Да видам да не верувам дете од 5-6-7 години воопшто да не извади маска додека е во школо. И не можам ни да судам, мало дете е сепак. Тоа кога магариња, ова, академски граѓани не се научија дека маска треба да носат додека се ебани 2 саати на факултет, не може да се очекува од помалите да послушаат. И да, многу од Охрид што биле се кријат. Мало сутра дека нема заразени од тие журките или што и да правеле.
Статистиката вели дека тие како девер ти (за среќа) се малцинство, додека тие со многу лесни или никакви симптоми се мнозинство. Не измислувам топла вода, ова е факт. И не е залажување или тешење, туку здрав разум. Или.... ај да креваме паника, да живееме во грч Ко што рече @Kitten претходно, стресот ќе не убие, короната не. Далеку полесно ќе ја прележиш доколку си опуштен, со позитивна мисла и добар имунитет, отколку ако си постојано во грч. На имунитетот треба да се работи, ама кај нас полесно им е да шират паника и создаваат апокалиптични сценарија, заедно со вината која цело време ја префрлаат на народов @Kitten Нели викаа до 3 одд нема маски да носат? Џабе ќе им се, искрено. Повеќе штета отколку корист ќе имаат од истите. Ако најдеш некоја полесна, сподели, те молам. Јас сум на мисла да ја пуштам да оди. Единствено што ме предомислува е како ќе биде ситуацијата со останатите болести кои постојано ги има по училиштава и градинките, имајќи предвид дека здравствово се уште функционира само за корона Конкретно за стрептокока. Мене од ова ми е многу страв, оти таа знае да биде опасна ако не се лечи, ќерка ми често ја има и не знам како ќе се одвива лечењето Ако на секоја Т треба да чекам тест (а знаеме дека некогаш и една недела се чека) отиде возот Ќе мора со матичнава за ова да дискутирам, да видам што ќе ме советува.
За средношколци па посебно дискутабилно е како се "дружеле" Мислам ме разбираш Неможеме да ги споредуваме со пиљиштарциве наши. Инаку не се тешам ја, едноставно 90% реалноста е таа. Преку онаквото ми е од преувеличување на вирусот и што сите нѐ држат под контрола. Ќе седам ја две недели дома зашто сум имала контакт со некој што го има вирусот ама тој што го има вирусот ништо не му е.. Ма ајде бре!
Што прочитав, децата ќе биле психички измалтретирани од маските.Затоа што сите се перфектни родители и перфектно ги воспитуваат, воопшто никогаш не ги малтретираат (не)свесно и никогаш не ги удриле, сега на маските остана да ја докрајчат психата на детето, парче материјал што децата го ставаат на исто ниво со блузата што мора да ја носат, ништо повеќе.Нека ги потсетуваат наставничките да ги носат, веројатно нема да им биде толку тешко.
Ее.. Полека многу нешто се силиш... Немаш демек страв ич хммм... Од каде си ти од друга галаксија??? Твое право е дали ке го пушташ или не. Еден обичен грип правеше хаос по школите по пола училници беа празни а не корона која може да јави далеку поголеми компликации... Седи мирно не чепкај во оган за да не се изгориш
Ја те разбирам, сфаќам дека возраста им е таа и не пазат. Ама факт е дека и маливе не знаат да се пазат. Ги гледам од 3 години па нагоре како се однесуваат секој ден кога ги шетаме нашиве. Гушкање, бацување, трчање повеќе деца на куп, си дишат во лице дур цртаат нешто по бетон, им паѓаат грицки на земја па од бетонот грицката си ја лапаат у уста и да не редам понатаму. Во превод, децата се однесуваат како да нема вирус. А тоа истото ќе се случува ако ништо друго на малите одмори во затворен простор. Пак ќе повторам. Девер ми беше тотално опуштен и пред да фати и кога фати. А не сакаш да знаеш како помина 14 дена сам во куќа. Џабе му беше позитивната мисла и став дека вирусот не постои. Жена му и детето мораа да се тргнат од куќата и да седат во изолација за тоа време. А за другиот дел од постот некако си контрадикторна. Ако не веруваш во вирусот и си опуштена и со добра мисла, што се замараш за вируси и стрепткоки и чуда Кога нема да има потреба да носиме ние маски во затворен простор, тогаш и децата нема да мора задолжително да носат маски на часови.
Да бидеш сигурна дека ќе ги носат маските и нема да јадат со раце немиени и нема да се чепкаат со прсти во очи уста нос хахаха ке спроведе учителката ред на 15 деца таа да не има 15 очи и мозок од трансформер абе ајде
На кого му се силам, на тебе? Нек си гледа секој за себе работа. Јас си го кажав ставот. Па искрено мислам дека тие мали одмори и нема да бидат баш одмори, веројатно колку да отиде некое дете до тоалет. Плус ако седат со маски, која е разликата дали ќе си се доближат за тие 5 мин. Незнам што да кажам. Навистина не живеам во страв дека ќе се разболи.
Е од каде тоа? Уствари зависи и што маска се носи, се согласувам дека некои маски се многу повеќе непријатни за носење за разлика од други, ама пак нивото на кислород е исто и со и без.
Малите одмори ќе им служеле за да истегнат нозе и да прошетаат низ училница. Додека е убаво времето и надвор ќе ги вадат. Ова е кажано на родителската. А надвор сигурно ќе бидат пуштени да трчаат со истите тие маски. Па дур трчаат ќе им се изместуваат маските, па може и да им паднат, па после фино ќе си ги пипкаат за да си ги местат пак на лице. Јас на отворено не им ставам никогаш маска, само кога треба да се влезе некаде во затворен простор, што е многу ретко. И јас не живеам во страв дека ќе ми се разболат, ама сметам дека немаат основни услови за физичко присуство па затоа ќе тера со онлајн. Едно нешто многу ми боде во очи искрено и ќе го пишам. Имам видено многу деца кои се со големи маски па цело време си ги местат и фаќаат. Ако со такви маски ги пуштаат и на училиште, немам коментар. Дали тоа дете да следи наставник, дали да чита и пишува или да мести постојано маска.
Има ли некаде точна и подетална информација како би се одвивала онлајн наставата..ме интересира имам прваче и треба да одлучам..доколку некој знае точно да ми даде инфо или каде да прочитам..
Син ми ќе оди. Се уште не сме изјавиле, ама детето веќе беше во контакт со вирусот. Се си мислам антитела да му проверам. Он едвај чека, знае дека ќе носи маска и ќе мие раце. Ако евентуално се влоши состојбата, ќе седи дома. Засега сме на ставот да оди. Кај нас мислам дека сите ќе одат.
Добро би било, доколку можеш секако, конкретно за таа наставничка, која ќе му биде на детето, да се распрашаш на кој начин држела, затоа што најверојатно ќе си тераат по старо.
Да гледам сите на клиника колабираа, па и стоматолози, па и оние во производство што носеа маски уште пред вирусов
@Angie1432 @Anie93 Тие маски не се измислени за симултана повеќечасовна употреба, туку систем вади-ставај. Плус се за во стерилна средина, не штитат на зелено пазарче, на плажа па ич. Напротив, ако неправилно се носат, а тоа е неизбежно кога не си медицинско лице и навикнат на нив, плус во болница не се наоѓаш, можат да ти нафатираат дупло повеќе бактерии во организмот. Исто како да си си го издувал носот, и мрсулите да си ги носиш залепени на фаца саати после. Тоа што си отарасан од свеж воздух и си го дишеш истиот цело време е друг муабет. Споредување со медицински лица е смешно. Тие во нормални услови маска не носат цело време, туку само на преглед ставаат нова и веднаш ја вадат. Тоа што сега, дека е пандемија и се цело време со заштитна опрема НИЗ БОЛНИЦАТА, е дел од професијата што си ја одбрале сами и ние не треба да се споредуваме со нив. Маските и нивната употреба од старт се колатерална штета на целава пандемија, која ете се претвори во добар бизнис и мое дете нема тоа на фаца да става и да носи непрекинато со часови. Затоа, дур не се среди глупоста со вируси и маски е подобро онлајн настава.
Ако беа толку штетни маските, докторите први ќе се побунеа, не ќе ги носеа, не само сега, туку и пред пандемијава. И ќе им беа турени белите дробови до сега. Не е толку страшно, не преувеличувајте.
Споредбата со медицинските лица е затоа што и тие се обични луѓе како нас. Доколку тие можат да носат по две маски, очила и визир, тогаш што нè прави нас толку нежни и свилени и не можеме да ја носиме маската? И ние и тие сме обични луѓе, професијата нема врска тука.