Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Сакаат и да идат во школо? Не е баш најдобра идеа за средните сите добро знаеме како седиме у групи
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    И јас сум барем за комбинирана. Студент сум по медицина, и безмислено ми е да губам вежби. Сестра ми е во средно училиште, за медицинска сестра. Онлајн ќе учи да спрема инфузии и да става инјекции? Да, можеби ситуацијата е таква, што налага се да биде онлајн моментално, и нема што да се прави по повод тоа, ама немојте да се залажувате себе и другите, дека онлајн наставата е исто ефективна како и физичката настава и пракса. Не ни е идеално нормалното образование, ама сигурно е подобро од онлајнот. Од искуство кажувам дека не е исто.
     
    На Waverly Raven, Kimberly11, Ambrosia и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Да.
    Се согласувам.
    Барем средните школи во никој случај не треба да се отворат, не се неопходни.
    Само тие што почнуваат прва година може да одат недела дена за да се запознаат со новиот круг на луѓе.
     
    На Kimberly11 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Средно медицинско е друго.
    Таму може е подобро да има комбинирана настава.
    Меѓутоа во гимназиите или на пр. во средно економско мислам дека наставата со физичко присуство не е до толку неопходна.
     
    На Kimberly11, cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.651
    Пол:
    Женски
    Едно е родител да помага при пишување, друго е сам родителот цела домашна да ја пишувам. Со онлајн наставата родителите ја пишуваа целата домашна во најголем дел од случаите. Сега не ќе треба само малку подетално да објаснуваат, туку се ќе треба да објаснуваат, сите предмети од почеток. Но тоа е избор на родителите за оние до 3то.

    И во нормални услови препишувале, ама читајќи го нештото што го препишуваат во тетратка. Сега само името на документот во ворд го менуваа, без воопшто да го отворат. Плус ние немавме домашни по 15 предмети од 10 можни, како што беше сега.

    Никаде не преувеличив, само сакав да доловам каква слика ќе има детето и дека оваа година тешко ќе стекне училишни навики. Една година децата ќе се на пауза, да, сега тоа не изгледа нешто страшно, ама последиците подоцна доаѓаат.
     
    На azelea, Mami3, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.651
    Пол:
    Женски
    Не е неопходна за гимназијалци, но добро е да биде комбинирана сепак математика, физика и хемија имаат делови кои не се совладуваат онлајн, а се клучни за понатака. Барем за ваквите неколку предмети може да се одржи некој час.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Ако наставникот е заинтересиран, секако и децата, преку онлајн час (со камера нормално) во кој наставникот ќе биде во училница, може да се објасни и постигне добар ефект и во тие предмети.
     
    На cresa-jagoda, 1112 и Glowy им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Од каде го знаеш болдираното?
    Дома им беше на сите деца за да видиш како си ги завршуваат обврските?
    Или само од еден единствен пример во околина си кажуваш дека сите истото го прават?
    До кога со претпоставкиве за начинот на кој некој родител си го воспитува детето?
    До кога со генерализации?

    Еј ама „аргументиве“ стварно ти се прејаки.
    Да, многу повеќе научи школскиот што ми ја земаше тетратката со решени задачи по математика да ја ископира. Исто многу научија тие кои ме прашуваа кој лик што направил во некоја лектира, како и оние кои само си ги цртаа формулите по хемија без воопшто да знаат што - што значи.

    Исто така нас не ни даваа домашни по сите предмети.
    Ни велеа „Еј вие голема работа сте завршиле само што сте дошле во училиште денес, стварно сте херои. Ај уживајте сега, нема потреба од домашни. Ехеее па нас на времето и книги не ни даваа. Што ќе ни е па учење, кога ете сме завршиле голема работа само што сме се појавиле“.

    Прреувеличуваш и тоа како.
    Те гледам оддамна на темава и на сите други теми од образование, упорно и упорно реплицираш на секој кој има поинакво мислење од тебе. До тој степен што стигна да убедуваш и родители што ќе е подобро за нивните деца.

    Мислам малку граници треба да се има.
    Изнеси став, реплицирај некому, прочитај и нешто спротивно од твоето, признај и нешто што реално ти се случувало како ученик, не мора се' да е црно и бело.

    Еве и други дискутираме, ама па не би се чувствувала лагодно на некој со сто посто убеденост да му кажувам што е најдобро за неговото дете.

    Крајно темава не се однесува конкретено за тебе како студентка, па до толку да се потресуваш.
    Чил малце.
     
    Последна измена: 21 август 2020
    На Annath, Waverly Raven, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Баш тие 1-2ца можат да бидат заболени. Инаку смешно ми е тоа дека имало деца што не излегувале. Дома се 6 месеци? Ни еднаш не излегле пред зграда со другарчиња?



    Кажаа дека од дома ќе се одржува наставата за професори и деца, не рекоа дека ќе одат во училиште и од таму ќе одржуваат час, ама попаметна идеја е така ако веќе има онлајн настава.

    Да точно дека децата се напредни и на компјутер знаат да ракуваат, ама ако родителите се на работа а детето е само, не е исто да отвори јутуб и зум, како што кажав децата можат да заборават на наставата, имам пример во блиска фамилија каде што детето заспало, на сред час додека трае предавањето. И не, не е исто на школо во клупа, и дома на кревет.

    Ризик е да одиш и на одмор, па видовме што се случуваше во Охрид(и уште де случува) летово. Тоа не е огромен ризик? Или кога станува збор за школо тогаш се е ризично.
    Во Шведска не е ризик? Па децата одат во школо. Како само во Македонија е ризик за нешто што треба и мора да се направи, а тоа што е забрането е послатко, таму нема ризик.

    Малце сте контрадикторни, не е ова само во Македонија, цел свет е засегнат... ако вака продолжиме да се оправдуваме дека на работа и на школо е ризично а на одмор и на журкање не е тогаш не знам што би кажала.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Секако дека не е исто на кревет и во клупа, меѓутоа не се наоѓаме во нормални околности, затоа ништо не е нормално.
    Ете најмалите до 9-10г. имаат можност да бидат во клупа ако сакаат, а и сега со смартфониве кога можат да си стават аларм за секој еден час, на пример, има час во 12:00, си става аларм во 11:55 и нема проблем.

    Школото е затворен простор.
    Плажата не е.
    Тоа е најголемата разлика.
    И не, не ги бранам тие гужви во Охрид, напротив.
    И не беа сите на одмор, ниту во Охрид.

    Затоа Шведска годинава има најмногу починати во изминативе не знам колку (многу) години.
    И Македонија со Шведска не може да се спореди. Никако...
     
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful и emiliana им се допаѓа ова.
  11. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Не се разболеа од плажа туку од журка во кафич... не е битно не е тоа темата.

    Не може Македонија да ја споредиме со Скандинавските земји или Запад бидејќи таму ако се каже нешто тоа е закон.

    Тука Филипче треба секој ден да излегува и повторува маски, хигиена, растојание... светото тројство стана ова веќе, до сега на некој ако не му влегло во глава никој не му е крив. Во Шведска или друга земја сите носат маски ако е кажано да носат, не ја носат ниту на рака, ниту у кола закачена да виси... така и децата во школо ќе можат да носат маска, и шансата за заболување ќе биде сведена на минимум.

    Еве ако не се најде вакцина 5 години... децата прости ли ќе останат? Мора да се почне со нормално живеење бидејќи за овој народ џабе е се.
     
    На black-angel, Glowy, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.501
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    Епа тоа зборувам.
    Кога не се почитуваа протоколи за ресторани и кафичи, нема да се почитуваат ни по школите.

    Не :)
    Вакцини за некој месец ќе почнат да се регистрираат многу.
    Неколку се во трета (последна) фаза од испитување.
    Плус, сега е ова нов вирус и сеуште не е сведен на една сезона, како сезонскиот грип.
     
    На ostoun му/ѝ се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    За по плажи, кафичи, родендени, секој ден заедно играат, средношколци се собираат по дома, собрани по паркови ако, ама за да одат на училиште не. Мене овде не ми е јасно.

    Цело лето дремат дома, ни за онлајн настава не се спремни наставниците.
    Па како предаваат онлајн, ако она е предавање.
    Барем за основно зборувам кое го видов мн добро. Родителот дома учи со детето, тој му ја предава лекцијата и пишува домашна. Наставникот еднаш неделно ќе прати матријал за цела недела и толку.
    Едно е да му помогниш, друго е да му напишеш домашна, тоа се различни поими.

    Ако, нека одат по кафичи, нека се собираат, ама не во училиште, никако.
    После ќе се чудете кај се и така неписмени, сега бетер ќе бидат.
    Само за на училиште изгледа е Коронава.
     
    На black-angel, Kitten, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Се надевам ќе најдат вакцина што побрзо...
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    76.945
    Пол:
    Женски
    Абе што ги направи ти децата, заостанати и тупави. Наставникот немало да го сметаат за реален лик, немој те молам (facepalm)
    Имавме родителска средба на Зум, сите деца си ги видоа наставниците и најнормално си направија муабет. Од кога е пандемијата се гледаат на камера со блиски и другарчиња, многу добро ја сфаќаат комуникацијата.
    А колку само не си во право дека било ставено на пауза се. Ништо не беше на пауза, се си функционира како и претходно. Единствено различно е што не работат градинките и што за училиштата ќе биде онлајн наставата.

    Некој погоре спомна дека треба да има нормална настава како пред 10ти март. Ова може да го каже само човек што не верува во вирусот и се меша со тон народ без око да му трепне.

    И уште нешто. Моите деца од 11ти март не се дружеле со никој. Со баби и дедовци на отворено и голема дистанца се гледаат, немаат никаков физички допир.
    А не се затворени во 4 ѕида, најнормално шетаат, возат велосипеди, си играат ама со нас, не со луѓе од надвор. И затоа не можам да дозволам после толку месеци пазење и почитување мерки да пуштам дете во школо и целото пазење да пропадне.

    А домашни сама си пишуваше, јас и татко и бевме тука, за, да и објасниме, за да и ги покажеме и објасниме презентациите што ги праќаа и да и помогнеме да најде полесен начин за да ја сфати математиката. Место неа никој не пишувал, ниту пак во иднина ќе пишува домашни.
     
    На Annath, ostoun, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Сакале да признаеме или не со онлајн наставата се губи моментот на социјална интеракција на дечињата во еден од најважните делови од животот. Ниеден зум не може да ги замени детските игри. НО во вакви специфични времиња сите поднесуваме жртви па и они, не сите родители се спремни толку да се ангажираат околу анимирање на децата. Не знам што реши МОН но за мене одлуката за согласност од родителите за физичко присуство е најефикасна, кој смета дека треба да го пушти детето у школо нека го пушти, кој е за онлајн нека се направат онлајн групи за настава. На крај сите задоволни и среќни.
     
    На Biljarkata, Kitten, Glowy и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Јас кажав дека треба да се одвива најнормално. Нека направат по две групи од по 10 деца, наставата ќе си ја следат со маски. Јас верувам во вирусот и се гледам само со тие што сум секој ден, ниту со нови луѓе ниту се мешам во гужви.

    Ако до сега не сте ги пуштиле надвор со никој да играат, тоа значи дека совршено сте им гоо објасниле проблемот со кој се соочуваме и сигурно знаат дека треба да носат маска. Па така не гледам проблем во школо со маска.

    Секој родител си одлучува и си знае најдобро за своето дете.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Факултети.мк.

    sojuzot-na-srednoshkolcite-1.jpg

    Поздрав од Бленди Ходаи кој е на чело на средношколскиот сојуз, заедно со другарчињата десно позади со маската под брада и без маска.

    Ама битно бараат настава со физичко присуство. :D
     
    На ostoun, Waverly Raven, Anie93 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Епа баш ради ваквиве не можам да се замислам да одам на факс. И кај мене ги имаше, маската ја ставаа пред да влезат да полагаат пред тоа со луѓе спуштена ја носеа. Трагикомично..

    Бтв не сфаќам потреба за комбинирана настава на средните училишта, освен за тие што се стручни.
     
    На Waverly Raven, edna_malecka, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    6.651
    Пол:
    Женски
    Го знам од примери, не од еден од околината, туку од повеќе места. Напоменав во најголем дел, значи автоматски има исклучоци.

    Форум е имам право да реплицирам и да искажувам мислење.
    На ниту еден родител не му реков пуштај го детето на училиште, напротив го почитувам правото на избор на секој родител да одлучи за своето дете.
    Но можам да ги кажам кои се предностите и маните на онлајн или натсавата со физичко присуство.
    И никогаш нема да кажам дека онлајн наставата е подобра или еднакво добра во споредба со таа со физичко присуство. Последиците сега не се гледаат, на долгорочен план ќе ни се лупнат од глава, тогаш кога ќе се бара проблемот никој нема да се сети дека причината беше онлајн наставата.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.