@Ева33 Професори немаат право ни под разно да се жалат дека се ургира за оценки, па уште помалце за преку партии, мислиш они надвор од системот се. Па за да е воопшто возможно тоа за кое се приговара треба да се самите тие корумпирани или да должат нешто на некоја партија, па сега да мора да исполнуваат нечии желби. Инаку, би можеле да се игнорираат само родителите, нели? Аргументот за ургенции е противаргумент за наставниците исто толку колку и за родителите. Настрана од тоа што никако не е поврзан со дискусијава и е искористен само во недостаток на други аргументи. А наставниците треба малку да заборават на даскал синдромот, еден во цело село па ќе изиграваат богови и ќе чекаат да им ги бацуваат нозете, па уште не им биле значаен фактор родителите...
Site sme zavisni vo sindzirot na obrazovanieto, zalno e sto decata go Izvlekuvaat debeliot kraj. Ne postoi nacin da se skoluvaat decata bez roditelite, niti bez nastavnicite. Sekoj eden mora da se spravi so momentot na "korona time". Toa e realnosta.
Ти викаш дека нема оргенции за оценки од страна на тетки, стрини, комшики,..?? Тоа сакаш да кажеш? Во Македонија живееш? Родителите не се главен одлучувачки фактор. Одлука прво се носи на општинско ниво(во зависност во која фаза на распространетост е ковидов) па на училишно ниво, (во каква состојба е училиштето, и дали може да ги задоволи и исполни сите протоколи и критериуми) па тек после родителот... А наставниот кадар заеднички одлучува на совет каков став ќе заземе училиштето, и ќе важи за сите подеднакво... Не се мешај како претходно ако не ти се познати некои работи..
Не викам нема, викам во наставниците е дел од вината. И затоа срамота е да се користи како контра аргумент против родителите од самите наставници Види, кај сакам ќе се мешам зошто е форум, побогу ако си професор барем концептот на дискусија и дебата треба да ти е познат. Нормално дека ќе реагираат родителите ако наставниците не си ја вршат работата. Со оглед дека ништо не функционира во државава, посебно па образованието ни е на најниско можно ниво, што се покажува и на темава, не знам дали ќе успеат нешто да сменат. Ама дека твоето потценување спрема нив нешто значи, и тоа не значи.
@Ева33 1. Ако одлуката на ниво општина/училиште е да предаваат од училиште,нема не сакам,не можам и сл.желби на просветниот кадар. Мене лично ме интересира да ги предадат лекциите. 2.Апсолутно неточно. Вината не е секогаш во наставникот. Ова е тврдење од неискуство или фантазирање. Многу фактори има за неуспех. 3.Јас да го испотам газот и да предавам физика? А наставникот воопшто да не се вклучи онлајн 3 месеци?! Стварно? Дали си свесна што пишуваш. Не е секој родител обучен ниту доволно образован да предава предмети. А ако имам три деца на сите треба да предавам јас,а наставниците да не се вклучуваат?! 4.Од 14 предмети вклучени само тројца во просек,тоа е онлајн настава за тебе,тоа се одлични наставници?! Како тие што се вклучуваа предаваа,тие можат, овие другиве не знаат нели?
Е тоа де викам и јас. До утре заканувајте се со тужби, со потписи или што и да е, ако се донесе конечна одлука да се предава од дома, само во канта ќе си ја фрлиш хартијата, не знам како не разбирате дека не сте "главни" во ситуацијава... 2. Ако наставникот не се вклучи воопшто онлајн, имате стручна служба, директор, просветен инспекторат жалете се таму, не ги генерализирајте тука сите исто. Се што не ви е по кејф и имате поплаки околу онлајн наставата, обрати се во вашето матично училиште,и таму барај се што треба. Што не споредуваш "нас" сите наставници со некои сосем пети! Јас секако неможам да ти помогнам..Жал ми е
Хахахахаха.... Мацо, идат, молат за оценки, фаќаат врски по пратеници, министри, директори.... Не сум јас крива што дете од пратеник "мора" да помине со сите 5 (а слаб ученик е) па ќе ми се јавуваат по моб и оргираат преку триста можни луѓе.. капиши... Изрази си се слободно, ама барем точни информации изнесувај, биди точно и навремено информирана, не од ракав извадени коментари..
Им се може, бидејќи се знае како се вработувате со партиски книшки. Па мора да прифатите да пишете оценка, немате право на глас да се спротивставите и да бидете објективни, зашто во секое време ќе ве заменат со друга партиска личност што чека на листата за вработување.
Имав јас еден школски. Татко му беше професор во истото школо. Нормално, сите оценки требаше да му бидат петки. Ама една професорка не попушташе. Никакви ургенции не палеа кај неа. Не доби петка на крај. Ама тогаш немаше партиски вработувања. Јас ќе го учам поголемиот дома, ама не можам како неговата учителка. Не ги бива сите родители за биологија, на пример.
Не бе срц, не знам дали само со сила се правите "на тошо" или навистина не ја разбирате поентата(не верувам во ова) Ако пратеникот мисли дека петката што ќе му ја ставам на детето негово му е со знаење или заслужена, нека тера така и понатаму... Како викаат" знаењето е сила, знаењето е моќ". Утре од тоа дете нема да биде врвен инжињер, архитект.. Тато ќе го пикне у влада да лапа пари, или да се образува во странство на државен трошок.. Кој-кого ќе замени? Маци, кој има решение за вработување на неопределено, како ќе го заменат?
Фаќање врски имало и ќе има. Сегде не само на школо. Ама не е за тоа темава. Дека образовниот систем ни е катастрофа и сега испливува тоа на виделина, така е. Ви дадоа две опции за да одлучите како си сакате, вие пак тупите и се надмудрувате која е најмајка. Ако некоја одлучила да го пушти детето да учи со физичко присуство за да се социјализирало, нека го пушти, нејзино право си е. Ако некоја одлучила детето да учи преку онлајн настава со цел ризикот за зараза да е помал, пак си е нејзино право. Сфатете и помирете се со тоа дека различни карактери, различно размислуваат и различни мислења и решенија наоѓаат за ситуацијава.
Сакаш да кажеш дека ако имаш решение на неопределено никој не може да те избрка? Цел живот клатиш врата, земаш плата Шубо
Не може да те извадат од работа освен ако не останеш технолошки вишок(немаш доволно часови), осуден си за сторен криминал, и уште нешто не знам точно што.. За другото, не би коментирала...
Postojano komentirate za decata vo gradskite sredini ,pa dali ste svesni deka ucenici ima i poselata vo podracni ucilista ,deka deca nemaat komjuter ,so ova samo ke se napravi jaz pomegu decata ,ne sekoj roditel ima da kupi komjuter ,maltene sto roditelite na nekoj deca po selata po cel den se po nivi i koj na tie deca ke im pomogne da se obrazuvaat,ke mora sakal nejkel da go pusti vo skolo,i ete uste eden problem kade e tuka organiziraniot pravoz ,daj spomnete gi i ovie deca .Ne se decata od gradskite sredini samo da se obrazuvaat pa drzavava rasprava samo za niv ,ima ucilista i nadvor od skopje
Jas sum za site deca da posetuvaat nastava so fizicko prisustvo pa i lani vo Noemvri Dekemvri paralelkite bea prepoloveni znaci koj e bolen pak doma ke sedi i veruvam deka i tie meseci virusov bese prisuten i decava go pominaat ama kaj nas vo drzavava se kasni i inf.za virusov e zakasneta
Ургира, исто. Ко те читам, типичен наставнички менталитет. Семоќниот наставник Што сакам ќе правам, никој ништо не ми може. Затоа и тоне образованието и сме последни по ранг листине за знаење. Он лајн настава. Прати домашна, сликај и врати ја на вибер!!! На толку платформи, драјв и сл, на вибер се праќаа.