Професорите не доцнат по 20 минути, голем дел доаѓаат на време со максимум 5 минутно закаснување, иако изгледа дека доцнат цела вечност. Кога часовите траат по 40-45 минути, реалната ефикасност на часот е 20-25 минути максимум. Кога часовите се одвиваат нормално и самите професори „губат“ време во разговор со ученици, даваат простор да задоцнат со цел учениците да се приберат од мал одмор. Но секогаш кога часовите се скратени се прецизни, не губат дополнително време. Предвиденото за кое зборувате важи постојано со цел да се зголеми интеракцијата кај учениците, но во реланост премногу ретко се применува.
Во ред. Ако реалната ефикасност на часот е 20- 25мин. на час од 40- 45мин, тогаш која ќе биде ефикасноста на час од 15- 20мин. (земено во предвид 5 минутното доцнење)?
Кога часот е 15-20 минути, професорите не доцнат и го прават ефективен цел час затоа што е скратено времето, како што пишав не губат време во доцнење и муабети со уленици. Подосаден е час од 40 минути, отколку час од 20, од искуство зборувам. Максималната ефикасност на училиште за секој час е таа, без разлика колку трае часот.
Ок, знам дека толку е ефективноста, меѓутоа сега целото времетраење на часот ќе биде сведено на тие 20мин. ефикасност. Зошто тогаш траат часовите по 40- 45мин. во нормално услови? Нека бидат по 20- 25.
Нека одлучат или да се одвива онлајн настава или да одат сите на училиште по нормален распоред. Не сум баш засегната за темава оти не сум родител ама овој случај е ептен циркус. Верувам дека онлајн ќе биде поефикасно од час од 20минути оти и наставникот да дојде на време 5минути се воспоставува ред на часот додека да ги смириш учениците, па час да запишеш во дневник, 5 минути да предадеш лекција и уште 5 минути да си направиш муабет за корона и за одмори.. Родителот дома ќе треба исто да му ја предаде лекцијата на детето и да пишуваат домашни задачи заедно исто како и онлајн.
E jas mozam da kazam sledno:ne se isti site profesori,ne si ja znaat site rabotata a najmalku se psiholozi za da imaat avtoritet nad decata. Imav profesorka sto vo isti cas domasna ni proveruvase, povtoruvavme od prerhodniot cas, site ke ne isprasase i novo ucevme!Razrabotila metod koj nikoj go nemase osven nea. Na nejzin cas se slusase i penkalo da ostavis na masa. Zatoa pak imav eden drug sto so zenskite se smeese a maskite mu uplakaa sportska... Ne zborete za efektivnost na cas,ova e Makedonija, nie nemame takva merna edinica da go izmerime (ne) skoluvanjeto na nasite deca!
Па добро, веројатно сите сме имале искуство барем како ученици со скратени часови. Моето искуство е дека кога беа скратени часовите, буквално ради реда се поминуваа. Ефикасност 0. Не ми се верува дека ќе успеат да постигнат многу во тие 20 минути. А тоа дека наставниците каснеле за децата да се приберат од одмор, звучи како многу лош изговор на некој кој минал низ училишните клупи и видел како се одвива наставата и како се однесуваат наставниците, а уште повеќе на некој кој како возрасен знае што се случува во тема образование.
Од кое искуство, кога беше средношколка? Овде збориме за деца од 1во до 3то одделение. Има првачиња кои тргнуваат на 5 години во училиште. За каква црна досада збориш? Тоа дете треба да научи да пишува и да чита. Знаеш ли колку споро им оди пишувањето на почетокот? Им треба доста време, кој како сака нека каже. Од 8 до 15 одеа во целодневна, па пак домашни дома носеа затоа што не можеле да постигнат, кратко им било времето на часовите. Не сте свесни колкав материјал имаат за учење најмалите. Јас лично видов од март до јуни, рака им паѓаше од пишување.
Сега треба професорите да си се однесуваат како кога е скратен часот, да држат наства од ефикасни 20 минути. Одговорот зошто МОН можат да го дадат, јас не сум надлежна. На онлајн е следново, ако воопшто држат настава (домашни праќање не е настава), додека се вклучат сите, па пола предавање е ученици дали се слушаме, па паднал интернетот, па се исклучил микрофонот, па презентацијата и времето поминало. @Mami3 зависи од професорот колку е заинтересиран и стручен нормално. Конкретно имав професори кои сето од наведеното за твојата професорка го правеа без разлика колку траеше часот, организираност и желба за работа само. Секој со искуството, некој има позитивно, некој негативно, а кога веќе постои позитивно значи е возможно. Изговорите ми беа иронично напишани. Искуство и од основно и од средно. Кога соученик ќе стане да се прошета низ класот зашто му е премногу интересно. А како ќе научи прваче да пишува и да чита пред компјутер со онлајн настава? Како ќе научи што се обврски, а што е домашна? Сите родители спремни се педагошки да пристапат кон детето?
Сега нема да смеат да мрднат подалеку од столчето и клупата, а не па да се прошетаат пошто им било досадно. Нашето време и ова сега што го живееме не се споредува. А зашто да не се спремни родителите? За сопствено дете ли да не се спремни? Посебно кога знаеме дека ризикот во затворен простор е огромен и дека најчесто така се заразуваат сите. Значи, не знам како да објаснам дека имаме пандемија која којзнае како ќе се однесува од септември. И според тоа треба да се прилагодиме на новото нормално. Замисли 5 годишно дете да треба да го пуштиш прв училишен ден со маска, да седне само во клупа и два саати да не смее да мрдне. Дали ти мислиш дека со таа маска ќе може да се наведне и да пишува и чита нормално? А, не сакам да зборам за фактот дека ни во нормални услови ништо не ги научија децата. Јас моето дома го научив на одземање и собирање, на дропки, множење и делење. Затоа што во прво полугодие додека одеше нормално во училиште, ништо не научи. Затоа што наставниците не одат од дете на дете и не му посветуваат на секое посебно внимание. Не му покажуваат полесен начин за собирање и одземање пример. Плус, не знам што толку ви боде во очи изборот родителот да го направи сам, дали да биде онлајн или со физичко присуство. Не е за џабе дадено сами да избереме. Штом постои избор, секој родител ќе си одлучи што е најдобро за неговото дете.
@ivi1987 Не се спремни сите родителите да се постават во улога на професор, во очите на детето ќе се родители, а не професор кој се ќе му објаснува од почеток, друго е кога пишувате домашна заедно. За детето професор ќе е лик на компјутер, за кој ќе смета дека не е реален. Потоа секој родител ќе треба да се заангажира да му ја задржи цел ден концентрацијата на детето, прво за да му објасни се, потоа за да напишат домашна. Затоа што додека ја прати онлајн наставата детето ќе си се загледа цртани или ќе се заигра со нешто, во случај и човек да седи до детето пред компјутер, ќе му обрнува внимание на домашниот до него. За него наставата ќе е еден вид видео на компјутер, колку сериозно ќе се сфати дека пишувањето домашна е обврска. Барем основни навики и нешто ќе научи со 20 минути час. Разбирам имаме пандемија, но не знаеме до кога ќе трае, сфативме дека со пауза не се реши ништо, затоа и се прилагодуваме на новото нормално, мора да живееме со тоа. Тоа што не научиле е знак дека некој не си ја извршува својата воспитно-образовна дејност за која зема плата. Тоа со примерите е производ на Кембриџ имаат некои комплицирани начини, кои можат 100 пати полесно да се научат. Немам ништо против можноста за избор, тоа никогаш не го напишав. Само кажав дека со онлајн наставата образовниов систем дополнително ќе се влоши, а последиците ќе излезат на површина во свое време.
Јас реков за настава како што беше до сега, а не 2 часа. Бидејќи децата сега не се изолирани, одат со друштво, се собираат и одат и кај бабите и дедовците. Така да тоа дека се пазат не се пазат ама воопшто. И сега некои баби и дедовци ги чуваат внуците.
Се гледа дека не си ме прочитал добро туку брзаш да ме цитираш. Погоре кажав дека наставата треба да продолжи како што беше пред 10 Март... значи час од 45 минути и одмор од 5. Како и што било. Учење онлајн, настава од пола час никако не е изводливо... Зошто? Еве да почнеме од наставникот... тој треба од дома да одржува настава... а дали сте се запрашале дека и тој можеби дома има деца, и тие во исто време треба да следат онлајн настава? Колку компјутери ќе треба? -Нерешливо прашање Да продолжиме со децата. Дете од 7-8-9 години не знае шо е зум и како да се уклучи. Додека родителот е на работа, може да се заигра, да се успие и ред други работи. Исто така за повеќе деца, треба повеќе компјутери... колку ни е нас финансиската можност за 2 3 компјутери? Бабите и дедовците пак ќе бодат вклучени. Не можете вие дете од 7 години да оставите само 8+ саати. Така да, се паѓа во вода и ова е една голема глупост, се надевам ќе дојдат при памет и децата ќе си одат во школо како и пред ситуацијава.
А кај прочита прво ти дека часот ќе биде 10-15 мин, А? Засега 30 мин предвидено е да трае часот. Учителките и учениците ќе немаат пауза од 5 мин, освен "голем одмор" кога ќе треба да јадат дечињата.. Патем, имаш дете кои оди на училиште, па да знаеш и тврдиш "како стојат точно работите", ило си во образовен сектор па кажуваш од лично искуство?
Можеш да потврдиш дека сите деца не се пазат? Сите ги виде надвор дека трчаат и си играат? Добро, до кога едното исто ќе го зборите? Исто како што јас имам колеги што одат на журки и концерти а јас излегувам со 1-2ца, така има и деца што се пазат и не излегуваат надвор да се мешаат со други.
Домашни кои ги пишуваат родителите - родителите отсекогаш им помагале на децата (барем оние кои знаат што значи улогата родител), ги упатувале на кој начин може полесно да совладаат некоја лекција, да решат некаква задача, да напишат есеј. Разликата е што сега можеби малку подетално ќе треба да објаснуваат, ништо друго. Кај постарите деца исто така секогаш било со домашните копи-пејст. Не знам зошто да се правиме наудрени дека тоа го немало кога ние сме биле основки и средношколки, ваљда да докажеме поента на форумов е побитно од тоа да ја кажеме вистината. Факт е дека ако не стекнало детето навика за редовно учење и пишување домашни во првите четири години од школувањето, сигурно нема тоа да го научи во осмо одделение или во трета средно. Крајно не знам зошто толку преувеличуваш дека за децата професор ќе бидел лик на компјутер кој не е реален и таквимитиработи, кога јасно е дека вака ќе се функционира само годинава. Пандемијава нема да трае вечно, секако до иден септември нешто ќе се смени во тој поглед. Или ќе се почне со вакцинирање или ќе изградиме колективен имунитет. Па децата ќе ги запознаат професорите и во живо, без гајле.
Зошто нерешеливо? Сите наставници/ професори на работното место си имаат сопствени компјутери. Наставниците и професорите немора да работат од дома, значи секој наставник во свој кабинет во училиште нема да има ризик, а нема ни да користи домашен компјутер. Решено. Дете од 7-8-9 години слободно ракува со Јутуб и некои слични апликации што значи дека нема да има проблем да го научи Зум, доста се понапредни сегашниве деца. Плус, многу од тие мали знаат и ја играат на пример Fortnite, зошто не би научиле и би користеле Зум, Тимс или нешто слично? Бонус, според сегашново решение, децата до 9-10 години ќе бидат во школо, освен ако родителот не сака спротивно. За таква настава сега е огромен ризик, тоа ни во краен случај. Мада, за најмаливе јас би часот да е 30мин. наместо 20.
Моја грешка, мислев дека ќе биде како што претходно се најавуваше, 20мин. час. Значи официјално не е 10-15мин., ама во пракса толку ќе биде, тоа ми беше зборот. Или како што членката погоре рече, ефективниот дел од часот. Немам дете, ниту сум во образовен сектор, меѓутоа имам братучеди (со кои сум доста близок патем) кои се засегнати и загрижени. Плус, сите имаме право на мислење.