабети, здравје. Ако немаш пари, збогувај се со здравјето. Нема да можеш до пункт да идеш за тест.
    А и еве за жал, јас го донесов вирусот дома, они не се заразија, ама сред лето, од мало невнимание.

    Па ти кога си извртуваш муабет, мора па и драма малку нели. Градинките пишав дека уште во април и мај се отворени, за школите се одлучува овој период, август, каде и како ќе се одвива наставата. Хрватска мислам се уште немаше одлучено кој модел, Србите вчера одлучија, а Германија и Австрија се враќаат на нормална настава.
    Сакаш да си интересна?
    Или ајде ќе ја правеме драмата поголема.

    Јас сум за настава со физичко присуство. Пак ќе кажам кога мајките ќе седнат дома со децата, ама мислам на оние мајки надвор, а не овие на форумот, тогаш ќе поддржам он лајн настава. Сега не. Впрочем ова си е мој став.

    И место да се залагаме да се почитуваат протоколите, децата да се безбедни на училиште, вие барате дома да седат.
    Зошто вака не сте гласни за мерките да се почитуваат и зошто не ги почитувате?
    Вакви бројки нема да има.
     
    На ..barbie.., Glowy, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Уште ми е нејасно како ќе се направи да се ефикасни 20 минутни часови.
    Кај мене кога бев основно на наставниците/наставничките им требаа 15 минути додека се појават на час.
    Сега час дури запишат, книга дури отворат, отишло времето.
    Дури и да речеме дека ќе се потрудат да ги искористат, пак мислам дека се премалку за да се предаде материјалот онака како што треба. За прашања од децата не останува простор.:|
     
    На emiliana, katalina, noteforself и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Еве одприлика што се препорачува,и како се замислува наставата.

    Ова е за 1 модел, со физичко присуство.

    И е предвидено само за 1 полугодие.

    IMG_20200812_104433.jpg
     
    На Mami3, Glowy, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    И што? Да не одат во паркче за децата да си поиграат со комшиските деца? Не зезај, вирусот се случува на таму некој, не на комшиките деца, мајки, баби. Штом те знам, вирус немаш!
    Чувај Боже да не одиме на одмор. Е де, па нема везе ќе се пазиме, а и езероно е големо, па и вирусот во вода не вирее,...ако воопшто го има.

    Мојот став е дека се додека бројките се катастрофални, настава со физичко присуство не треба да има. Си ги знаеме приликите, редот и хигиената во училиштата. Колку ќе трае наставата ако не дај Боже одделенскиот наставник се зарази? Ќе му најдат замена, ок. Што ќе биде кога наставникот од другото одд. ќе се разболи? Немаме ни капацитет, ни култура, ни кадар за “нормална“ настава со истовремена заштита на децата.
    Исто така, сите родители што бараат од државата да размислува во правец на заштита на децата треба првенствено да се надминат себеси и да почнат и они лично како родители да се грижат за истото.
     
    На black-angel, kukla21, tinka-mace и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    За физичка настава ако не сме спремни, за онлајн па ич.
    Мислам, ако веќе биде онлајн, уште сега треба да се решаваат оние проблеми со ова.
    Компјутери за тие деца што немаат или родителите со повеќе деца да земат плус компјутер.
    Па да се овозможи и стабилен интернет во руралните средини.
    А почнато е нешто такво? Јок.

    И тие 20 минути час подобро онлајн да бидат. Оти дефинитивно не е здраво 6 саати по ред дете да зјапа во компјутер секој ден. Башка што ќе треба и после наставата да работи на компјутер.
    Сте работеле така. Знаете и сами дека после неколку саати константно боли глава и очи и воопшто немаш концентрација. Е замислете секој ден мало дете така.

    И родител ќе помогне на дете со полесни работи. Ама родители не се експерти за сѐ. Може да е врвен математичар родителот, а појма да нема од други области.
     
    На black-angel, tinka-mace, Snow-Star и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Со вакви бројки настава со физичко присуство не треба да има.
    Нема никаков протокол да се почитува како што треба освен скратените часови.
    Исто колку што се почитуваа протоколите во рестораните и кафичите, толку ќе се почитуваат и во училиштата.

    Патем, братучед ми кој треба сега да оди 1. год. средно ми вели: ,, Брачед, сериозно мислиш дека некој ќе носи маска? Никој нема да носи, а на тие што ќе носат ќе им се исмејуваат. Нема ни дистанца да се оддржува, ништо. Еве јас се немам журкано до сега од март, ниту имам излегувано редовно со големи друштва, што се вели од март сум само дома за сега да одам во иста просторија заедно со некој кој од март што се вели не е отиден дома, само на журки и секојдневни излегувања со големи друштва? Не сакам да одам со страв. "
     
    На emiliana, Принцезичка1, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  16. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
     
    На tinka-mace, Hellobeautiful и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    За секој модел дадени се посебни протоколи, напаствија, се што треба.

    Но многу касно им текна.
    Нема време се ова да се сработи до 1 Септември.

    За моделот со онлајн настава, ќе се организираат обуки за наставници и професори, но КОГА?

    Досега се требаше да биде завршено и поминато.
     
    На Glowy и tinka-mace им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.971
    Истото го велам, кога родителите ќе почнат да ги штитат своите деца, тогаш нека бараат и државата.
    И овде е целиот проблем.
    Се друго им е помалку опасно од училиштето.
     
    На ..barbie.., sanjaeva, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Јас слушнав дека деца до 10 години ќе посетуваат настава во школите а сите останати онлајн. Не знам колку е точно ова.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Туга ме фаќа кога ги гледам професориве како лобираат за онлајн настава, а пред и после прикачуваат слики од кафани и ваму таму. Очигледно, опасност демне исклучиво преку училишниот праг.
    Амеби паразитски.
     
    На DAngel, fana, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.