Не знам дали ќе има услови во нашето школо. Од одделението на син ми само 5 деца ќе учат онлајн. Се зависи од другите одделенија. Ама повеќето се изјаснија за одење во школо.
Родителите и оние кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23 септември треба да се вратат на своите работни места, одлучи Владата на седница. Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9 септември, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ. Родителите чии деца од шест до 10 годишна возраст се вклучени во воспитно – образовниот процес во училиште, почнувајќи од 23 септември 2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, без разлика на начинот (со физичко присуство или од далечина) на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето, велат од Владата. Од истиот датум треба да се вратат на своите работни места и мајките се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство. „Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство“, велат од Владата. Tweet ©Makfax.com.mk
Мене искрено ништо не ми менува измената на закон што беше за ослободување на родител. Таму кај што живеам секако нема дневен престој за децата, и со корона, и без, после часови проблем со чување на детето. А и за одење у школо општо, истите деца што ќе учат онлине дома, се цело време надвор, по паркови, одмори, родендени (чест на исклучоци, мн мн ретки). Лошо за секој но не знаеме ова до кога ќе трае, трпи работата и дома седејќи не може секој да зема плата, треба да се разбере секоја страна. Мене секако не ми следуваше потврда, не даваа на мед. лица.
Јас искрено не знам ниту едно дете што седи дома заради коронава. Прошетајте по парковите и се ќе ви стане јасно. Ова што не одат во училиште е чиста глупост.
Не бе Вајлд, они се си знаат Ако ги носиме децата во природа, не значи дека сме во ист кош со сите што не почитуваат мерки.
Го гледав до пола, жал ми стана искрено. Не може насмевката да им се види и детското весело трчкање. Многу смени коронава...