Skolite neka zemat neka gi upotrebuvaat site prostorii za ucilnici neka vrabotat poveke uciteli i neka se namali so toa brojot na ucenici vo paralelkite ,kako napravija vo zdravstvoto ,a sega gledam opstinite vrabotuvaat nastavnici na skrateno rab.vreme za 9000 neprijaveni
Незнам зошто ги спомнувате по малите средини (ај дс не речам селата) кога јасно се кажа дека НЕ СЕКАДЕ ќе се применува он лајн настава. Таму каде нема % на заболени ќе се одвива нормално со мерки на претпазливост. Во Скопје на пример на родителите од 1-3 им дадоа избор, секој си знае за свое дете како е нај добро и какви се неговите можности да го следи и подучува детето. Над 10 години ќе се следи он лајн, веќе таа возраст се смета за по зрела да може само да опстане. П.С....на вести даваа прилог како забрзано се купуваат компјутери и лап топ-и , мислам дека Анхоч збореа. Значи, родителите се спремаат...
Сериозна ли си? Мислиш лесно ќе поминеме само со игнорирање на родителот? Па ургирањето за оцена и никогаш не иде преку родителот, туку директно од горе, од каде што неможеш да речеш НЕ. И не сите сме вработени преку партија, така што ако мене ми наложи директор или градоначалник, немам опција да кажам "не" а да не си го загрозам работното место. Искрено правдина не би терала во нашево корумпирано државиче зашто нема да ја истерам по мое. Само ќе биде на моја штета. Искрено не би ја жртвувала работата ради една оцена. И не се заштитени како бели мечки тие со решение. Ако решат да те бркаат ќе те избркаат, ќе ти најдат причина. Среќа кај мене нема многу вакви ургенции, на заканувачки родители на потпаѓам, но имало ситуации кога директно од градоначалник стига ургенција тоа и тоа дете да ја помине годината. И што ќе правиш? Оваа школска година нема нејќам и неможам. Сите професори и наставници ќе бидат обврзани да остварат онлајн час по претходно утврден распоред на часови. Работодавецот е должен да ги обезбеди условите за работа за сите вработени.Така што ако имате случај со наставник да не реализира часови, мислам дека ќе имате право да ги пријавувате кај просветен инспектор. Нас за ќерка ми ни стигна анкетата, гледам 90% од родителите се одлучивме за настава со физичко присуство (за прво одделение).
Да. Уште кога се решив за кариерен пат јасно ми беше дека for starters нема да работам државно. Кој си се решил за државно нека си ги решава последиците сам, нема сигурно да решавам туѓи проблеми на форумот. Јасно е од секогаш како стоеле работите во државата, па ете наставниците свесно се одлучиле да влезат во тој филм. Сите одлуки си носат последици. Не ги апсолвира тоа дека се помалку вклучени во ургирањата.
Многу арогантно како за некој што си дава за право да генерализира дека сите сме корумпирани. Ако сакаш да дискутираш тоа не е решавање туѓи проблеми. Верувам ако некому е потребно решение за проблем нема да го побара на форум. А исто така неможе да ме убедат дека на приватно нема мито и корупција. Така што каде и да си, во нашево државче, ружи не цветаат на ни едно поле. Нејзе, муабетот е далеку од насловот.
Никаде не реков сите. Ти ме праша како би постапила јас, јас кажувам дека не морам да размислувам на темата зошто тоа беше една од причините зошто не избрав да работам во просвета или воопшто државно. Не сум човек што може да премижи неправди, и нема да глумам слепа дека само 1%, дали и толку не прифаќаат ургенции, кога и самите професори на темава тоа го потврдуваат. Не знам зошто ти се навредени чувствата, кога и сама пиша дека немаш друг избор. ОК, ама прифати си ја одговорноста дека си се фатила на тоа оро, а не како членкава погоре што се дрзна и како аргумент во дебата да го користи. Мислам, срамота е Темата за ургенции беше искористена како контра аргумент спрема родителите од наставник, впрочем истото го пишав како и ти во моите претходни мислења, дека воопшто нема што да се користи при дискусија во темава.
Нас ни стигна барање....Дали родителите работат и дали дома поседуваат компјутер/таблет. Тоа треба да се прати на учителката. Информациите ќе ги праќале во Министерство.
Истово и кај брат ми што е основно го прати вчера класниот негов. Малце рано им текна анкети да праат.
Ова им е минута до 12 на овие од МОН, колку да се рече еве работиме, а учебната година треба да "започне" за 1 недела..
Затоа во наводници го ставив зборот, нема шанси мислам пред 15 да почнеме. Кај нас во училиште денес и утре ќе се врши прераспределба на првачињата.
Уште еден доказ за" спремноста "на МОН. Ама не, работникот (наставникот)е неработник само... @Ева33 која е разликава во 6 и 7 точка?
Затоа пишав неколку пати претходно, најголема кривица имаат од МОН и никој друг, ама, кој да ти каже Ивана... *исто прашање е, разликата е во одделенијата, 6. се однесува за ученици од 1-3 7. се однесува за ученици од 4-9
https://faktor.mk/nastavnichki-bara...ali-ni-se-odzema-izborot-prashuvaat-zagrizeno Еве ги и наставничките почнале притисоци прават на родители,да им стварат грижа на совест исто како и оние од градинките,ццц факт е дека они се најгласни за онлајн настава,убаво им дојде од дома да си пуштаат домашни и матерјали,секоја чест на ретки исклучоци. А инаку ние може да сонуваме за стриминг онлајн вклучување ,ништо нема да биде од тоа,еве ќе видите,ни ги мачкаат само очите,тоа не се решава со една недела пред школска година,тоа се инвестира со години во развиените земји. На темава ,да јас ќе го пуштам во школо моето прваче и покрај тоа што ги почитуваме сите мерки и јас ,мм и моето дете,не се собираме по дружби,никаде не сме биле на викенд ни на одмор,на работа исто почитуваме мерки и јас и мм ,ама сметам дека местото му е во училиште и не мислам дека баш само од таму може да се зарази .
https://www.facebook.com/167636929960155/posts/3374896599234156/ Може и за Нова година да почнат. Кои мрзи се овие од МОН, па 6 месеци седат дома и не работат ништо.