Секој факултет посебно ќе си одлучува. УСС имаа напишано дека како автономни единици ќе си одлучуваат, ама ќе се настојува да има единствена дигитална платформа за сите факултети, во случај да се одлучат за онлајн. Јас мислам повеќето ќе се одлучат за онлајн, но сепак останува да видиме.
Секој факултет автономно ќе одлучува. Нас не известија дека предавањата ќе ни се онлајн, а вежбите комбинирани.
Став на УСС-УКИМ за реализација на наставата во зимски семестар 2020/2021 Секој факултет автономно, согласно структурата и наставните методи кои се практикуваат, треба да одлучи за начинот на кој ќе ги реализира предавањата и наставните активности во зимскиот семестар. Ваквата одлука треба да биде донесена во инклузивен процес и консултација со Факултетските студентски собранија, како тела кои ги застапуваат интересите на студентите во рамки на факултетот. Информациите за начинот на реализацијата на наставата, вежбите и консултациите со професори, студентите ќе ги добијат од Факултетско студентско собрание. Во комуникација со новата министерка за образование и наука, го пренесовме ставот на УСС дека студентските домови треба да се отворат и да бидат достапни единствено за студентите од факултетите кои ќе донесат одлука одржување настава и вежби со целосно или делумно физичко присуство. Дополнително, УСС-УКИМ од Универзитетот побара да креира решение за унифицирана платформа за далечинско учење достапна за сите факултети и сите студенти, на која ќе бидат редовно споделувани материјали за учење, видео-снимки од предавањата, можност за online консултации со наставните кадри, како и други активности поврзани со наставата.
Од Белград известува, Ковид- 19: KORONA U BEOGRADSKOJ ŠKOLI VEĆ 1. SEPTEMBRA Poslali dete iako su čekali rezultat testa, Ministarstvo podnelo prijavu protiv nesavesnih roditelja
Најнови информации се дека и децата од 4-9 одд ќе можат да ја следат наставата и физички и онлајн, во зависност од својата здраствена состојба(хронични заболувања..)
Во едно од основните училишта кај нас им дадоа на родителите од сите одделенија (1-9) дали се согласуваат децата да одат со физ. присуство. Не верувам дека ќе бидат потребни медицински потврди...
Можеби нема да бараат потврди, не знам точно да кажам за тоа. Но,ете имаат шанса да бираат и одлучат како сакаат да ја следат наставата.
Поќе као pros and cons. https://socialetiquettemk.blogspot.com/2020/09/nastava-za-vreme-na-korona.html?m=1
medicinska potvrda baraat ako sakaat online da im sledat decata nastavata (bolest, hronicna bolest i sl) drugite so fizicko priustvo jas taka razbrav
Да најсериозна сум, има и такви. Која мајка нејќе детето да си е дома со неа, вистинска мајка со душа чека од школо да се врати. И не еднаш имам чуено мајки како викаат Аман ајде нека помине распустот да тргнат децава на школо, не се трпат веќе. Не се бара од родителите да ги образуваат децата сами. И пред онлајн настава морало да учат дома со нив. Ама ете има такви што не го прават тоа без разлика дали е онлајн или не. А кој стрес е па тоа за 8 годишни деца да ти мерат температура на влез и имаш покачена? И таа маска шо треба да се носи? И дистанцата? Ама гајле ви е пушти го на школо шо коа има пандемија ако се зарази нека се зарази.
На нас вчера ни пуштија на меил пријава. Треба да ја пополниме дали ќе го пуштаме големиот во школо или не. Ќе биде четврто одделение.
Мислам дека прво секое училиште мора да реши дали има услови за останатите (4-9то) да посетуваат настава со физичко, па дури после да се даде избор на родителите. Ако добро слушнав, мора до идната недела да одлучи училиштето.
До 20 деца е предвидено да има една група, на 1.5 метар растојание да бидат децата.... Знаејќи ја просечната големина на една училница, не знам баш дали некое училиште ги задоволува овие стандарди...
Реално, ниту едно училиште не ги задоволува пред се просторните услови... За другото, се е знак прашалник
Просторни услови можат да бидат исполнети зависно колку деца ќе се пријават за физичко присуство. Ако од секое одделение има по 2-3 ученика, можат да се спојат 3-4 класови во еден и така да се задоволат условите. Арно ама пошто кај нас све е наопачки, ем неосмислено ем ќе држиме тродупла настава.