Да знаеш само колку од родителите ќе ти речат дека нема да носат деца а ке ги однесат. Ке се заканат со високи парични казни и како попче ке почнат со школо. Еве до сега дај ми пример за ЕДНА граѓанска непослушнот. Ало..поминаа избори, помина се, сега никој не те слуша веќе што збориш. Всушност, зошто да не го пуштш детето во школо? Ако се отвори се, тогаш не гледам причина зошто во школо да не оди
Оти не сакам да се зарази. Поголема причина од ова, нема. И знам дека ќе речат, а нема да исполнат. И не е ни битно. Има медиуми...
Е кој сака детето да му се зарази ?! Ама сите сме свесни дека дома седење е при крај.Ќе се истера уште до септември и после мора да се случи еднаш социјализација.
Социјализација секако има. Не мора да се прави дополнителен ризик. Нема шанси да дозволам, детето да ми е 'лабараториски глушец'
Живи били па видели. Го напишав мојот став погоре. Кога ќе речат ,мислам дека и ќерка ти ќе оди. Освен ако не се отселите во земја каде има хоум скулинг. Еве ти идеја. Во право е Рефи за бојкоти и чуда, нече мочи таму бојкот, освен ако не е за албанска кауза.
Aко (недајбоже ете) се зарази и покрај тоа што не оди на школо, ама помине лесно? После тоа ќе ја пуштиш?
Прво, 6-7 часа нема да помине. Реално, еден час е 45 минути кој секако ќе биде скратен на половина час, а сигурно голем одмор нема да има и ќе се дозволи одење во тоалет на поединечно барање во текот на часот. Ако е основка и близу ви е училиштето, за тоалет може и да тркне до дома. Се на се, и да има шест часа, 6Х 30, или 180 минути, односно не повеќе од 3 часа настава. Друго, еден клас ќе се раздели и ќе одат сменски, или едниот дел ќе почне од 7.00 наутро, другиот од 7 и 30, ќе седи по еден во клупа, нема да се изведува кабинетска настава, најверојатно физичко ќе има надвор. Ќе им се задаваат домашни и проектни задачи кои реално би можеле самостојно да ги исполнат во домот со на пр. консултација со наставник. ( по телефон или интернет). За време на часот секој ученик ќе користи свој учебник и прибор. Е проблем ќе бидат средните стручни каде мора кабинетска настава и пракса (пациенти на пр. медицина). На темава, сум дефинитивно децата да одат во школо. Нема замена за предавање, настава и и испрашување на час. И наставниците ќе бидат контролирани од страна на претпоставените во однос на спроведувањето на наставата повеќе на овој начин отколку on-line. За негативностите на он лајн веќе пишав во главната тема и не би обременувала тука повторно зошто не ми е одржлив тој модел на настава. На крај, во светот, во некои земји, иако лето, децата се на настава, надомсетуваат за пропуштеното. Сега имаме деца и млади кои масовно и без контрола се собрани надвор и по домови, во поголема бројка од да речеме половина клас, делат смоки, сладоледи, пијат од исто шише или лименка во неконтролирана средина. Не знам за казнет родител што дозволил вакво поведение, ниту сум споведочила растурање толпа од млади, родители и деца собрани на купче кои јадат и пијат на исто место. Тогаш, каде е грижата, каде е стравот? За хигиената не треба да станува збор, тоа треба да се подразбира. Ако нема и да има, секако би ја опремила во дезинфициенс, влажни и маски резервни. И на работа треба да ни даваат маски, ама нема секогаш. Не можам да речам не одам на работа, маски нема, одам и си носам од дома. Моето треба да тргне од наредна година и едвај чекам. Би ми било страв сигурно, ама повеќе стравувам од оваа појава на неодење на училиште на подолг период и испуштање на настава и нарушување на ред и дисциплина веќе стекната. Жал ми е што и градинката ја испушти во голема мера. Според мене, требаше луфт период за да се оспособат образовните и згрижувачките центри да функционираат во невреме на најдобар можен начин. Не е во ред децата да останат без образование. Градинките нека се отворат и така ќе работат со редуциран број деца, нека имаат родителите избор дал ќе земаат одмори и ќе ги чуваат, ќе ги чува друг или ќе одат во градинка. Сега буквално можат се да преселат надвор на отворено. Ние и пред тоа бевме на дното со образовниот систем и буквално тапкаме во место на тој план и уште ова ни фали. Ова нема да заврши брзо, макар и брзо да ни се обезбеди вакцина, а без соодветно образование ќе нема работници, професионалци, ништо. Ученик или студент со голема пауза во образованието ќе има дупки, нејаснотии, ќе нема континуитет, а ова е страшно за идни медицински работници.За крај, решение гледам во воведување на скратено работно време и систем на ротирање, како би им се овозможило на родителите да ги згрижуваат децата по училиштето, како и можност за достапност на родителот на дете од градинка, без сериозно нарушување на работниот процес и без ова веќе претерано отсуство од добри 6 месеци кое е крајно нефер кон другите вработени.
Возрасни не внимаваат, не пак деца. А дека еден наставник ќе дочува 20-30 деца паралелно... мало морген. Освен ако не ги држат затворени, без ни една пауза/одмор. А од друга страна, затворени во просторија долго време, не чини. Ко ќе видиш, ни една опција не е паметна.
Јас се сеќавам најмала промена да требаше да има на часот, исто ко не одржан поминуваше. Носењето маски на час исто така го гледам ко голем проблем. Ја заборавиле дома, па на земја им паднала, па се скинала... Додека да се разбереш отиде часот. Онлајн наставата засега ја гледам како најдобра опција.
Е па до тоа дереџе се стигна, наставник да нема авторитет да одржи ред. Во мое време да не му е денот, сите се тресевме ко глувци. И пак ќе кажам нема да бидат 30 деца туку половина. И нема да ги имаа сите часови. И нека има уште еден контролор покрај наставникот да држи ред. Нека се воведат дисциплински мерки за непочитување. За помалите одделенија уште пократок нека е часот и нека се одржи оној дел каде реално нешто се учи. Вака, па ич немаат дистанца. Ги гледам секој ден во какви групишта се збрани.Се гушкаат, бакнуваат, дружат и нема возрасен воп близина. Цел свет се врати на настава буквално. Што не земат пример од други држави за ова? Неодоговорно е што за сиот овој петмесечен период не најдоа разумно решение, смислија некои протоколи за градинки (џабе) се фрлија пари на скрининзи (џабе), ишто не работи, децата на сокаци, а цел свет изнајде модус.Што е уште посташно затворија се на двајца заразени, а сега пак бројките се енормни и сигурно нема да почнат да опаѓаат наскоро. А животот тече и времето лета во неповрат.
Кој забораи маска нема да биде примен дента на настава, ептен едноставно. Но ако направат да има доволна дистанца маската и не е потребна, тој што нема маска тој ден нема да оди на голем одмор Иако ова е логично, знам дека протоколите тоа нема да го дозволат. Меѓу другото многу добро нѐ имаат убедено дека маската е најдобро решение. Дали знаете дека маската не ве штити целосно? Посебно па тие пери-носи...тие не ве штитат ич. И најинтересното е зашто владее толкав страв? Дали сте свесни дека кога тогаш скоро сите ќе го прележиме грипов. Дали сте свесни со тоа рибање раце секој ден дека ги симнуваме сите корисни бактерии кои ни го штитат имунитетот? Дали знаете дека колку повеќе седиме дома и носиме маски, сме помалку изложени на сите други бактерии и вируси и со тоа ни се нарушува имунитетот? Дали знаете дека кога ќе престанеме да носиме маски ќе почнеме да се разболуваме секоја недела од обични вируси кои претходно ни биле секојдневие и не сме се разболувале од нив?
Навистина не знам кој е тој што нема да пушти дете на школо ако министерство за здравство рече стартува школо. Во Холандија НЕ СМЕЕ на одмор да одиш во тек на школска година зашто на граница контролираат ако има дете со тебе дали е на школо и зошто не. Мора посебна дозвола од училиште да имаш за изнесување дете од земјата во тек на полугодие. А школо не дава таква пропусница за " ми се оди во Грција ван сезона во Септември, ефтинко е". Ќе те спречат и ќе платиш ДЕБЕЛА казна. За пуфки продавање први сме, за нешто попаметно јок.
Немам дете на училиште, меѓутоа сум за да одат. Ништо поштетно не е училиштето од кафичите и дискотеките во кои сега киснат тинејџерите. Чест на исклучоци и родители што не ги пуштаат.
Значи и тие што не ги пуштаат, а тие што свесно се пазат, да ризикуваат да бидат на куп со неодговорните? Оти? Оти им било 'тешко' да побараат од власта да си ја заврши работата. Сенкир сај-фај е онлајн настава. Со години се применува во некои држави, ние ко да не сме живееле на планетава воопшто. Затворени во чаури и уште 'со правилата' од на дедо Ное времето. Се плашат луѓето од промени. Посебно, ова што се случи пролетва, со неодговорноста на МОН и целиот наставен кадар, ги исплаши уште толку родителите.
Не е дека не се согласувам, едноставно кажувам знаејќи ја ситуацијата во која се наоѓа нашето образование. Кога се полага матура нели исто така се седи на одредена дистанца. Кога полагав јас матура заврна таков дожд, почна да капе од сите страни, сите ученици моравме да се пикнеме на неколку клупи за да довршиме со решавањето. Не недостасува многу кај нас за да не се одржи соодвветна настава.
Ама не треба никој ,,да бара" од власта, сама треба да е способна да се справи и да воведе соодветни мерки. Онлајн настава во теорија звучи добро, во пракса во Македонија не е изводливо. Има семејства со две, па и со три деца во школска возраст. За секое посебен компјутер ретко кој може да обезбеди. Следење настава од друг уред како таблет или телефон не е и не може да биде решение
Прво, за претстојната настава од 1ви Септември има Протоколи. Мерат колку ученици ке бидат во една училница (по м2...по растојание...) Часовите нема да бидат по 45 минути, ке бидат по 25 минути. Ке има смени во секое школо, и од една до друга смена ке има растојание од незнам колку часа, доволни за да се испрска низ училница од претходните. Сеа, да не излезе дека сум бранител и поддрувач, ама ми се чини логично да се почне, зашто МОРА еднаш да се почне.
Исто е од било кој уред. Докажано. За првата реченица: Секако дека народот има право да бара. Не значи дека народот мора да се согласи со секоја одлука на власта.
Не е проблем онлајн наставата, постојат обуки, малку по малку сите ќе се навикнат на тие промени, возрасни сме. Јас се прилагодив многу брзо. Друга приказна е што родителите имаат проблем да изиграваат и наставници. Но децата се тие на кои што највеќе влијае седењето дома и несоцијализација. Моево дете е многу сменето, плаче непотребно, за ситници, раздразлива е, а исто се случувало и кај други деца на нејзина возраст. Одбива да работи кога и давам вежбанка со букви и бројки...излегува како намерно да ја мачам и малтретирам. Друг е авторитетот на наставникот во училница. И изначитав многу психолози периодов, сите се на став дека ова многу влијае врз психата на едно дете. За Мон не би да правам муабет, излегоа крајно неодговорни кон сѐ и сеуште така ноншалантно се понашаат.