Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

Discussion in 'Коронавирус' started by WildMk, Jul 20, 2020.

?

Дали ќе ги пуштите децата на школо од септември?

  1. Да, не сум воошто загрижен/а

    31 vote(s)
    15.1%
  2. Да, иако се плашам

    88 vote(s)
    42.9%
  3. Не, бидејќи сметам дека е голем ризик

    58 vote(s)
    28.3%
  4. Не знам

    28 vote(s)
    13.7%
  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Joined:
    May 2, 2015
    Messages:
    5,209
    Likes Received:
    106,356
    Gender:
    Female
    Има четвртаче, втораче и помало кое од зимата не оди во градинка.
    Уште лани кога средното почна прваче, прекинав со работа за да се посветам на децата.Работата ми беше од 9 - 17. Часовите во прво траат по 3 саати, не ми даваше душа да ми седи детето во продолжен, или ако е втора смена, од 9 во продолжен па до 18 на настава. Кај најмалово од бактерија што ја доби во градинка две години акав по болници.
    Колку и да се внимава на хигиена во градинки/школи (што реално кажано не е на завидно ниво) сепак заразата е жива материја што се пренесува од децата, од директен контакт меѓу нив, се гушкаат, пијат од исти чаши, спијат на различни креветчиња секој ден..., па ни оние до трето одделение не се нешто поарни во однесување. Јасен ми е моментот на социјализација, дружба, снаоѓање во средина со врсници итн со одење во градинка и училиште, но факт е дека со моменталната состојба и со протоколите по кои е предвидено да се одвива физичката настава, децата нема да ги имаат наведените бенифити.
    Досега, моиве деца не носеле маска, не се мешале со никого, буквално никого, ни со поширокото семејство немаме физички контакт. Постојано сме во дворче на воздух, пред да фатат гужвите во градов и до на плажа по малку. Може да се преживее и без плажа и без шетање на кеј и без гужвање на корзо и без мешање со дедо/баба/тетки/стрини па посебно без влегување во маркети (особено со деца) во ова лудило кое го снајде Охридов летово.
    Се пазиме многу, точно, и не зошто сме со "испран мозок" или "глупави кои некој не контролира" туку од причина што јас имам хронична болест на дишните патишта и реално сум исплашена од вирусов па најдобра заштита е секако изолација и колку толку живеам без да се тресам дали некој со кој сум контактирала е можен пренесител.
    Децава се запознаени со ситуацијата, јасно им е зошто се изолираме, живееме со позитивен став кон животните услови во кои сме, не се пуштаат вести, пресови и сл, нема причина зошто да се замараат додатно.
    Од аспект на образование, дефинитивно незаменлива е наставата во училница, но во моментов ништо, ама баш ништо не е поважно од здравјето и непотребно е да се ризикува со одење во училиште, макар и со три деца да биде класот, секој еден контакт е потенцијален ризик, па ние остануваме дома, за вторачето се изјаснив за онлајн.
    Само здравјето не се надоместува, и нема никаква сила што ќе ме натера да размислувам поинаку, колку и да им е чудно и неприфатливо на оние кои ме убедуваат во непостоењето на вирусот.
     
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
    Предлог на новата влада ќе биде од 1 октомври да почне школската година. (waiting)
     
  3. lolitaspurgatory

    lolitaspurgatory Истакнат член

    Joined:
    Jul 23, 2019
    Messages:
    57
    Likes Received:
    70
    Gender:
    Female
    со физичко присуство или онлајн?
     
  4. minne992

    minne992 Форумски идол

    Joined:
    Nov 5, 2013
    Messages:
    4,439
    Likes Received:
    26,871
    Gender:
    Female
    Моите двете ке одат со физичко присуство на школо
    И сум за да одат и за социјализација и подруго е со присуство на учителка.
     
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Joined:
    May 28, 2012
    Messages:
    3,385
    Likes Received:
    21,037
    Gender:
    Female
    Која социјализација?
     
    oblace1, tinka-mace, ostoun and 5 others like this.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,879
    Likes Received:
    41,310
    Gender:
    Female
    Мислам дека си останува со физичко присуство само до 3то.
     
    Glowy and SummerGirl like this.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
    „Владата ќе ги донесе сите одлуки навреме, при што веќе се изградени политиките врз основа на здравствената комисија, процените на образовните профили во државата и имаме приближно чиста ситуација. На првата седница ќе ги донесеме сите конкретни одлуки. Почетокот на школската година ќе биде на 1 октомври, ќе почне со селекција на дел на децата што треба да ги описмениме, а тоа се првите одделенија, а онлајн-наставата ќе биде концепт за сите, со процени на самите општини и слично. Имаме конкретен план, со сите анализи, за да може образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје, како и здравјето на нивните семејства“, рече Заев.

    Одлуката ќе биде донесена на првата седница на Владата.
     
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,332
    Gender:
    Female
    И јас тоа сакав да ја прашам (facepalm)
    Нема да имаат социјализација воопшто. Ќе седат по едно дете во клупа, на дистанца од другите деца и цели три саати ќе носат маски.
    Така да, жал ми е што ќе те разочарам, ама во училиште ќе ги пуштите за да учат, социјализацијата ќе си ја заборавите оваа учебна година.
    Е сеа, тешко ќе ви биде на тие што цело лето се социјализирате со куп луѓе без маски и дистанца, ама тоа е, нема друг избор.
     
    oblace1, tinka-mace, ostoun and 5 others like this.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    7,040
    Likes Received:
    37,388
    Gender:
    Female
    Леле каков низок удар |( Си слушнала ли за учење во група (дури и кога се дистанцирани) бенефитите од истата,... да беше нормално и исто, онлајн учењето ќе се практикуваше секаде како една од опциите, ама не е. Особено не нашево онлајн “учење” Нека не ве лажат дека сите ќе имаат видео предавања, не е вистина. На крајот образованието ќе се сведе на писмени задачи пратени преку вибер и сликани одговори.
    Околу клупите... во некои држави дел од нормалното образование е секое дете да седи на посебна клупа, со соодветна дистанца, па еве немаат трауми децата таму. Ама... ќе имаат трауми и тоа долгорочни од образовниов онлајн “систем”.
    И за крај би те прашала, да работеше во маркет, конфекција и останати сектори каде што седење дома е непознат поим, уште ќе беше за онлајн учење? Ќе дадеше отказ? Оти тие родители друга опција немаат :( Додека пак има административци каде што и двајцата родители истовремено користат мерки, а во меѓувреме акаат. И да, тие чии што деца се најсоцијализирани летово се главни во повикот за онлајн настава. Мотивите јасни се :^) (на повеќето)
     
    Sejfullai, tina2018, fana and 10 others like this.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,332
    Gender:
    Female
    Види, јас имам дете што сега ќе биде трето одделение и повеќе од познато ми е учењето во група (во нормални услови).
    А и можам да ти кажам дека и додека немаше пандемија децата ништо посебно не научија зашто едноставно таков ни е системот во образованието. Во целодневна не ги даваат книгите дома и ние како родители немаме увид што и колку научиле. Тек кога останаа од март дома видов колку уствари ништо не научиле.
    И поради тоа што ништо посебно не ги научија до второ одделение јас како родител одлучив детето да учи онлајн зашто не се мешаме со луѓе и планирам така да продолжам.
    Не сум во администрација така да џабе удариве од твоја страна ;(

    А да ставам на ризик баба која има хронична болест и е со три пумпици за плуќа и полна рака апчиња секој ден, немам намера искрено. Зашто ако оди на училиште ќе мора да ја ангажираме да ја носи и зима секој божји ден.

    Плус, стварно не ми е јасно како очекуваш за неполни три саати децата да научат нешто.
    Ама се гледа дека уште немаш дете што оди на училиште ;)

    И да, имаш избор. Искористи го како што сакаш за ТВОЕТО дете.
     
    cresa-jagoda, tinka-mace and Ahoy like this.
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2019
    Messages:
    1,686
    Likes Received:
    4,217
    Gender:
    Female

    Јас колку што знам прво и второ одд редовна настава и трае три часа!!

    Може во трето да е 40 мин плус.
     
    Glowy, JuLleE and ElenaOfRivendell like this.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,332
    Gender:
    Female
    30 минути час ќе трае, на родителска кажаа. И можеби 5 минути ќе имале мал одмор.
    Мали се, споро пишуваат а некои деца споро читаат. Дефинитивно нема време за да научат нешто посебно.
     
    cresa-jagoda likes this.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2019
    Messages:
    1,686
    Likes Received:
    4,217
    Gender:
    Female
    Искрено, мислам дека 10 мин скратен час и нема да има некое негативно влијание во образовниот процес.

    Верувам дека учителките ќе комбинираат со часовите, некаде ќе се скрати, за да се надополнат "поважните" предмети, итн..

    Не е нешто страшно,
     
    Glowy, ElenaOfRivendell and Sahlene like this.
  14. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2015
    Messages:
    910
    Likes Received:
    1,221
    Gender:
    Female
    Κонечно се усвои одлуκата да се оди на училиште од прво до трето одделение и тоа од трето па нагоре да се учи онлајн. А, тоа што училишната година ќе почне од 1 Оκтомври и не е толκу важно...значи, наставата ќе трае по 3 часа.....:rock:...:rock:...:u:..
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,795
    Likes Received:
    41,891
    Gender:
    Male
    Се разгледува опцијата да се воведе можноста за избор помеѓу онлајн и настава со физичко присуство и за децата од 4. до 9. одделение.
     
    Glowy likes this.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,501
    Likes Received:
    260,686
    Иви, ќе кратат кај природни науки, кои не знам зошто се ставени во програмата до 4 одд, на ликовно, музичко, а ќе обратат внимание на македонски и математика оти реално тогаш децата се описменуват. Инаку прво полугодие е повторување на второто од претходната година. Така да од прво до третото одделение тоа е најбитно, описменување. Затоа и треба да се во клупа.
    Ама секој со својот избор.
    Кај нас во едно училиште сите родители се изјасниле за физичко присуство. Сите. И има услови училиштето и најверојатно ќе одат сите на училиште, од прво па до девето.
     
    fana, azelea and Glowy like this.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,795
    Likes Received:
    41,891
    Gender:
    Male
    Во групата за онлајн настава на фб, читам дека денеска имало претставници од админ тимот на седницата и била потврдена одлуката дека децата од 1-3одд. ќе можат да одлучат како ќе следат настава, а се планира таа опција да се воведе и за учениците од 4. до 9. одд.

    Меѓутоа, нивното барање за онлајн настава на средношколците било отфрлено со објаснение дека средношколците ги застапува Сојузот на срредношколци. Тој сојуз има нешто над 500 членови, а средношколци се околу 70000, прашав некои и воопшто не се прашани за мислење, сè е од "раководството". Прашањето ми е, Како можат 500 малолетни лица да носат одлука за 70000 исто така малолетни лица и притоа да имаат предност пред возрасните лица во одлуките?
     
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,332
    Gender:
    Female
    Јуле, да има услови верувај ми дека прва би го пуштила детето да оди, ама нема.
    Еве пак ќе речам. Моето дете одеше во целодневна од 07.30 до 16.30. Немавме поим што учат зашто учебниците не ги даваа за дома. Дете кога ќе прашаш нецелосно или воопшто нема да ти каже што точно учеле цел ден. За на крај да видам дека детето воопшто не знае математика, освен собирањето. А во второ учеа дропки, множење и делење.
    Знаеш ли колку време ни требаше на мене и татко и за да и помогнеме на полесен начин да ја сфати математиката? Детето дома ми ги научи основните работи.
    И сега читам протокол дека родителите секој ден на децата ќе треба да им мерат температура па да ги пуштат во училница. Дали ти мислиш дека сите родители ќе бидат така совесни па нема да дадат парацетамол пред прв час?
    Плус, на родителска прво кажуваат дека нема да смеат да се рашетуваат, ама неколку минути подоцна кажуваат дека ќе ги пуштаат децата во училница да се раздвижат и ако е убаво времето ќе ги изнесуваат надвор.

    И најбитното, место да почнат од први септември, не се спремни и одложија за до први октомври.
    И тоа прави уште повеќе да немам доверба во никој и да се плашам да си го пуштам детето во училница.

    Инаку, посебно за првачињата и јас сум со став дека не можат и не треба да учат онлајн. Затоа што баш тие се описменуваат и мора да има наставник со нив. Ама, има едно ама. Не во вакви услови и не со ваква хаотична неорганизираност.

    Инаку трето одделение е повторување на второ, можеби и затоа не ми е проблем онлајн да следи.

    Они за 7 саати не ги научија на основното, не па 10 минути скратен час.
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,501
    Likes Received:
    260,686
    @ivi1987 тоа многу зависи и од наставниците. Јас имам голема доверба во нашата, она по протокол свидетелство им даде, он лајн комуникацијата беше со ред, знам дека и сега ќе биде максимално посветена и ќе почитува се'. Исто и училиштето, знам дека ќе биде се по протокол. Ама тоа не можам да го кажам и за другите училишта. Ги знам одблизу раководствата, работев со нив и знам што да очекувам па затоа и ќе го пуштам. Плус и мојата ситуација ми даде поинаква слика и видувања за вирусот.
    Еве среќа и татко му ќе работи од дома, па нема да мора баба ми да го гледа.
    А и син ми се меша со други деца.
    Ама ете почитувам и други одлуки. И затоа мислам дека и за сите деца треба така да биде, да си изберат како ќе следат настава.
     
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    4,114
    Likes Received:
    77,332
    Gender:
    Female
    Ти знаеш каква е реалната состојба во вашето и затоа имаш доверба. Кај нас не можат да се организираат сеуште за свидетелство да им дадат и учебници од второ да вратиме, до толку се хаотични и неорганизирани. Чувам цел куп тетратки и учебници, а не треба дома да ми стојат.
    Ако ти кажам дека немаа сапун и тоалетна хартија и дека еден период чешмата им се скрши па немаше кој да им ја поправи, и дека после одење во тоалет само со вода раце си миеле, што ќе речеш на ова? Сами ние родителите носевме основни средства за хигиена, собиравме пари за греење, за телевизор и за што уште не што беше меѓу најпотребните работи а училиштето не им ги обезбеди.
    И преку се ќе поминам, ама бабата најмногу ме кочи. Има стварно лоша здравствена состојба и ако го однесе ќерка ми кај неа може лошо да биде.

    Затоа и јас сум за избор, посебно за тие како нас кои мора да носат дете кај баба и дедо или ако родителите се со хронични болести.
     
    Glowy, cresa-jagoda and JuLleE like this.