Додека чекаш резултати потпишуваш изјава дека нема да излегуваш додека не ти стигнат резултати. Маж и син потпишаа иако имаа и решение за изолација. Јас не, ама има Уредба каде е ова регулиран и се одговара. Како тоа шетала?
Па тоа што го напишав. Услови интернет/комјутери има во школото, ќе ги користат наизменично ,интернетот е повеќе од солиден Т хоум,а доколку има потреба од компјутер ќе се обезбеди. Незадоволството беше огромно кај родителите,бидејќи многу слабо беа вклучени наставниците во онлајн наставата. Зошто не сакаат онлајн да држат од школо не знам,ама да праќаат куп домашни на непредаден материјал,богами нема. А ако користат свои лаптопи,печатачи ко што вели @mareane тогаш не гледам зошто да не одат на работа.
Има. Сапун ,вода во секоја училница,а и во тоалетите. Само што децата нема да одат во школо. Збориме за наставниците кои не сакаат да одат на работа.
Она денес се тестирала и тек од денес се сите во изолација замисли Најинтересното е што ќерка и кога качила температура и имала и други симптоми, за секој случај ја тестирала ама не пријавила на работа зашто може и обична настинка и било (без разлика што детето било во близок контакт со заразени) . И сега цела канцеларија со се фамилии во исчекување дал ќе појават симптоми.
Криела Јуле. Си чекала резултати од ќерката, а она со симптоми си одела на работа. Така еден куп се зарази ја кај мене на работа. Друг колега исто со симптоми си одел и не кажал ништо. Кога после тоа испадна цела канцеларија заразени и со не баш лесни симптоми поминаа. Затоа и цело време зборам дека ќе биде лошо за децата на училиште. Многу има што кријат и ќе кријат, а ќе си ги пуштаат лабаво децата на часови. И затоа ние што имаме хронично болни не смееме да мешаме деца со никој.
Она што најмногу ме загрижува со онлајн наставата е што децата ќе станат асоцијални. Проблем кој подоцна ќе им треба време да го надминат.
А за колегите нема самоизолација? Стварно играчки си играат. И после се шири... Епа се шири... Фино тоа школо некое. До пред година дена немаше школо во државата што исполнуваше хигиенски услови во тоалетите. А за наставниците немаат причина зошто не би оделе на работа, баш не им е работата кај што мораат да бидат во близок контакт со колеги, посебно ако учениците се дома. Со пазење, скоро никаков ризик не би имале да фатат. Илјадници продавачки за минималец секој ден на каса во контакт со стотици луѓе на ден, наставничката баш не мораат со никој да бидат, така да... Секое одбивање да одат во школо им е од чиста мрза, изгледа им се угоди ништо да не работат.
Тек од денес кога кажала ги пуштиле. Знаеш што е најлошото? Што никој уствари не носи маска, се чаталат и зборат дека не веруваат во вирусот. И така еден куп луѓе искочија позитивни.
Kaj moite deca golemoto e 6to ke ostane doma, za nego ima lap top i ke funkcionira zasto uci sam(ne se somnevam deka nema da mu e problem, i da ima ke se resi). Maloto e 2ro, za nea nemame doma uste eden lap top a i ne mozam momntalno da go kupam, i imame bebe. Znaci ne ne mislat na site deca,i ne ne sakaat da odat site vo skolo...denes i luda me napravija majki cii sto deca ke sedele doma so on line nastava? Zasto da ne go pystam detoto? Zasto da se plasi da izleze na ulica? Zasto da me prasuva sekoj den dali moze da izleze od dvorot a 7 god . Ne sum i zabrabila...zasto sme nie paranoi... Decata mora da se opismenat,ne e isto kako skolo, doma e doma... Skoloto i institucija ne e video igra i playstation..
Ова мене што ме зарази цела недела си одеше на работа оти велеше од климата и е. Вакви Иви има еден куп. Освен целосна изолација, друго не те спасува. Јас кај мене, во мојот град, околина, бев една од ретките што носеше маска и почитуваше мерки. И еве само јас се заразив. Луѓето не ни веруваа како јас. Сфатив дека не можеш да се заштитеш од вирусот освен целосна изолација. Кај нас тоа го нема. Сега сме на одмор. Никој маска не носи, само гостите од Ск што идат. Југоисточна Македонија е скроз лабава. На другарка цела фамилија и беше заразена, близок заврши во болница и се уште не верува во вирусот. Плус е убедена дека ќе не чипираат со вакцините. Други веруваат ама не внимаваат. Трети дека лесно се прележува. Оние ко тебе јас само овде ги читам. Не знам после се што очекувате.
Да. Одамна е така. Уште големата кога почна имаа посебни тоалети со клуч само за првачињата ,посебни за од 2 одд нагоре. Чистат редовно. Грев е да зборам лошо. А наставниците сега нека се бунат колку сакаат. Да праќаат домашни по мејл ,а ние да изиграваме дома наставници, нема. Да предаваме ние дома хемија, физика, математика и уште куп други предмети за да научи, напише домашна или проект,а да ми се правда наставникот немам услови,или не знам како,а да прати 20 задачи по физика домашна без да предаде,не прифаќам. И јас не знаев да работам во Илустратор,па кога ти бара работата ,ќе научиш се.
Искрено, ништо не очекувам. И баш поради тоа пазиме максимално. Затоа што гледам како сите се однесуваат, затоа и потпишавме за онлајн настава. Затоа и оваа година не отидовме на одмор, планина, езеро, па дури ни на базен. Носам маска во маркет, аптека и секаде каде што треба да влезам во затворен простор. Маж ми носи цели 8 саати маска во канцеларија, и среќа сите колеги и колешки се совесни кај него па носат маски цело работно време. И поради максималното пазење од наша страна ми е ризик во мала училница да ја пуштам да оди со физичко присуство со деца чии родители не пазат воопшто. 29 деца се во одделение, 21 се за физичко присуство, 8 се за онлајн настава. Родители гледам еднаш во месец со дистанца од 5 метра, физички не сум ги допрела ич. Затоа и не сум за физичко присуство, затоа што пазиме од прв ден, а така и ќе продолжиме.
Па тоа и споменав претходно. Имате "топ" услови, и во вашето училиште секако дека ќе може да се предава од училница, што не е случај во некое друго училиште... Сепак и учителката и установата до некаде одлучуваат, не е се "како сака родителот".. Затоа и ништо дефинитивно не ви кажале, сте кажале ваши мислења, одлуки, сте донеле заклучоци, но ништо сеуште не е завршено..
Завршено е. Се договоривме,ако прекршат ќе тужиме и ќе се жалиме. Веќе имавме таков случај. Родителите не сакаат ништо повеќе од тоа да им бидат предадени лекциите на децата. Само тоа. Тоа што им е работна обврска. На никој од родителите не им е обврска да ја работат работата на наставниците.
Ххммммм... Можеби, но на ваше место пак не би се ослонила само на тоа, штом сеуште се прашуваш "зошто наставниците не сакаат да предаваат од училница". Сакале или не, со онлајн настава, родителот има поголеми обврски во образовниот процес кон децата, отколку во редовна настава. Без разлика дали се работи за 1,5,9 одделение
Не се прашувам воопшто ,не ме интересира зошто сакаат или не сакаат,тоа не е мој проблем. Едно е да имаш обврска ,да помагаш во вежбање задачи,тоа се подразбира или по било кој предмет. А сосема друго да мораш да му предаваш хемија на твоето дете,затоа што наставникот му дал две страни задачи по одредена тема да ги прати ко домашна за утре,без да најде начин да му ги предаде.
До утре може "да се силат" родители(кои после ќе молат по народ за 4 и 5 за своите деца, па дури и по партии ќе оргираат за оценки(не зборам за тебе конкретно, општо) ) но пак ќе кажам, имаат голем дел во конечните одлуки, но не се главен фактор за тоа.
Што е силење? Да бараме да се предадат лекциите ? Не ти ја разбирам репликава. Да изиграваме ние наставници дома за време на онлајн настава? Секој родител треба да предава по 14 предмети дома? Нормално ќе се буниме. Ако продолжат со ист начин на работа ко што работеа од март до јуни. Браниш неодбранливо ,генерално просветниот кадар комплетно потфрли со досегашната онлајн настава на штета на нашите деца. Со ретки исклучоци.
Прво, значи, не можеш ти како родител "да наредиш" на учителка/наставник/професор дали да предава онлајн од дома или од училница, тоа јасно ко ден да ви е. Второ, родителот "никогаш" нема да биде задоволен од работата на наставникот(зошто ќе мора и тој да поработи со своето дете, па нема да има концентрација, нема да има авторитет кон детето... .) и вината секогаш ќе ја бара во наставникот. Трето, ЌЕ мора повеќе да си се фокусираме самите ние како родители кон образовниот процес на децата, да го испотиме малце газот и ние, ако сакаме колку-толку да го совлада материјалот детето... Не може од 14 наставника(како што пиша ти самата) ниеден да не ви чини, никој ништо да не предава, запрашај се, може и не е проблемот во образовниот кадар..