Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    received_1963349660474445.jpeg

    Се надевам не е проблем споделувањето на овој текст од Тамара Јованов, Public e. :)
     
    На GirlLove, ostoun, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    7.382
    Мислам дека треба да остават локално општините да одлучат.

    Пример: Јас потекнувам од помал град каде се по 2 паралелки од одделение. Во училиштето има капацитет преку една училница да бидат децата. Можам да направат најизменично да биде големиот одмор, за да не се среќаваат децата, или да јадат в училница и тн.

    Сега моментално, навечер на плоштад кај нас сите деца се заедно, се трчкаат, играат, се дружат по групи од 20 души (цел клас). Мајките седат и си пијат пиво и кафе по кафичите. Која е разликата што сега се заедно, се гушкаат, а нема да може да одат на училиште и да седат одделно?

    Конкретно за каде живеам јас, нема активен случај и до сега беа 3-4 (жители на градот, а живеат во Скопје).
    Плус, поголем процент од родителите одат во конфекции и се враќаат касно од работа. Беа по 2-3 недели дома, и плата не им даваат за тоа. Видоа, не видоа - мора да работат за да имат за леб.

    Оценување: Мислам дека повеќе родителите ги оценуваа отколку децата. Има толку безобразни родители што им ги решаваа тестовите на децата.

    Има многу деца кои немаат основни услови за да следат настава од дома - немаат компјутер, немаат интернет, не можат да си дозволат бидејќи финансиски страдаат од ситуацијата.

    Друга ситуација: Колкави се шансите дека 10 годишно дете нема да се заигра, и да заборави дека треба да има настава за следење? А дома нема кој да го потсети бидејќи се на работа родителите.

    Или можеби да остават родителите да изгласат. Секое одделение е различно, секоја општина е различна.
     
    На renata77, turist, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Јас не сум родител, средношколка сум и мене не ми претставува баш проблем да започнеме со редовно одење на училиште, а и не сакам да седам дома и наставата да ми се одржува онлајн. Можеби ќе се плашев да одам на училиште, доколку учев во некој град каде што има многу заболени, но таму каде што јас учам има многу малку заболени, а и плус класовите во нашата гимназија имаат од 15 до 20 деца преку сила,со што нема да претставува проблем и да одиме сите во иста смена. Онлајн наставата барем за мене е катастрофа. Повеќето професори воопшто и не одржуваа часови додека траеше учебната година туку само ни даваа домашни многу и ние по 2 саати ги пишувавме затоа што требаше да листаме по книгите за да го пронајдеме тоа што го бараат за домашната. Не зборувам за сите професори затоа што навистина имаше некои и кои се свесни дека треба да одржат часови и да ни ги предадат лекциите како што треба за да ги разбереме и посветуваа внимание на тоа.

    Кога се работи за родителите односно моите родители ми дозволуваат да одам на училиште, иако се плашат можеби, но сепак и тие се свесни дека подобро е да продолжиме да одиме на училиште,затоа што е попрактична наставата и многу повеќе и подобро можеме да ги разбереме лекциите одколку да седеме дома и онлајн да ја одржуваме наставата.
     
    Последна измена: 15 август 2020
    На poi, SummerGirl, renata77 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Izi bela

    Izi bela Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Zosto ne se prevzemat istite merki kako kaj vrabotenite so hronicni bolesti,sekoe dete koe boleduva od hronicna bolest so potvrda od maticen lekar neka sledi nastava od doma a site drugi da odat redovno vo shkolo,taka i paralelkite ke se reduciraat i ke ima pomalku ucenici vo paralelkite i ke odat na uciliste zdravite deca.Togas i roditelive sto se bunat za fizicko prisustvo ke mora da trgnat na rabota .Poveketo roditeli ne za da ne se zarazat decata tuku da prodolzat da sedat doma i da zimaat cela plata se protiv fizicko prisustvo,a vamu po cel den se decata nadvor ili po gosti pa i sega po odmori i odednas koga ke se spomne shkolo op korona imalo ,pa neli decata se najotporni a voedno bile opasnost za babite i dedovcite koga pola Ohrid momentalno e so turisti od site vozrasti polno e babi i dedovci so vnucite na plaza
     
    На Cacii123, Elena1001, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На poi, edna_malecka, Mami3 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Poko Loko

    Poko Loko Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    62
    Па да неможете да се стрпите една година да не појдете на летовање македонски богаташишта (90% сте во кредити по банките) овие се луѓе на лер ќе одиме и ќе правиме што ни е ќејф и во септември ќе си се мешаме со тие што седеле дома и излегувале на улица со маски така??? Е неможе така!
     
    На ostoun и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Сите родители на ученици од 1-3 одд кои ќе кои ќе одлучат да ги пуштат децата на училиште, ќе треба да потпишат согласности дека на "свој ризик" ги пуштаат децата на физичка настава.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    На мене не ми побараа такво нешто. Само ме прашаа дали ќе го пуштам.
     
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ова нова одлука е, ни ја соопштија денес.

    Може нема да важи за сите општини, во зависност од моменталната ситуација со короната.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    На мене ми рекоа се зависи колку дека ќе се пријават. Уште не се формирани паралелките.
     
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    И за 2 и 3 одд ќе важат согласностите.
    Прво, да, не се формирани сеуште паралелки.

    И 5 родители да одлучат да ги пуштат децата на физичка настава, ќе треба согласност.
     
    На SummerGirl и azelea им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    Како и да е, големиот ќе треба да седи дома.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    I kaj mene se taka golemiot 6to malata 2ro.
    Neznam dali fizicki ke ja pustam.
    Sakam no do okt so se odmor sum doma,pa ke vidime so tatko i verojatno ke prodolzat da se cuvaat zasto i bebusot ne mi e v gradinka.
    Ke vidime kako ke bide.
    Neka se zdravi i zivi samo.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Не сум родител, но сметам дека децата треба да одат во школо и да си продолжат со наствт најнормално како и до сега што било.

    Имало ризик да се заразат... а сега дома седат изолирани од сите? Реално по парковите, кафичите, туристичките места е лудница... па сега стасавме до тоа децата биле ризични за во школо.

    Ама сепак се е до родителот, како ќе си одлучи.
    Онлајн настава со две деца дома, еден компјутер.. како би се изведувало тоа ако часовите им се во исто време? Децата од 7 8 години не знаат како да се уклучт за онлајн настава, како што спомна членка погоре, може да се заигра и да заборави на наставата ако е само дома. Родителите долго време не одеа на работа, па не може само за нив да се прави исклучок... а и реално финансиите се пресудни. Секој нема дома лаптоп, интернет.

    Ова е многу неизводливо, децата ќе останат многу заостанати ако образованието се сведе на ова.
     
    На referentka, Kitten, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    76.983
    Пол:
    Женски
    А демек многу напредни ќе станат ако два саати седат во училница со маска, со дистанца од деца и наставници, нема да можат до тоалет да одат и вода да се напијат. Јадење од дома ќе морало да носат соодветно спакувана и да јадат кај што седат и учат???

    Во тие два саати 4 или 5 предмети пример ќе треба да поминат. Што ќе научат за тоа време мене стварно не ми е јасно. Плус, децата со физичко присуство ќе мора во точно време да се однесат и во точно време да се земат затоа што меѓу групите ќе има оставено време луфта за да не се сретнат меѓу себе.
    Кој ќе ги носи и зима тие деца ако родителите се на работа со фул работно време?
    Пак ќе мора да се ангажираат баби и дедовци, нели?
    А бабите и дедовците се со болести, и со годините плус спаѓаат во ризична група.
    Плус, има и родители кои се со хронични болести, први на удар ќе бидат.

    Од старт се знае дека е пропадната школска година, ама штом од 4то нагоре е само онлајн а за тие до трето е по избор на родител, се знае колку е саат.
    А да потпишувам изјава дека на мој ризик го пуштам детето не доаѓа во предвид. Зашто тука ем ние како семејство сме во ризик, ем бабите и дедовците ги ставаме во ризик.
    А 6 месеци пазење да ми пропаднат во вода нема шанси да дозволам.
     
    На Bozica1980, edna_malecka, tinka-mace и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Според мене повеќе ќе заостанат со час од 10-15мин. плус загарнтирана опасност.
    И да не се лажеме, во нашето образование и онака се заостанати.
     
    На tinka-mace, lolitaspurgatory, 1112 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Образованиево ни е лошо и заостанато, ама не треба да го направиме полошо и позаостанато. А сега чекориме кон тоа.
     
    На ElenaOfRivendell и Lima24 им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Како?
     
  19. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Со онлајн наставата која се спроведува со домашни, кои ги пишуваат родителите, а кај постарите еден пишува другите copy-paste. И општо целиот начин на кој таа се изведува.
     
    На renata77, ElenaOfRivendell и noteforself им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Не знам дали знаете, ама со тие скратени часови кои се планирани да траат 20 минути во најдобар случај (велам во најдобар оти ги знаеме наставниците и професорите во нашите училишта кои се познати по нивните доцнења) предвидено е наставникот/ професорот претходно да ги испрати задачите и материјалот кој ќе се обработува следниот час со цел учениците веќе да ја имаат обработено темата а тие на часот само да ги проверат задачите и да објаснат нешто симболично, најверојатно доколку има нешто нејасно.
    Во ваков случај, на секојдневно заболени над 100 лица, не вреди да се ризикуваат бројни животи, за жал.
     
    На tinka-mace, 1112, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.