Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 20 јули 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 глас(а)
    15,1%
  2. Да, иако се плашам

    88 глас(а)
    42,9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 глас(а)
    28,3%
  4. Не знам

    28 глас(а)
    13,7%
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.065
    Допаѓања:
    76.871
    Пол:
    Женски
    Епа не била затоа што криела дека има дома позитивен и дека она е со симптоми. Тек денес се тестирала па, ако е позитивна од утре ќе одат сите во изолација. Исто како и првата што криеше дека маж и е заразен, па и она лабаво со симптоми си седеше без маска во канцеларија.
    Е тоа истото ќе се случува и по училиштата. Ќе кријат и ќе праќаат деца на училиште.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.065
    Допаѓања:
    76.871
    Пол:
    Женски
    Никој нема да носи сопствен компјутер под мишка од дома до училиште и назад.
    Како бре вака пишувате нешто, а поима немате како навистина ќе биде.
    Онлајн наставата ќе се одржува од училиштата, од училниците. Никој од дома нема да држи онлајн настава.
    Кај нас кажаа, додека тие што се физички присутни имаат час, во исто време и тие што се дома ќе ја следат наставата.
     
    На cresa-jagoda и tinka-mace им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Какви деца вие имате во окружување?!? Моево тел освен за зборување не знае дека продуцира видеа и сл. Не ни планирам да ја учам. Да зјае на таблет, компјутер и сл.за сега е мисловна именка. Ќе одложувам колку можам. Нема да остане неписмена, едноставно тоа ќе си дојде во свое време.
     
    На tina2018, Ambrosia, Lima24 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Само да споделам информации дека има училишта и без интернет (или нестабилен и слаб), училишта без или со дотраени и баааавни компјутери, без никакви камери и насоки за тоа што е споделено овде. А и држењето час не е снимање реклама или театарска претстава за толку јавен настап.
     
    На tina2018, SummerGirl, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    И на крајот од денот, ќе правиме така како што ќе одлучи некој над нас, а не како што ние сакаме по форумов.
     
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    За потребите на стриминг на настава од училница е потребен многу брз интернет во сите училишта, и цела ИТ техничка поддржка во секоја училница, што е научна фантастика кај нас. Самата заменик Министерка за образование предлагаше да се овозможи интернет со УСБ стикови, што само по себе е смешно. Можеби во Холандија функционира, но тука се знае дека наставниците и професорите во училиштата користат сопствен интернет од мобилни телефони, кој ако стримуваат часови ќе се потроши за еден ден.

    Најдобро решение за онлајн настава е настава од дома
     
    На Lima24, M.B., SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.804
    Допаѓања:
    270.758
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека секаде во сите училишта ќе се обезбеди да може учениците кои се онлајн да следат дирекно или снимено часот кој го држел наставникот со другите деца.
    А уште помалку дека наставниците од 4 нагоре ќе држат час во празна училница.А учениците онлајн ќе следат.Училиштата немаат опрема за такво нешто а и не верувам дека сега одма ќе снабдат.Нити кадарот е обучен и спремен.Тоа не се прави со онлајн обука од 2 часа...
    Само немојте да речете дека ќе ги стават во функција тие комјутерите од проектот компјутер за секое дете или малите лаптопчиња оти тие се одамна расходовани...
    И најлошото е што на нецела недела пред почетокот нема НИШТО спремно.Не се знае ни дали ни како ни кога ќе почне наставата.
    Штета...

    Додека пишував Ева истото го кажала...
     
    На SummerGirl, Glowy, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Освен брз интернет што може да се обезбеди за еден ден,што е друго потребно:^)
    Зошто е проблем да се држи час од празна училница?
     
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Компијутер, прожектор, интерактивни табли, уреди за мрежно поврзување, ќе треба да се троши нафта/струја(да се затоплуваат училниците само за една личност... (тоа ми текнува во моментов)
    Сигурно има повеќе, затоа и не се разговара многу околу оваа опција..
     
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.065
    Допаѓања:
    76.871
    Пол:
    Женски
    Види, јас кажувам што е кажано на родителска, не измислувам.
    Кажано е дека додека предава наставникот на децата со физичко присуство, во исто време ќе ја следат онлајн наставата децата од дома. Во училиштето имаат компјутери, интернет, пројектори и се што е потребно за наставата да може без пречки да се одржи.
    Не знам како е по другите училишта, зборам за тоа во кое оди ќерка ми.
    Кажаа дека детето ако не се уклучи на онлајн часови без претходно оправдание од страна на родителите, автоматски добива неоправдани.

    Затоа и се одлучивме на онлајн, зашто ќе биде на безбедно а ќе ја следи наставата како и децата што се во училница. И еднаш во три недели ќе ја носиме на испрашување со физичко присуство, таков бил планот за онлајн учениците.
     
    На referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ок, во ред е твоето, јас само кажувам зошто таа опција во моментов скоро и да не се разгледува(може само некаде со исклучок како во твојот пример).
    Да беше Јуни месец, па да имаше повеќе време да се превземат разни методи, и да се набави соодветна технологија, може ќе беше изводливо, но во моментов не е.
     
    На mareane, Glowy, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    И сето тоа го има во повеќето училишта.

    Наставниците ќе си донесат сопствени ако треба,тоа ќе им биде помагало за работа.
    Секој наставник има комјутер дома,истиот тој од кој бараа домашна,ќе си го донесат во школо.
    Или истиот тој со кој ке работат дома.
    И ќе си купат сами ако треба со оглед на тоа што повеќето од нив платата за џабе ја земаа изминативе месеци.
    Прожектор исто не чини многу пари ако има потреба ,а интерактивна табла и не мора.
    Што е проблемот.
    Да се разбереме,наставниците имаа време од 6 месеци да се припремаат и сами во случај на онлајн настава.
    Ама повторно да праќаат и бараат
    домашни,нема да дозволиме.
    Ова ние го разговаравме на совет на родители.
    Можност да се реализира онлајн настава секој наставник има и секој наставник треба да си ја спроведе.
    Да праќа домашни и проекти веќе нема да дозволиме.
    Изговори уште помалку.
     
    На referentka, Hellobeautiful, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Абе лесно е вака да збориме, кога сме од другата страна...

    Постави го ова прашање на некој директор од училиште, образовен инспектор, претставник од општина, ќе видиш што ќе ти одговорат.

    Да беше изводливо, уште веднаш ќе беше ставено на дневен ред, и да се разгледува оваа опција.

    Се се сведува на опцијата "Ќе" (ќе купат, ќе донесат, ќе набават..), а уствари ништо од тоа.
     
    На Lima24, mareane, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Го поставивме во нашето училиште.
    Има опции.
    Услови има.Кој сака да работи ќе работи,кој сака да дреме и да праќа домашни ќе бара изговори.
     
  15. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    И што ви одговорија?

    Ако ги има сите услови да се држи настава од училница, не гледам причина зошто таа опција не би била прифатена од страна на просветниот кадар.
     
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Не сите училишта се опремени за да се одржува наставата онлајн од училница, а дека ќе стигнат да ги опремат мали се шансите според заинтересираноста на надлежните.
    Моменталните компјутери тие што се останати од прокетот компјутер за секое дете се тотално нефункционални, на нив едвај се уклучува некоја од тие апликациите за настава. Со ова приморани ќе се наставниците (тие што држат и онлајн и физичко истовремено, ист термин) да си носат комјутери, но не секој има лаптоп, некој има статичен не може тој секој ден да го пренесува за од училница да предава. И воопшто не е коректно да се бара од нив да си набават со свои пари лаптоп, сепак не е нешто преефтино, тоа е должност на МОН. Ни камера ни микрофон не би требало сами реално, но ајде не се многу скапи, па ќе поминат преку тоа, пак ќе речам ни тоа не треба. Ако предаваат од дома секако овие проблеми се намалуваат.
     
    На Kitten, azelea, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.804
    Допаѓања:
    270.758
    Пол:
    Женски
    Велите "повеќето" училишта имаат услови ама нели сите сме еднакви и сите деца имаат исти права и можности.Ама јасно е дека не сите училишта тоа го можат.Затоа и беше кажано дека ако за тоа нема услови може да им се испраќаат писмени материјали или веќе снимени часови на едуино.
    Инаку наставниците одамна користат свои лаптопи печатачи хартија,интернет ...
     
    На Glowy, Ева33 и azelea им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    249.512
    Им даваат хартија онолку колку што Директорот знае да менаџира.
    Верувајте за се има пари, а месеците воопшто немаа трошоци па можат да ги пренаменат парите за нови компјутери.
    Не, не е научна фантастика да се предава од училиште.
    Кај нас ете во селските училишта има по 10 деца во одделението, зошто да следат он лајн?
    Кај нас и родителите и наставниците бараат настава со физичко присуство.
    Децата сите се надвор и се дружат. Нема логика зошто да не одат во училиште.
    Еве и Директорот на Козле што вели.
    https://lokalno.mk/d-r-andonovski-d...nichka-slika-i-imaat-lesna-forma-na-kovid-19/
     
    На senjorita-v, Glowy, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    IMG_20200824_215009.jpg
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Она од тестирање да почнува изолацијата само wishful thinking остана, а?
    Па кој курац, искрено. Од кога и почне изолацијата нема ни да има доволно вирулентен вирус за зарази некого. Протоколите грмат, гледам...
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.