Еднаш мора, ама не мора на сред пандемија. Ионака ќе има вакцини до наредната година. Не дај Боже, ако почине и 'само' едно дете, знаете што ќе пишувате на истиве теми и како ќе се осеќате?
Ах бе луѓе, за некои работи може он лајн настава, ама реално како студент или еве ученик на медицина ќе учи без практична настава? Каков е тој иден доктор, лаборант, медицинска сестра, стоматолошка сестра, забен техничар или слично без пракса? Невозможно. Електро, машинска струка, па и хемија, билогија, физика исто така. Он лајн може само за одредени сегменти, но пак не може да замени работна атмосфера на час каде во фокусот е наставата, а не во позадина турската серија на мама, фудбалот на тато, братчето бебе што плаче, комшијата што буши. Дома е дома, школо е школо. Секаде и секогаш. А за напредните земји, баш тие сега држат настава во моментот, иако е лето. Некаде завршиле со истата, ама не оставиле незавршена училишна година.
Рековме: Практична настава ќе се одвива. Не исто на школо и дома, ама има пандемија. Другите држави, нека си мислат за нив, соодветно на условите и можностите кои ги имаат. Како ќе изгледа државата, ако има по 300-400 заболени дневно? Знаете, или не? Кој ќе не лечи? Која фирма ќе работи? Кои ученици ќе учат?
Ај вака: Дали сте спремни на ризикот да имаме над 300 заболени на ден, дали сте спремни на ризикот да имаме сите барем еден починат во фамилија, дали сте спремни на ризикот и едно дете да почине? Одговорете си на овие прашања. Рестото... од секој од нас зависи.
Никој за умирање не е спремен Вајлд. Зарем има некој што ќе одговори потврдно на ова ?? Можеби не на 1ви септември, ама од средина на Ноември ќе отворат (према муабети од образование)...и тогаш ке има 150 ново заразени и неколку починати. ....ама и до година во март може да е истата бројка, незнаеме...и тогаш ли ќе појавуваме непослушност ? Ами ако има пандемија животот неможе да запре.
Тука се се отвори, многу пред школи и градинки, а секаде беше по друг редослед. И не, заболените нема толку да доаѓаат од школите, секако доколку школите принципиелно и доследно се однесуваат согласно мерките и се непопустливи во однос на истите, колку што доаѓаат од свадби, крштевки со масовен број посетители, кафичи, кафани, збирања по дома и од работни организации каде не се почитуваат мерки. Ја пре би отворила школи пред кафичи кои патем се масовно посетени од средношколци и студенти. Па тука по темиве нон стоп се збореше како се штитиме кога сите носат маски, колку е намален ризикот и слично. По оваа логика никој и ништо не треба да работи. Едноставно, ќе се оди во школо само за часовите и тоа е тоа. Ако се збираат дечките после школо на дружба не е ништо поразлично од сегашните целодневни збирања на кои сме сведоци денес. Ете и со тие, бројката ни е таа што ни е. И да, може ми е непопуларно мислењево, ама подобро летен и рано есенски период да се одржува наставата, кога се отвора, проветрува, па и надвор на отворено, а на есен помалку, особено ако се очекува ноив бран помешан со грип и други вируси. Интересно, сите се огледуваме на светот за други работи, ама кога е да се сработи нешто или да се научи нели, не ни се репер, нека си гледаат за себе.
Тој час од 30 мин (скратен час) се одвиваше во овој редослед: - професорот излегува од една училница, оди во канцеларија, менува дневник, збори со колешка/колега и додека да дојде до наредната училница/својот кабинет поминат 7-10 минути - доаѓа во училница/кабинет запишува час, па отсутни, па табла да се избрише 5 минути На крај ни остануваа 15 минути за час кој се одржуваше ради реда затоа што е скратен и немаме време ни за ново. И да тие 15 минути учениците се сами. Професорот не може да им е полицаец и да каже стави маска стави маска.
Во основа и онлајн и офлајн, проблемот е во тоа што наставниот кадар и МОН, па и сите државни институции, не си ја бркаат работата. А убаво им е секој месец да им иде плата на сметка! За разлика од еден куп шо живеат: купи ден-продај. И после, народот морало да се согласува со секоја одлука на власта. Како не! Ако сакаат плати, нека си ги одработат!
Ризик е и во иднина да имаме неспособен кадар заради неодржана пракса па и тие малку случаи да нема кој да ги лечи.
Абе рековме сто пати за праксата. Аман, во една тема по пет пати, исто-па исто се повторува. Прочитајте се' со ред ко за промена.
И ако имаш две деца, едното има пракса на факултет, другото е основно и седи дома и ова поголемово му донесе корона, што сме напраиле? Џабе помалото ќе седи дома сакам да кажам.
Ти поќе од мене знаеш дека се што го намалува ризикот е добро. Се што го зголемува е лошо. Така? Ќе одиш на пракса, ќе одиш на работа, оти (ако мораш), ама ќе применуваш мерки и не мораш да го правиш она за кое има алтернатива. Исто како што за дискотека, Алтернатива е шетање и седење во природа. Пример.
И не може да бидете сигурни дека 100% сите деца ќе ги носат маските додека професорот не е тука затоа што и Министерството за здравство вели носи маска па не носат сите, не прави журки, свадби па пак прават. И јас до вчера бев во училишните клупи и знам како е кога се прават “забранети” работи (седење на телефон, да избегам а да не ме запишат, да препишам), затоа исто ќе биде и со маската затоа што маската гуши навистина. Како што професори пуштаат некои ученици и не одржуваат часови или дозволуваат да седи на телефон на нивниот час или дозволуваат да препишуваат исто така ќе постојат професори што не веруваат во вируси и ќе дозволат да се седи без маска. Па погледнете нели казна има за неносење маски па џабе не може некој да појде со сила да им ја става на лице на луѓето надвор. Многу е лесно протоколи смислиле де за кафиќите па се почитуваа ли? По двајца на маса? Уште прв ден беа по пет/шест души. Очекувате маски да носат истите тие што вчера беа на журка затоа што короната на младите ништо не им може?
Посебно малечките. Ништо нема да пазат, освен некој ако не им виси над глава постојано. А како што рековме, нема шанси, еден наставник да им виси над глава, паралелно на 20 деца. Па и 10 да се. Да не ќе трча по секое кога ќе одат на одморот да јадат, или до вц. Нека се клонира, ако не
А зошто не? Ако ова трае уште две години, уште две години да има онлајн настава? А сите многу добро знаеме какво катастрофа образование имаме, а па со ова онлајн ужас. И за помалите, не ни имаа онлајн настава, проф само праќаше еднаш неделно матријал, домашна да се напиши и родителите дома предаваа, делот кој е од наставникот. Тие шо имаат пракса, како тоа? Цело време собири во парк има од деца и мајки на куп, одат по родендени цело време, тогаш зошто да не одат на училиште кога пак се дружат цело време? Деца од 14,15год цело време се дружат во групи излегуваат и јас не сфаќам шо е проблем да одат на училиште. Во секое семејство родителите одат на работа или поголем брат, сестра, излегуваат се дружат со група луѓе. Секаде можи да се организира, само кај нас не можи работава.
Најпаметно решение иако е невозможно да може да се бира и да не може да се смени или го пушташ детето на своја одговорност во школо или ќе прифатиш онлајн настава. Кој како ќе си избере така да си ја тера цела година. Ама не онлајн напиши тоа и прати ми туку онлајн предавање, со презентации, видеа затоа што реално тоа што професорите на час го објаснуваат со пуштање видеа, анимации, презентации можат да го направат и преку компјутер. Тестови и испрашувања на камера како што полагаа студентите. Според тоа што објавуваа Јахја Кемал гледам дека многу подобро спроведоа настава од нашите. Да се направат класови со онлајн и класови со физичко присуство родителот да бира и тоа е тоа. Секој ќе си биде одговорен за своите последици.
Не е исто. Кажи ми како докажа? Ако ни кажуваш само од ваш личен аспект, од ќерка ти, еве да ти кажам од повеќе аспекти, од десетте одделенија во кои предавам... Кај мене ученици имаа проблем со power point презентација да отворат на телефон, а некои имаа проблем и со анимации и видеа од јутјуб. Немаат сите најнови смарт телефони. Еве и мојот телефон правеше проблем за отварање power point. Друга работа, на телефон е ситно. Кога се следи на мал екран концентрацијата на едно дете не е доволно насочена. Јас приметив дека подобро беше совладана материјата кај тие што следеа од компјутер. Ама зошто толку црни сценарија имаш? Навистина Вајлд не те разбирам. Од вкупниот број на позитивни (значи зборам ПОЗИТИВНИ, НЕ БОЛНИ), 80% вирусот го прележуваат дома, а 40% се асимптоматски. За смртните случаеви сѐ повеќе искача на виделина дека луѓе умрени од други работи препишана е смртта на короната. Процентот е мал. А луѓе умираат и ќе умираат. Ептен има друга позадина сето ова со пандемијава да не ми се дискутира за неа веќе. Јас не мислам воопшто на тоа дека некој ќе ми умре, а најмалку на тоа дека дете ќе умре. Ако има добар протокол јас верувам дека мнооогу малку ќе има (а можеби и ќе нема, тоа никад не се знае) заразени меѓу децата. За смрт јас не размислувам. Како знаеш? И како тоа можат да предвидат што ќе се случува од септември? Како ни предвидуваат сценарија кога до сега ништо не излезе по "планот". Размислувајте рационално, не само слушајте што ни сервираат портали. Па и да не се пази 100%... Гарантира некој дека заразувањето е задолжително!? Не. Еден куп фамилии има со само еден член заразен, другите не префатиле. Наставата нема да биде кабинетска, дневникот ќе си пстанува во училница. Таблата се брише додека се запишува час и отсутни. Се губи сѐ на сѐ 5мин, а и ова може да се регулира, да се запишуваат часови отпосле. Кај нас часовите се регулирани без одмори помеѓу, освен голем одмор. Сакам да кажам има начини да се регулира сѐ без професорите да губат време (намерно или ненамерно), кога реално една наставната единица ефективно се поминува за 20 минути. Ако има доволно простор меѓу клупите и учениците, нема потреба да се изиграва полицаец цел час.
И кај нас часовите беа без одмор измеѓу па повторно професорите каснеа намерно или не не знам тоа. Затоа јас не очекувам дека нешто подобро би било и би се ставиле во ред професорите зборувам за до сега но никогаш не се знае. Јас немам ништо против ако некој сака да го пушти во школо детето.