Како што кажа членката погоре, не се сите учителки исти, како што и не се сите деца. Јас задоволна бев од успехот на ќерка ми лани(прво одд) и од учителката. Во најголем дел на училиште го совладуваше материјалот, дома само повторувавме и домашни пишувавме. Кога не пуштија дома, се течеше супер со онлајн наставата. Презентации, тестови, квизови, вежби се праќаа, имаше feedback од сите деца. Преку Зум 3 пати имаше повторување групно од по 5 деца вклучени онлајн. *Сведителства и кај нас сеуште немаат дадено. На 1 Септем ќе ги даваат. **Книгите од 4 нагоре се враќаат и земаат нови цела недела, по посебен протокол. Се знае кој клас кој ден, во колку часот треба да дојде на училиште. ***Од 1-3 сеуште нема нови книги. Заспаниве од МОН каснат најмалку месец дена со целокупна организација, ред, протоколи и се. Оставаат родителите и наставниците очи да си извадат меѓу себе, да се надмудруваат,расправаат,докажуваат кој е прав, а кој крив, а се знае, оние од горе дембели, неписмени, пасивни створења се одговорни за недефинираната состојба
Има нова одлука? И четврто одделение на физичка настава,а за родителите кои избрале онлајн ќе се бара причина(хронична болест на детето ?) И средните кои имаат помалку од 20 деца ќе одат физички ?
Со физичко присуство може да бидат и други одделенија, доколку имаат услови, односно се деца до 20 во една паралелка и училиштата можат да ги спроведат протоколите. Кај нас едно училиште во рурална средина има услови, а и сите родители се изјасниле за физички. Ќе видеме дали ќе им одобрат. Имале и инспекција, директорот набавил се, од маски за децата, средства и слично. Имало иницијатива на ниво на Општина да биде вака. Затоа реков дека се зависи и од училиштето и раководството, а и од родителите. Во нашето училиште уште ни изјави ни анкети нема како ќе ги пуштаме. Знам, се внимава да биде се по протокол, па се средуваат сите работи.
Ако мнозинството вработени во одредено училиште се изјаснат за настава со физичко присуство, тој предлог го испраќаат до општината по што општината го праќа предлогот до Влада (МОН/ МЗ) и тие таму одлучуваат, колку што разбрав.
Тука нешто има https://www.faktor.mk/i-chetvrto-oddelenie-vo-shkolo-vladata-po-sredbata-so-roditelite
Еве овде ги пишува протоколите https://makfax.com.mk/makedonija/објавен-протоколот-училиштата-ќе-раб/
Точно, меѓутоа ако родител го праша наставникот како му оди учењето на детето, не е во ред да рече супер е, нема никаков проблем а уствари има. Ако нема соработка е на штета на детето, нема да ја има основата и понатаму ќе му биде тешко да го совлада материјалот. И за ова си во право. За настанатава ситуација не се криви ни родителите, ни наставниците.
Јас па не сфаќам што е проблем децава да се помалку часови во школо. Ние кога бевме деца од 1-4 имавме по 4 часа секој ден. Е часа, голем одмор, па пак 2 часа и дома. Во 11 дома бевме. Проблемот се покажува дека е системски. Касни почеток на година, протоколи, хигиена никаква, без план како ќе се спроведува наставата. Хаос!
Јас исκрено ми здоκриве κога недоразбрав за тоа што учениците ќе појдат на училиште од 1 оκтомври. Помислив сите ќе бидат со физичκо присутство и се разочарав. Пандемија е и додеκа да се стиши ситуацијата треба да си останат дома.
Што е со предметните оделенија кога има многу часови ви исто време? Кој интернет ќе го издржи тоа сите да се вклучат? Или на сите деца/наставници ќе им воведат различно време за следење/предавање? Тоа е некако наметливо и не баш лесно изводливо и прифатливо.
Какво пуштање на школо, кога пола од децата дома живеат со баби и дедовци што се ризична група. Па и наставниците се под голем ризик. Како ќе го научиш да чита ако не му се доближиш? Или нив никој ништо не ги прашува? Социјализација па социјализација! Која социјализација кога децата мора са се на растојание? Да не мислевте дека рингерингејаја ќе играат?
Тогаш да си седат дома неписмени Или бабите и дедовците ќе ги едуцираат? Шубо И така бевме на дното со образованието, ама со “онлајн” наставава ќе се надминеме себе си. А таман мислев нема полошо Ај да речеме ќе ги заштитиме постарите ако децата не одат на училиште, а со родителите што правиме? И тие да не работат?
А онлајн како ќе го научиш да чита? Едит - јас стварно не знам како очекувате дете кое тек се описменува да мастерише со компјутер. А има родители со бебе дома, родители што се самите наставници. Не можат до него да се цело време.
Па ако родител не се пази на работа и тера секаде без маска, нема да гледа ни проблем во тоа детето да го пушти на школо. Родител што се пази и е свесен за ситуацијата, ќе пробува што повеќе да се заштити и да не го донесе вирусот дома, и затоа нема да го пушти детето меѓу други деца кои што самите не се пазат а ни нивните родители. Дете е дете пак, колку и да му збориш не можеш да знаеш дали ќе те послуша во моментот кога ќе отиде на школо. А возрасен човек ваљда ако сака и знае да се заштити, ќе го прави тоа без разлика каде е.
ДА. Две мајки ми кажуваат дека се против одење на училиште, а истите тие сосе децата овие два дена се во Парк Гиновци
2 мајки од приближно 24 мајки од едно одделение. А ако другите 22 се пазат? А во другите одделенија во генерација? Постарите генерации?
Тие две мајки не се СИТЕ. 6 месеци поминаа и не сфативте дека има(за некое чудо) родители што си внимаваат и си почитуваат мерки? Нормално дека нив не можеме да ги видиме затоа што не се рекламираат како другиве, ама сепак постојат.
Пак генерализирате. Да, има и вакви и такви родители, буквално секакви! И јас внимавам на све во разумни граници, и почитувам мерки, ама сакам детето да ми оди во школо! У суштина сакам сите основни училишта да работат. Но тоа е мој став. Без страв и колебање. Нека ствараат работни навики макар и немало социјализација. Детето ќе биде позадоволно што е меѓу врсници отколку затворено дома пред компјутер.