Тие носат по две маски, очила и визир, во даден момент, ВО БОЛНИЦА, за каде и што маските уствари се. И престанете веќе да се споредувате со доктори. Ние не сме, нашите деца уште помалку се. Тоа ти е исто како да кажеш дека за са бидеш солидарен со електричар, треба да брцаш во струја. Јас ниеден лекар немам видено надвор од работа маска да носи по улици, па дури и сега. Се знае за каде се тие маски, која е нивната намена. Ако толку се паметни тие од СЗО кои ни самите не можат да се договорат дали треба или не маска за вирусов, нека измислат специјална маска за ковид ЗА ПО УЛИЦА, со филтрирање на свеж воздух, а не да лажат дека бандана те штити од смртоносен вирус или шалче, па луѓе да паѓаат на 40 степени по улица како муви. Уште па на дете тоа да го направам, треба да сум психопата.
Можат да се исперат или стават на вриење платнените, а овие н95 на пареа.Другите се за еднократна употреба.Тој што се занимава со производство на материјали и маски, сигурно ги има предвид сите надворешни околности кои можат да ја намалат ефикасноста на маската, затоа што токму тоа и е нејзината намена уште пред да почне короната, заштита. А за носење шалчиња или марами не се согласувам, тие не се создадени да штитат од микроорганизми. И постојано спомнуваш носење на улица, реалноста е дека ретко кој ја носи кога е сам надвор или со близок, што е и логично.
И така, нели спремаат вакцини. Толку зорт за школо идење, ако е толку опасно ко што викаат, не разбирам. Од една страна, да ги заштитиме децата демек, од друга страна, фрли ги во оган.
Кај брат ми во школо од 29 деца во клас, на сите им имале потпишано родителите изјави дека дозволуваат да одат децата во школо со физичко присуство.
Ги направивте децава ептен неспособни! Ако знаат дека треба маска, ќе ја носат! Ќерка ми е 2.5 год па знае дека кога влегува во веро носи маска и не се жали. Ја носела и до 2ч затоа што сме стока народ. Ма толкава планина ќе ти се упикаат луѓе да ти дишат во врат. Сите уплашени од школо, а по маркети едно дете дали носи маска или соодветна за големината на главата/лицето. Сите испомешани, се дружат, ваму децава ризик фактор. Имам во околина. Не го пушта детето во школо, а ваму прави кафе собиранки со колегите на пуш пауза БЕЗ маски. Се поубедена сум дека на многу им се заарни седењето по дома и користење мерки од Влада. Секако, за тие што важи. Другите ќе продолжат да кршат глава што и како ќе биде. Во регионов, освен ние и србиве, сите ќе се со физичко присуство во школо. Не дека нешто поразлични сме, туку Владава и така е на стаклени нозе, уште разгневени родители им требаат, па гледаат на сите да удоволат. Да беа родителите толку засегнати, немаше да има журки, собиранки, кафиња, лулашки.. сите деца и возрасни ќе беа прибрани и немаше да има толку корона случаи. Него, никој не сака да се откаже од комоцијата. Каде може држава ко нашава повеќе од 6 месеци да плаќа на по еден родител дома да седи?!?
Точно убаво кажано. Сите по одмори отидоа во гужви се бркаа секаде а за школо не може. Е затоа ни уништија се и образование и се,не срозија како нација. Во другите држави може да одат на училиште кај нас не.Тоа можеби и догодина ќе трае и ајде и другата школска година така да оди, оваа што ќе ја уништат ќе ја уништат.
Тие што највеќе не почитуваат мерки,тие најгласни се против. И дека им се уарни на многу,им се уарни. Комшивка кај мене, онојпат ми вика да не знаеш некој да си платам дека детето ми е запишано во градинка да ми даде потврда? Да не идела на работа. А малото и е година,уште седи дома. И ми вика па ти си будала,дај ќе најдеме некој ќе си платиме и готово! Јас ваква oo Золва ми не напна како не и седело дома. Отупавела, сакала да излезе на работа, да се умеша у народ,дотера и среди. И прееска и викам (втораче и е малото) ајдееее, на работа ти се исполни желбата И тука следи:ама... мал е... не разбира... па нова учителка ќе имал... па ова .... па она.... Ма да Мислам дај бидете искрени.
Не знам зашто ги ставате сите у ист кош и цело време се вергла едно те исто дека им се уарнило дома на мајките. Како прво, уште не се знае дали ќе продолжат мерки за деца до 10 годишна возраст. Како второ, еве од нашето училиште до денес беше рокот родителите да се изјаснат дали се за физичко присуство или онлајн настава. Плус, како се изјаснивме сега, така ќе тераат цела школска година. Рекоа дека нема да дозволат да има измени. Пример, сега го пуштиш детето со физичко па после да се предомислиш и обратно. Јас без разлика дали ќе работам од дома или ќе одам на работа одлучив детето онлајн настава да следи. Може ќе треба да ја чува баба и која е со хронична болест на плуќа. Како да и дадам обврска да ми го носи и зима детето од школо според вас? Или што, голема работа ако се зарази и го однесе вирусот кај баба и. И да, детето од 11ти Март до денешен ден освен со брат и нема контакт со други деца. Нит ќе има додека не се смири ситуацијата. Немам намера од Септември да ја пуштам да се меша со деца чии родители не веруваат во вирусот и цело лето ги пуштија децата да играат со кого стигнат на улица.
Da i tie sto se celodnevna, cas od 30min i jadenje od doma zgotvenoda si nosat. Logika da nosi celo vreme maska tesko, jas ne izdrzuvam a ne kamo li dete od vtoro oddd. I da izbor nas, online ili so fiz prisustvo. Nie sto ne neosloboduvaat od rab. care kakvo. Ni babi ni dedovci za cuvanje nemame.
Ќе ги изместувале маски, ќе пипкале, ќе им паѓале на земја. А сега во маркет не ги пипкаат? Не ги изместуваат? Зарем со никој не се гледаат 6 месеци? Не мора со деца, со баби дедовци роднини пријатели? Вие може сда се заразите со некој ако се гледате па да му го пренесете вирусот. Така да, децата не се 100% изолирани па сега ова да било ризично.
Ама никој не размислува дека не секој родител има кој да му ги чува децата, сите само скокаат да биде се онлајн. Еве кажете, што ако и двајцата родители работаат во приватен сектор со минималец, и нема кој да им го чува детето. Едниот родител мора да даде отказ. А само со 15000 не се издржува цело семејство. Што ако има повеќе деца во семејството, и сите треба да слушаат настава истовремено? Нема секој пари 2-3 лаптопи/компјутери да купи. А наставата е задолжителна. Ставете се на местото на некој кој ќе мора да го нахрани и напие семејството, и да плати сметки/кирии со 15000 ден. Изгледа скоро невозможно, нели?
А да одат на училиште, а двајцата родители се на работа, а ќе нема целодневна настава, туку само скратени часови, кој ќе ги земе од училиште тие деца?
Па нели ете имаат избор родителите, или ќе ги пуштат во школо или онлајн. Тие што не можат да ги чуваат ќе си одат на школо. Деца од 4то одд па нагоре не верувам дека не можат сами дома да се снајдат за онлајн настава.
Уште кога немаше ни толку напредни компјутери, ни телефони, од 3-4г на статичнине компјутери седевме со братучедите врсници и одлично ги користевме, не па сега денешниве деца шо од 2г активно користат телефони и таблети и дома секој член има телефон, па им е достапно уште од бебиња дур се. Не сум сретнала дете мало досега да не знае да се снајде на телефон/лаптоп. За тие од 4то нема ни збор. Може да имаат инстаграм, тикток, снепчет, а не можеле со онлајн настава да се снајдат. Глупости.
Од 1во до 3то имате избор бре луѓе. Изберете го тоа што ви одговара најмногу и завршена работа. Никој не ве фатил за гуша онлајн настава да изберете. Како јас што избрав онлајн не се замарам со другите што избрале физичко присуство, истото треба и вие да го правите. А не да плукате и навредувате родител што смета дека онлајн настава е подобра за СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ. Во маркет не ги носам, со луѓе не се мешаат. Досадно стана веќе едно те исто вртење на муабет дека - Е што, зарем со никој не се гледаат во овие 6 месеци. Божем изроди сме ние што почитуваме мерки и не се мешаме со кој стигнеме. И да, можеби мерката за родители со деца до 10 годишна возраст ќе важи за сите, и тие со онлајн и тие со физичко присуство. Тогаш све мислам дека никој нема да реагира бурно, м? И друга една работа. Сигурна сум дека многу родители ќе кријат ако имаат позитивен што им е близок а имаат контакт и ќе си го праќаат детето така во училиште. Не зборам на памет, на работа имаме такви случаеви. Прво колешка во моја канцеларија криеше дека маж и е позитивен а закачил од несовесен колега што одел со симптоми на работа и криел од сите. Така сега исто имам колешка што криела дека ќерка и е позитивна и дека и она е со симптоми. И да, без маска си седела во канцеларија секој ден цело работно време. Не за друго, туку едноставно според неа вирусот не постои. И после некој ќе ми рече дека е ок да ги пуштиме децата на училиште. Со ваков менталитет и неодговорност НЕ, не е ок.
Ете на пример во едно школо каде што нема многу ученици и место каде што нема потврдени моментални активни случаи на заразени и има услови за настава со физичко присуство, стручните служби не сакаат да поднесат барање до министерството за таква настава, наспроти барањата на наставниот кадар (каде и самите имаат ученици во тоа училиште), и наспроти барањата на родителите и учениците. Овие споменатите се нели главните учесници во тој процес кој што никој не ги прашува и консултира, туку некој "од страна" им донесува одлуки како да работат. Знаејќи ги децата, и дека тие ќе се дружат, нема да ги почитуваат до детали протоколите, а наставниците неможат да ги спречат во сето тоа...ама пак на крај за се наставниците се криви. Стручните служби ќе си се заштитат зад on line настава за се што се се способни да организираат услови настава со физичко присуство без да помислат за последиците од тоа. И пак наставниците ќе се виновни. Е додека за се ги обвинувате наставниците и го рушите нивниот углед и авторитет пред децата не чудете се кога еден ден ќе сфатите дека децата не ви се доволно образовани, полуписмени и не ве почитуваат и вас како авторитет. А за протоколите, колку концетри имаше изминативе денови со колку публика на нив, колку луѓе секојдневно буквално се буткаат пред банките кој попрво да влезе...ама сето тое е во ред и не е опасно, вирусот е најопасен во школите.
А секако дека има деца што немаат скапи телефони, што дома седат со баба и дедо додека радителите се на работа за мизерни плати и не знаат да се снајдат на телефон или компјутер. Има и секејства со 2-3 деца со еден или без компјутер дома, а може да имаат настава во исто време...а па ако и редителот од дома работи на компјутер. Друг проблем, зошто е должно секое семејство дома да има компјутер или интернет, тоа не е ни по закон ниту неопходна и задолжителна потреба. Истото се однесува и за наставниците? Уште еден проблем зошто е должен наставникот секој ден да го носи и враќа компјутерот на работа и дома. Тогаш и ризикот да го оштети се зголемува, а тој лап топ е приватна сопственост и не е добиен по службена должност, туку е купен од платата на наставникот ( а не малку материјални средства наставниците вложуваат во обезбедување на потреби за реализирање на наставата). И пожарникарите, полицајците, докторите не ги носат средствата за реализирање на нивните работни задачи од дома и не се нивна приватна сопственост, исто значи и за наставниците. Кога тие МАЛИ и ОСНОВНИ проблеми ќе се решат може да се зборува за on line настава, наспроти можностите во доста училиштакаде што има можност за настава си физичко присуство, но струлните служби не сакаат да ги реализираат, а предтавниците на синдикатот се кријат во глувчешка дупка.