Еве Тамара почина, како резултат на сплет на околности, меѓу другото и нереактивно министерство кое одлуката за лекување надвор и ја додели посмртно. Смрта беше можно да се превенира... Еве што пишуваше ти и како се осеќаше, и што промени во врска со тоа? Не повикувај на совест кога и сама знаеш дека не одат така работите. А ако не знаеш ,за жал животот ке те корегира.
Ама сколиоза не е заразна де. Тие пациенти кој ги шиша. Само ако можеш друг да заразиш им е гајле за тебе.
Да де " само едно дете" . Колку само деца се починати како резултат на општа и конкретна негрижа, и еве, ќе си потипкаме на интерМец и заборави после.. Хорови од " плачачи" за потенцијална смрт на дете, не се баш потребни, иако во глупото општество се масовни. Од рест ин писови до " не те забораваме". Мајка и нема да ја заборави дури дише, а некој да ми тврди дека му е гајле за моето дете повеќе од мене е не само безвезно, него малициозно .
Не читам мислењата од погоре, ќе ги читам од после за да дам мислење без странично влијание па ако нешто е веќе кажано - прогледајте низ прсти. Јас сум поборник за квалитетна настава ама деца не можиш да контролираш. Барем не основци, па не и средношколци иако има поголема можност за конторла. Нека ви текни, кога има грип сезонски, кај се шири најмногу? Во училиштата. Декември прва половина од месецот едната полојна од класот прележа кај брат ми грип, втората половина од месецот остатокот од класот. Деца се, сакаат да се блиски, сакаат да играат, да се туркаат, да се гушкаат и нешто шо сериозно не сакаат - е носење маски. Така да да има мерка деца да седат на растојание, со маски е океј замисла ама не е воопшто изводлива. Воглавно ради природата на просечното дете. За жал, за најмалите мора наставата да е онлајн и јас знам дека не е доволно добра и дека не секој има можност за компјутер и интернет ама за сега е едина опција, и особено тогаш кога ќе има и сезонски грип и корона. Да бидат децата во училиште тогаш е поразително, зошто короната ќе се шири како никогаш претходно. Е сега, кај средношколци можи да се изведи нешто зошто се постари. Ама имајте на ум, просечниот тинејџер е бунтовен. Не секој, ама просечниот е. Шансите за дистанца се поголеми, ама за носење маски се мали. Ама во помали групи и со поголема контрола од професорите мислам дека е изводливо. Во поглед маските шо викате за една употреба. Никако за една. Прво од финансиски аспект не е добро, второ за природата толку отпад. Има убави маски кои можи да се менваат со нови на неколку недели- месец. Во локална продавница 40 денари е маска за поќе употреби, се пери, се пегла и низ неа имам дувано ли дувано - мувата не бегаше. И после ми текна дека маска носам. 40 денари е и таа за една употреба. Никогаш нема да се нафати државата да финансира 40 денари маска, секој ден, за сите деца. Али овие за поќе употреби, па месечно нова да им дава или при оштета да обезбедва нова - сметам дека е изводливо. Не знам. Ама пак кај студентите се веќе возрасни и препораките за дистанца и маски можат да бидат запратени на предавања. Не се деца да не можат да се контролираат или тинејџери за инает да ги прат работите туку се работи за ( скоро) зрели личности кои се возрасни и можат да расудат зошто е важно носењето маска и држењето дистанца. Накратко, основците не мислам дека треба воопшто да почнат на есен со настава во живот туку онлајн. Средношколците сметам дека се способни да имаат комбинирана настава и со контрола од професор дека можи да е помалку ризичко, ама сепак ризично. Студентите се веќе возрасни и за нив важат правилата шо сите ги пратиме кога влегваме во било која институција и сметам дека можат да го пратат тоа. Можеби пократки предавања не се на одмет, за да не седат долго маскирани. Комбинирана настава е доста добра. Под комбинирана настава мислам дел да се учи оналјн, па после во живо наученото онлајн да се повтори и да се прај како практична настава. Нешто така. Дур пишев на ова ми текна, не ми е размислено. :')
Не знам каде живеете и од кои градови пишувате,ама додека го пишувам ова во парков има околупетнаесетина деца на возраст од оклолу десетина година,може и помали,играат фудбал,се возат и нема потреба да кажувам дека никое не носи маска.Така е цело лето.... Е од септември ќе треба истите демек дома да седат и да учат онлајн.Логика?!?
Додека не најдат вакцина. Уште на сам почеток го кажаа ова: година, до година и пол ќе треба додека не ја најдат. Понаредната есен, веќе би требало да биде и произведена и дистрибуирана. А по се изгледа, дека и порано ќе биде.
Значи правиме муабет за верување. Нешто како религиско верување. Ти веруваш дека ќе најдат вакцина и ќе биде под контрола за Х време, јас верувам дека ќе биде за У. Исто веруваш дека сите ќе се вакцинираат, ќе нема нус ефекти или тие нус ефекти ќе бидат помали од опасноста од вирусот? А вирус, а вакцина, мене ми е исто страшно.
Од искуство го имаат кажано тоа научниците, не од нагаѓање. Сигурно процениле дека толку време им е доволно. Антиваксер си?
Ќе ти одговорам за мене. Нне сум анти ваксер, вакцинирам редовно по календар. На мое дете на ставам вакцина извадена од вчера. Муабетот е ист како за ХПВ кај девојчињата. На темава за школо не сум меродавна да зборам. Во градинка нема да ја пуштам, но таму секако нема настава.
Заради тие 777, треба 7000 да се заразат? Зимата, грипот ги кутна за една недела. Еден период 5-6 деца само беа на настава. Проценете сами.
Поштетно е, бидејќи покрај тие неодговорните, на школо ќе страдаат и одговорните. Еве некни што ми се случи, носиме маски, и детето на едни пријатели ја извади маската, а правиме муабет за потребата од носње маски. Малиов ми се заврти и ми се искашла во мене, и си се изнасмеа Неговите, воопшто не изреагираа.
Тогаш нема да имаат толку време за шетање и собири колку сега. Од неодговорните секаде има штета. Нели читаш,кријат контакти, симптоми. Плус, многу родители работаат, нема гаранција дека од таму децата се заштитени. Поштетно е деца неписмени да останат. Со соодветен протокол мислам дека е изводливо.
Не сум антиваксер. Не сум ни вакцино ентузијаст. Читаш несакани ефекти пред да пиеш апче? Ти текнува на инциденцата - несакани ефекти, 1 од 10, еден од 100, еден од 1000, еден од милион? Си пробала да пријавиш несакан ефект од вакцина која е тестирана и во употреба од пред-ковид време? Значи тестирана, модифицирана, во стандарден период од 10-15 години. Не сум експерт, некој го има тоа спомнато, еве во прилог сликовито Спојлер: Линк https://www.google.com/url?sa=t&sou...WMAd6BAgAEAE&usg=AOvVaw2LLK2EpxzoNnXxfSIZMUlN Да, научниците или гласноговорниците - нагаѓаат. Нејќам да те плашам, ама долг е патот. И не може да се убедуваме кој во што верува, оти само на верување се базира работава во моментов. Факти- fuzzy
Аха, нема да имаат време. Пак ќе се траскаат наоколу, ко сега. Како ќе останат 'неписмени', ако наставниците одржуваат настава?
Секако дека сум свесна за ризиците. Знам дека и апче може да има нус-појави. Ама пак да се заразиш, е поголем ризик отколку да се вакцинираш. За инфлуенца, секоја година нови вакцини има. И за ковидот ќе биде исто, пошто нема да исчезне.
Така, прво како што не секое дете има исти услови. И прееска истото ти го кажав. Второ, нема шанси да внимаваат од дома исто како во училница. Ај натерај прваче да седне пред компјутер и да внимава. Како ќе научи да пишува? Трето, има наставници ( @Kitten, @NarCis@ се надевам дека нема да ми замерите што ве земам за пример) што дома имаат мали деца, и баш ради меркиве да нема школи и градинки ги чуваат дома. А работа од дома+ деца е ептен лоша комбинација, па колку сакаш ти организирај се.