Уште не е сигурно. Ми се јавија пред некој ден. Во зависност од бројот на пријавени деца ќе ги формираат паралелките. Изгледа ќе вклучат повеќе учителки. Ако се пријават повеќе деца. Обавезно со маски.
5 часа дневно, 30 минути ќе трае час. Плус меѓу часови 5 минути мал одмор за да истегнат нозе. Ако им се пие вода ќе дезинфицираат раце па ќе вадат маска и ќе пијат вода. Под постојан надзор од наставници ќе биле и маска цело време ќе мора да носат. Храна соодветно спакувана, ама препорачуваат да нема за да не ги фаќаат маските. 15 деца во училница, ако се повеќе деца за физичко присуство тогаш во две или три смени ќе тераат, зависи од паралелката и пријавените нели. Изборот останува на нас родителите, ама наставниците се повеќе за физичко присуство. Тие што ќе се одлучат за онлајн настава ќе следат во исто време со децата што се физички присутни. Еднаш во две или три недели ќе мора да одат до училиште за да ги испрашаат. Децата постојано ќе бидат на дистанца, нема да можат да се приближуваат едно до друго. Јас потпишав согласност за онлајн настава. Немам намера да пуштам дете цели три саати да носи маска, да бега од деца и наставници, да се плаши до тоалет да отиде. Не е здраво едноставно, и затоа бирам во опуштена атмосвера без страв да ја следи наставата. Апсолутно ништо нема да пропушти, ќе биде во тек со секој кажан збор во училница.
Со еден збор- хорор. Како ќе влијае таквиот режим психички на детето таквиот режим е друга приказна. Во секој случај, браво за одлуката
После родителската што ја одржаа на Зум, уште толку ме убедија дека добра одлука сме донеле за да ја заштитиме. Колку што е за заштита од корона, толку и за психата.
Многу ве исплашија со ова образованиево, па зарем стварно мислите дека вака ќе биде со физичко присуство? Еве пример, кога почна во Македонија, на сите влезови во градовите имаше пункт за дезифенкција на возила, средство за дезинфекција во маркет, полициски час на 50 заболени. Сега неколку месеци, ниту има дезинфекција на влез во град, ниту по маркетиве средство. Сега се е слободно иако има по 100 и повеќе на ден. Така и за во школо, секое чудо за три дена. Потоа сите ќе ги видите надвор како си седат и си играат додека трае одмор. Не се потресувајте многу бидејќи многу добро знаете колку бевме на почеток потресени и исплашени, сега секој си тера како му одговара.
Епа баш затоа не треба децата да се вратат во школо! Затоа што ни еден протокол нема да се почитува, или ќе се почитува краток период.
Полагав на факултет пак. Маските не им беа воопшто ставени пред да влеземе. Сред испит ги спуштаа. Кога излеговме и чекавме резултати пак ги извадија. Епа жими к со вакви дека ќе одам редовно на факс.
Е кај нас за тоа не можам да се пожалам, сите носеа маски, и пред испит не дезинфицираа на рацете, плус имаше и за дезинфекција на чевли. Штета што не било на сите факултети така, не знам како немаат до толку осет луѓево, па не се мали деца.. .
Е, мене на последно полагање завчера исто не можам да се пожалам, ми се погодија група одговорни колеги, чекавме 1ч и каснеше проф ама никој надвор маска не извади. Не не дезинфицираа пошо бевме малку, по желба на професорката место усно онлајн, да полагаме у амфи мала група луѓе ама супер беше и дистанца и маски си имавме. Ама кога полагав генетика, е тогаш беше дно. Маски дури на испит вадеа, само се дереа и ги опоменуваа да ги стават иначе ќе напуштат испит, а дур чекавме ни маска, ни ништо. Ужас. Е, ако се погоди група на полагање ко вториве и тоа каков ризик е.
Тогаш не треба ни по родендени да се носат, ни да се оставаат да се собираат и по плажи да се носат. Во луна паркови и слично. На вакви собиранки почитуваат протоколи? Јас во Охрид видов еден куп деца и родители на едно место, без маска, да не зборувам за сретство за дезинфекција. И тоа е секаде слика шо ја гледам. Зошто за ова не се коментира?
Страшно ме иритираат вакви кои не си ја гледаат својата работа и одма тргаат некого да осудат зашто отишол на одмор Прво прашање: знаете ли како се пренесува вирус? Ако седнете на плажа на отворено, кои се шансите да фатиш вирус? Треба да дојде некој до тебе и да ти се искива или искашла директно во тебе. Еве после журките во Градиште, многу малку имаше заразени од младите кои беа ставени на линч од малограѓанштинава наша. Бројот на заразени на дневно ниво остана непроменет! А било- а не било Градиште и Охрид. Бројките на заразени не мрднале од јуни! Второ прашање: дали знаете што советуваат доктори после доживеаниов стрес со пандемијава? Одење на одмор/плажа, билдање имунитет преку создавање вит. Д. Ако вас ви било страв да одите на одмор, а сте можеле, тоа е единствено ваша одлука! Глејте си своја работа. И јас "под брк" си мрчам и пцујам ко тебе, посебно за деца. Кога ќе видам човек сам шета по улица, или уште по трагично-вози точак, и опнал маската на фаца Страшно! Страшно многу уплашени луѓе! Јас ќе ја пуштам во школо, но и мене ич не ми се допаѓа моментот со носење маски. Мојата е полни 6 и не сакам да си го изгуби редот и другарчињата од градинка и така оваа година е нешто слично ко забавиште, ќе проголтам што нема да има ефикасност. Ама да седи дома и да полудува, нема да дозволам. Планирам да ѝ купам некоја полесна маска низ која ќе може лесно да дише, ако веќе нѐ обврзуваат да биде задолжителна. Мислам во некоја земја усвоија да не носат додека седат на клупа, туку да ја ставаат само за искачање од училница, за низ ходници. Ова има логика. Баш така. Само да се надоврзам на твоето. Додека нѐ плашеа дека вирусов стоел на површини по 12 саати, рацеве шмиргла ги направивме. Во ред е редовно миење на раце, но што е тоа дезинфицирање на секои 5 мин. како компулсивно опсесивни. Исто не ми се допаѓа што викаат после секој час ќе дезинфицирале клупи на децата, а само едно ќе седи во таа клупа. Зошто побогу? Ќе им го уништат имунитетот на децата до нула, па после не ковид, ќе се разболуваат на секои два дена од обични вирози, а ќе мора да седи дома зашто нема да ми го примаат со растечен нос. Зарем не сфативме дека вирусот 99.9 % се пренесува директно преку капки, а не преку предмети. И што ќе им се протоколи на деца кога веќе замислата е да се држат на дистанца, влагање, седнување секое во клупа, јадење на голем одмор самото на клупа, скратени часови и одење дома. Незнам зошто толку се паѓа во несвест. Наједноставно ќе биде со малите дечиња.
@Kitten и покрај Градиште и слични журки, бројката е слична да, ама процентот е доста намален. На пола. АМА, како што рече- отворен простор. Сосем друго е во училиште, на 30m2, затворен простор, стрпани мин. 20 деца.
Како не се коментира? Ептен сум и против тоа. Ама, тоа е по желба, значи не е задолжително. Не го прават сите тоа. Плус, најголем дел е на отворен простор, децата трчаат со што и трансмисијата не е толку голема. Училиште е сосема друга приказна.
Немам јас дете сеуште Од пријателите кои имаат помали деца се пола/ пола. А братучед ми, средношколец, ако и за нив ја дадат истата можност како за децата до 3. одд., нема да оди.
По 20 деца рекоа дека ќе бидат во училница, така стои во протоколот. Ама, еве кај ќерка ми училницата е многу мала па на родителска рекоа дека по 15 ќе ги групираат. За маските, потенцираа дека ќе биде задолжително. Нема да смеат воопшто да ги извадат. А и логично е затоа што ќе седат цели три саати во затворен простор. Исто како ние во канцеларија што мора да носиме, така и за децата ќе биде. Читам погоре за Охрид и групирањето се пишувало. Не сте свесни колку деца од луѓе што ги знам се вратија заразени. Последно, на колешка ќерката се дружела со деца што се вратиле од Охрид па сега е позитивна на вирусот. А ете, на отворено се дружеле и наводно пазела. Не за џабе во Германија затворија 37 училишта поради позитивни деца од вирусот. Тек допрва ќе видиме што не чека нас, назад ни е зимата.
За колкави деца се работи? Многу ми е интересира што им било на тие деца и на домашните со кои живеат? Освен на папир што се позитивни. Плус никогаш неможеш со сигурност да знаеш од каде си се заразил.
Средношколка. Рано е да се каже, на девојчето сега му избија првите симптоми. Во изолација се и ќе се тестираат домашните. Како може да не знае? Се гледала со децата, тие позитивни прво искочиле па после и девојчето. Да била во гужвите у Охрид па речеш дека не се знае од кого се заразила. Вака точно се знае. А и не е убаво вака да се тешиш дека луѓето само на папир се заразени. Зашто од толку опуштено однесување видовме до кај сме. Девер ми лабаво се однесуваше, во канцеларија спуштал маска, па искочи дека има двајца колеги што оделе со симптоми на работа и го заразија. Па човекот помина со тешки симптоми цели две недели.